- Член од
- 13 август 2009
- Мислења
- 9.547
- Поени од реакции
- 5.772
Реално од оваа гледна точка Челзи има најкомплетен тим, уигран и доста квалитетен. Се засилија со Фабрегас, кој мислам дека ќе даде поинаква визија на играта на Челзи, за Диего Коста не коментирам, ќе почекаме да видиме дали е добра инвестиција. Ако Коста ја повтори сезоната од АМ тогаш Челзи и ќе нема конкуренција, бидејќи е силен во сите линии. Со Хазард, Фабрегас, Матич и Оскар на средина и испечените Џон и Бане назад, потпомогнати од Азпи и Кејхил, на „слатки“ маки ќе е Мурињо за да составува тим оваа сезона.
Арсенал по мене е реално втор тим кој може да претендира за титулата. Се засили со Санчез како ол раунд играч од офанзивниот ред кој може да игра лево, десно, на средина и во нападот и можеби тој е најдобриот трансфер за сезонава, до сега во ПЛ. Со Ремзи од лани, Озил од првиот дел на сезоната и Санчез, Арсенал може да добие една поинаква димензија на играта на средина на теренот, каде што Ремзи, Санчез, Озил и Волкот би биле прв „пик“ на Венгер за 4ката на средина на теренот. Напред би бил Жиру, кој ако Волкот и Санчез се здрави може да го повтори успехот од лани, од +20 голови, но овој пат тоа да биде учинкот само во ПЛ. На позицијата на ДМФ се очекува со 100% да пристиген нов играч, кој ќе му даде цврстина на одбраната на Арсенал. Стандардната 4ка назад ќе биде Дебуши, Пер, Косиелни и Гибс, со Шчезни/Осипина на голото.
Трет фаворит по мене е Сити. Единствената работа поради кое е на 3тото место е поради фактот што Туре во еден период и беше доста во центарот на вниманието, а знаеме дека Јаја Туре е носителот на цела игра на Сити. Ако има уште една сезона како ланската, тогаш самиот тој може да го лансира Сити повторно до врвот, но сепак, бледата игра на Светсткото потврдува дека Јаја можеби и нема да биде истиот тој од пред само 2-3 месеца. Почестите повреди на Агуеро се доказ дека на Пелегрини нема да му биде лесно. Негредо е веќе сега во аут, што значи дека Мануел мора да купува повторно. Ако пред 3 сезони, Компани беше лидер на тимот, оваа сезона која заврши имаше неколку бледи настапи, особено во дуелот со Ливерпул на Енфилд кој можеше да биде одлучувачки, но благодарејќи на „ЛИЗГАЊЕТО“ на Стиви Џи, Сити повторно стигнаа до трофејот во ПЛ. Мислам дека Пелегрини ќе го снајди истата судбина како и Манчини.
Ливерпул и Јунајтед се во ист „кош“ и тие ќе бидат кои од позадина ќе се борат за 4тото место кое води во ПЛ. Ливерпул без Суарез, Јунајтед без Мојс. Двата тима изгубија многу.