Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?

  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Хендо е одличен играч. Под Брендан Роџерс стана еден од најдобрите пасери во лигата (е сега луѓе ко Скаузерот наш, ќе ме сфатат погрешно околу ова :) ), стана пресинг машина, стана капитен на клубот, што е најдобар показател колку напреднал низ годиниве. Но Хендо има уште еден сегмент во играта кој треба да го подобри, а тоа е подобро снаоѓање во противничкиот шеснесетник. Доколку тој сегмент го подобри, ќе стане една бокс ту бокс машина. На крајот на краиштата, бројот на постигнати голови покажува во кој сегмент треба да стане подобар. Веднаш да ви реплицирам, Роџерс лани на многу натпревари го форсираше Хендо како бокс ту бокс играч, и имаше многу прилики за постигнување на голови. Во оваа категорија би го ставил Ремзи (да не ги мешам Јаја, Џерард и Лампард како најдобрите бокс ту бокс играчи кои некогаш играле во ПЛ), кој правеше ршум преклани како бокс ту бокс, е арно ама, Венгер се реши сезонава да го игра заден везен, а во вториот дел од сезоната десно крило. :)
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Ако и оваа сезона Вилшер ја помине повреден и не сврзе 5 утакмици, тешко дека ќе успее да просперира и да го достигне потенцијалот што го има. Веројатно би бил пропали таленат.
А не знам ни на кое место би играл сезонава во прва постава на Арсенал, на сите позиции има подобри играчи од него. Единствено да се користи за ротирање со Ремзи или да го пробаат како ДМ. Појма немам зошто Венгер го нема пробано до сега на таа позиција. За Англија многу јако изигра.

Хендо, годинава ќе биде клучна за него. Ако успее да го издржи притисокот, плус Ливерпул да фатат место у Топ 4, а он да биде еден од заслужните, ќе биде класа играчиште.
Иначе, сега за сега. Хендо > Вилшер во клубски фудбал, Вилшер > Хендо у репрезентација.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.586
Поени од реакции
13.953
Малце им беше то КТБХАХГФЕФЕ па уште додале ЦТИД :icon_lol:
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.720
Не знам дали знаете ама Мурињо му се јавил на Ферги дека ќе се враќа во ПЛ во Челзи и наредниот ден беше објавено дека овој се пензионира. True story, баш вчера прочитав :)
 
R

red.devil

Гостин
Страф...[DOUBLEPOST=1438129671][/DOUBLEPOST]Ај дај линк кај да ве глеам, не ми се спие. :D
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.162
На Венгер косата му обели кога дозна дека МОУ се враќа. :(
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Пред ден-два, ја читав изјавата на Моу, со калкулаторот и Венгер, и дека Арсенал поприлично трошел последниве 2-3 сезони. И пред @Донев, да ме цитира во пост кој ќе содржи текст "уште не го научивте", да си кажам дека доста добро го знам Моу, и дека добро знам што сака да постигне со изјавава. Нејсе, да се вратам на "калкулаторот" од Мурињо. Без да барам на гугл, неговото прашање беше, колку Венгер потрошил на Озил, Санчез, Чемберс и Дебуши. Ако добро се сеќавам сумите беа: 50 за Озил, 30 за Санчез, 14 за Чемберс и 12 за Дебуши (изразено во фунти). Или во превод, во 2 сезони, и 4 преодни рока "Професорот" трошел 110 милиони фунти, или 55 во сезона, или 22.5 во еден преоден рок. Ако повлечеме паралела на тоа, Мурињо лани потроши 32 на Коста, 30 на Фабрегас, 15 на Зума (корегирајте ме на сумава), 20 на Луис, 15 на Реми. Или вкупно 102 милиони, само во ланската сезона. Прекланската на ја спомнувам, кога ги купи Салах, Ширле, Матиќ, кога пак "плесна" 50тина милиони на играчи. Дури и во двете сезони кога трошењето на играчи на Мурињо и Венгер е ист, сепак Мурињо е поголем трошач. А додека Жозе "си го прчеше" во Реал, и го плескаше Барса кај ќе стигне, па се караше со клубска легенда како Касиљас, беше на нож со играч како Роналдо, Венгер му го исплати стадионот на Арсенал, плус секоја сезона завршуваше во топ 4. Епа, господине Жозе, како и во милиони пати кога целта ви е само да провоцирате, повторно сте далеку од вистината.
 
Ич не ти се точни бројкиве, ама си газат против Барса сега па простено ти е :D

Да, откако се врати Мурињо можеби има нешто повеќе потрошено од Венгер. Ама ако видиш и колку има добиено и споредиш net spent...бројката кај Арсенал е доста поголема.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ич не ти се точни бројкиве, ама си газат против Барса сега па простено ти е :D

Да, откако се врати Мурињо можеби има нешто повеќе потрошено од Венгер. Ама ако видиш и колку има добиено и споредиш net spent...бројката кај Арсенал е доста поголема.
Корегирај ме околу бројките, море и крати ако сакаш, пак ќе бидат во егал. Нет спенд...најглупавата работа за компарација околу тоа колку некој потрошил. Ако е така, Роџерс лани потроши 40 милиони, годинава потроши 30, а смени два тима. Мислам смешно е. Менаџер троши онолку колку што потрошил.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.720
Корегирај ме околу бројките, море и крати ако сакаш, пак ќе бидат во егал. Нет спенд...најглупавата работа за компарација околу тоа колку некој потрошил. Ако е така, Роџерс лани потроши 40 милиони, годинава потроши 30, а смени два тима. Мислам смешно е. Менаџер троши онолку колку што потрошил.
Ама сам си кажа дека знаеш зошто го кажа тоа и со каква цел. Зошто да се натегаме сега. Плус за 5 минути идам на пат, еве се спремам и ти пишувам :D
Али еве...
Челзи потроши 32 за Коста, 27 за Фабрегас, 10 за Реми, 16 за Луис или вкупно 85 милиони и освои Лига Куп и Премие Лига.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom