Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Значи поголеми к*ртони од навивачи на Ливерпул нема.
Му викаат "You're nobody", а они се тие што следат и манијачат кола на познат фудбалер. :tapp:
Сите му пукнаа сеир и се изнасмеаа на клипов, ти се јави да кажеш какви се навивачите на Ливерпул...

Јбг, ги нема секој твоите манири..
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Gerrard: You said in the press, that Wayne Rooney tried to get Kompany sent off!!
Ова се случува во тунелот, после натпреварот, одкако се жали за стартот на Џонсон поради тоа што не бил санкциониран со жолт...а овој го брани.. :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.447
Хахахаха јак коментар : Mancini disliked this :icon_lol::icon_mrgr:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Опасен хумор имаат....сигурно би ни било и посмешно, доколку би биле native енглези :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Не бе јас само инаетчија сум. Има многу бетер луѓе од мене. Овие се на Господ бељата да си немаш со нив работа. Ги има и на форумов :pos:
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 03:16 ---
Со мене ако не можиш да се разбериш со класичниве битолчани па ич :D
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 03:17 ---
П.С чекам сега реакција. И тоа салам реакција :coffee:
Демек шо ? Немаше пенал ! :)))))
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Имаше пенал!!! Време беше да се појавиш овие одма попуштаат
Хахахахахаххаха, нема муабет, а ?! Тука сум, тука... :)))) Ама немаше, озбилно, немаше пенал. Освен високо крената нога, немаше пенал. :))
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.741
Поени од реакции
12.060
Хахахахахаххаха, нема муабет, а ?! Тука сум, тука... :)))) Ама немаше, озбилно, немаше пенал. Освен високо крената нога, немаше пенал. :))
Имаше мал контакт. Високо крената нога и мал контакт. На крај краева поштено си победивме. :D
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 20:32 ---
A шо е финтава со Џонсон иначе, кога немаше ни фаул. А камо ли то што бараат картон и то од тие жешките.
Абе брат........и јас барам 1 милијарда фунти. Ама никако да ги најдам т.е никој не ми дава
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Трансфер Вести 12.01.2012
Што велат весниците во Англија

Daily Mail
* Њукасл наредната недела ќе започне преговори со Кристал Палас за да ја имаат прва опција при ангажман на Вилфред Заха.
* Евертон е блиску до ангажман на Дарон Гибсон од Манчестер Јунајтед, вреден 1 милион фунти.
* Играчот на Ленс, Абделаким Омрани е на проба во Њукасл.
Daily Express
* Марк Хјуз најави останување во КПР, дури и да не успеат да останат во Премиер лигата.
* Роби Кин денеска ќе ја реализира позајмицата во Астон Вила.
Daily Mirror
* Нова рунда на преговори помеѓу Гери Кејхил и Челзи денеска. Тимот од Стемфорд Бриџ демантира дека ќе плати 22 милиони фунти за договор на репрезентативецот на Англија.
* Жервињо го повика Робин Ван Перси да остане во Арсенал.
The Sun
* Марио Балотели е подготвен да го продолжи договорт со Манчестер Сити.
* Демба Ба ги отфрли гласините дека ќе се пресли во Манчестер Јунајтед.
* Челзи ја следи аргентинската сензација, Лукас Окампос.
* Тотенхем е подготвен да влезе во трката со Вест Хем за напаѓачот на Евиан, Јаник Сагбо.

Официјално: Роби Кин ја комплетираше позајмицата од ЛА Галакси во Астон Вила на два месеци.
’’Среќен сум што се враќам во Премиер лигата. Ова е само кратко, но имаше доста шпекулации и мило ми е што се се заврши и сега сум тука.’’ - изјави 31 годишниот напаѓач.
’’Возбуден сум и знам дека ќе уживам во моето време тука. Тоа се само два месеци, но ќе го дадам максимумот во тие два месеци.’’
’’Вила е одличен клуб, со добра традиција и имаат стадион кој е еден од најдобрите на кои сум играл.’’

Sky Sports дознава дека Евертон започнале преговори со Манчестер Јунајтед за евентуален трансфер на Дарон Гибсон.
Се верува дека ’Карамелите’ доставиле 1 милиони фунти за 24 годишниот играч за врска, кому договорот со Јунајтед му истекува на лето.

Андре Вилаш Боаш потврди дека до нив стигнала понуда од клуб од Премиер лигата за услугите на Алекс, но додава дека таа понуда мора да биде повисока доколку клубот кој ја доставил сака да наиде на позитивен одговор од Стемфорд Бриџ.
’’Колку што знам од претседателот, имаше понуда од клуб од Премиер лигата.’’ - изјави Боаш.
’’Ја почитувавме одлуката на Алекс и трансфер маркетот е отворен за него.’’
’’Ние само се обидуваме да стигнеме до нивото кое мислиме дека е добро за фудбалерот. За сега се нема ништо случено, но ги разгледуваме сите понуди.’’
’’Ние оставаме на играчот, тој треба да ја донесе одлуката. Тој привлекува интерес од многу клубови.’’
Се верува дека КПР бил клубот кој ја доставил таа понуда.

Официјално: Стивен Џерард го продолжи договорот со Ливерпул, и капитенот на тимот од Енфилд како и што се очекуваше ќе ја заврши кариерата во Ливерпул.
’’Многу сум среќен. Ова е ден кога јас и мојата фамилија сме горди.’’ - рече Џерард.
’’Ова доаѓа после синоќешните одлични перформанси и резултат кој го посакувавме.’’
’’Се надеваме дека работата ќе можеме да ја завршиме до крај и нашите фанови да ги одведеме на Вембли.’’
’’Ова беа прекрасни 24 часа.’’
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Се согласувам со Харлотс, мада какви црвени беа судени сезонава, дури и ме чуди што не му дал картон. Инаку првпат го глеам стартов, затоа што не го глеав првото полувреме вчера.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom