Тогаш треба да е Косч.
Иначе, можеби Ди Марија е двигател на Јунајтед откако дојде во клубот, многу подобро играат со него на терен (мада искрено ги неам гледано многу многу, ама ќе ви верувам
) и по тој критериум е засилување број 1, сепак гледајте се'. Па и статистиката, и цената. Крај краева, мање битно е кој е прв, и Велбек ако сака нека е, засега Челси го има добитното дуо (секако, не играат само тие двајца, но се нови во првиот тим, го тргам Куртоа на страна). Што би рекле некои коментатори, му дадоа една нова димензија на Челси.
Изминативе сезони на Челси му беше тешко од ништо да направи акција. Т.е. тешко и правеше акции за гол. Сега има човек кој може да даде ненормално добар пас (слични имаше и такви во минативе сезони, но Фабрегас некако отскокнува, не би го споредил со Лампс, он имаше други квалитети, дел од кои ги покажува и сега во Сити). Муабетот ми беше, човек кој може да даде ненормално добар пас и човек кој може да истрча, да ја прими топката, да направи луциден (ова нели по терк на Калински) потег, како што направи со Арсенал, (кој виде-виде) и да даде гол. Буквално од ништо, од акција на средина на терен, во оној круг. Да не испаднам буљаш и ќе ви кажам: потег при постигнувањето на голот, при трчање, пред да ја удри топката со десна, направи чекор со лева ко да подрипна со цел да може да ја удри топката со појаката десна, а не послабата лева (ако чекаше уште 2 чекори да направи, отиде возот).