Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.758
- Поени од реакции
- 52.727
Сезоната започнува на 16ти август, а ќе трае се до 24ти мај кога ќе биде изиграно и последното 38мо коло. Принципот на прогласувањето на шампионот е веќе добро познат - бодови, гол разлика, меѓусебен дуел, плеј оф натпревар на Вембли. Познатиот curtain raiser, FA Community Shield натпреварот на Вембли ќе биде изигран на 10ти август помеѓу шампионот во ПЛ, Манчестер Сити и победникот во ФА Куп, Арсенал.
Од нејзиното формирање во 1992, Премиер Лигата ја имаат освоено 5 тима и тоа:
- Манчестер Јунајтед - 13
- Челзи - 3
- Арсенал - 3
- Манчестер Сити - 2
- Блекбурн - 1
- Арсенал
- Астон Вила
- Барнли
- Челзи
- Кристал Палас
- Евертон
- Хал
- Лестер
- Ливерпул
- Манчестер Сити
- Манчестер Јунајтед
- Њукасл
- Квинс Парк Ренџерс
- Саутемптон
- Стоук
- Сандерленд
- Свонси
- Тотенхем
- Вест Бромвич Албион
- Вест Хем
Овогодинешни претставници на Премиер Лига во Европа се Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Арсенал во Лига на Шампиони и Евертон, Тотенхем и Хал во Европа Лига. И во следната сезона, првите четири тимови ќе обезбедат пласман во Лига на Шампиони, а петтата во Лига Европа. Последните три тима на крајот на сезоната ќе се преселат во Чемпионшип.
Не очекува (како и секоја сезона) можеби највозбудливата сезона до сега во која ќе биде многу тешко да се предвиди крајниот исход. Барем на хартија, не може да се издвои еден тим од кој се очекува да биде сигурен шампион. Многу реално е повторно да гледаме битка се до последното коло.
Манчестер Сити веќе има многу квалитетен тим, но се засилија со Сања кој дојде како слободен играч од Арсенал, Фернандо од Порто и Кабаљеро од Малага како втор голман покрај Харт. Повторно се еден од главните фаворити за освојување на трофејот. Ливерпул го изгубија најдобриот играч од минатата сезона, Суарез кој потпиша за Барселона, па ќе биде интересно да видиме како ќе се снајдат без него и дали новите засилувања ќе успеат да го покријат неговото заминување. Се засилија со Рики Ламберт и Адам Лалана од Саутемптон, Емре Чан од Леверкузен и Маркович од Бенфика. Се очекуваат уште трансфери со парите од Суарез за Ливерпул да проба да го задржи местото во топ 4, а можеби и да отиде чекор понапред и конечно да ја освои Премиер Лигата. Челзи остана без легендите Лампард и Кол, но ги замени со Цеск Фабрегас од Барселона и Филипе Луис од Атлетико Мадрид, и секако критичната напаѓачка позиција која ја пополни Диего Коста. Минатата сезона Челзи имаше проблем со напаѓачите, а сега Мурињо го комплетираше својот тим и веќе изјави дека Челзи е подготвен да се бори за титулата откако минатата сезона сметаше дека сеуште нема доволно подготвен тим. Арсенал засега направи добри трансфери со купувањето на Алексис Санчез од Барселона и Матиеу Дебуши од Њукасл како замена за Сања. Останува да видиме дали тимот на Венгер конечно повторно сериозно ќе се бори за трофејот до самиот крај. Манчестер Јунајтед минатата сезона на чело со Дејвид Мојс заврши на седмото место, но за очекување е годинава повторно да се врати во борба за титула со Ван Гал како менаџер. Засега се засилија со Андер Ерера од Атлетик Билбао и Лук Шо, младиот лев бек од Саутемптон.
Овие пет тимови се очекува да се главните кандидати за освојување на трофејот, но вреди да се спомнат и Тотенхем и Евертон кои можат да изненадат во борбата за првите четири позиции.
Па, што очекувате од новата сезона? Кој ќе биде шампионот? Дали Пелегрини пак ќе им се смее на сите на крај? Дали Роџерс ќе може да гриза без Суарез? Какви изјави ќе има Мурињо? Дали Венгер ќе му врати за специјалната изјава? Дали Јунајтед го погодија Избраниот? Дали Џерард ќе се лизне? Кај ќе шета Реднап со колата?