Чекај сеа ја да ви кажам нешто. Сите вие фанови на Арсенал само јадите буреци дека ако Ван Перси отиде во Јунајтед не ви е гајле и дека тимот може и без него. Може и без него, ама по која цена, каков е тој клуб кој ги губи најдобрите играчи секоја година? Не може да ви е сеедно, мене ич не ми е сеедно, гарант на Венгер ептен не му е сеедно, ја не знам какви морони го водат клубот ама очигледно има големи мани во водењето.
Како може да не ми е битно ако Ван Перси отишол во Јунајтед. Капитенот, најдобриот играч на клубот, најдобриот играч во ПЛ лани да отиде во традиционално најголемиот ривал на Арсенал во ерата на Венгер.
Претходните капитени се тепаа со играчи на Јунајтед, какви борби не се воделе во и надвор од теренот, а сегашниот капитен како некоја подмолна пичка треба да им го дадеме на Јунајтед.
Никакви заблуди да нема, ќе не боли ова ако се случи и тоа многу, исто како 8-2 од лани, исто како многу други работи, оти знам дека многу навивачи на Јунајтед реално не ни сакаат да дојде РВП кај нив и оти знаат како ќе им беше нив ако Руни отидеше во Сити.
Сепак сеуште имам неква надеж во Венгер и само во Венгер дека некако ќе го спречи ова најлошто сценарио да се случи, ако веќе не може да го задржи РВП не смее во никој случај да им го даде на Манчестер Јунајтед.
Не ни навлегував до муабетот кој клуб можел а кој не можел да освои титула. 2007/2008 титулата ни беше речиси во раце, барем три во последниве шест години реално се боревме за титулата. Точно си има клубот и мани и проблеми, особено од вакви нелојални играчи, а ретки се тие кои по Арсенал успеаа во нивните кариери. Всушност единствено Цеск ќе направи големи успеси надвор од Арсенал тоа сум сигурен. Како што сум и сигурен дека Цеск ќе ја има мојата почит многу повеќе од РВП ако го направи овој беден потег кој се најавува. Затоа што Цеск го гледав сите овие години и многу добро знам со каков жар играше и дека вистински го сакаше клубот, за наша несреќа сакаше и еден друг клуб, за наша несреќа негов матичен клуб беше Барселона, а не Спортинг Хихон.
И најискрено не го разбирам и нема да го разберам Ван Перси ако до толку напне за насила да го реализира трансферот во Јунајтед? Како може некој кој се прокламира како навивач на Арсенал, кој го сакал клубот да направи такво нешто. Баш во Јунајтед, или стана премногу очаен кога виде дека баш и не вредел толку многу за големите екипи оти никој, ни Реал ни Барса со прст не мрднаа да го донесат.