Трансфер Вести 10.01.2012
Што велат весниците во Англија:
Daily Mirror
* Тиери Анри вели дека сонот станал реалност откако на одличен начин се врати во дресот на Арсенал.
* Полицијата започна истрага откако на Твитер беше упатена расистичка навреда кон Луис Саха.
* Роби Кин го оддржа првиот тренинг со Астон Вила, и неговата позајмица е пред реализација.
* Доколку Марк Хјуз го превземе тимот на КПР, тогаш ќе располага со 30 милиони фунти за нови фудбалери.
* Вејн Руни возврати на нападите на Роберто Манчини, откако Италијанцот го посочи Руни како виновник за црвениот картон на Винсент Компани.
* Њукасл се обидува да го задржи Демба Ба, со двојно поголема плата.
* Флорент Малуда вели дека ќе остане во Челзи и ќе се бори за место во тимот.
* Тотенхем подготвува нова понуда за францускиот напаѓач Лоик Реми, но Марсеј бара 22 милиони фунти за неговите услуги.
* Блекбурн се обидува да го задржи Рубен Рочина.
* Свонси се договориле со Челзи за позајмица на Џош Мекеран.
* Болтон се обидува да го ангажира 18 годишниот Хуан Мануел Итурбе, кој е споредуван со својот сонародник Лионел Меси.
* Стоук се обидува да го ангажира ’нигерискиот Крауч’ - Микаел Учебо.
The Sun
* Давид Силва со новиот договор се очекува да заработува по 200.000 фунти неделно.
* Вилијам Галас се поврзува со заминување во Катар или ОАЕ.
* Демба Ба вели дека посакува да игра за ПСЖ.
Daily Star
* Роберто Манчини посакува разговор со првиот човек на Манчестер Сити со цел повторно да се ангажираат нови имиња на трансфер пазарот.
* Жуниор Хоилет, кој не сака нов договор со Блекбурн, подготвен е да го одбие Болтон и да премине во поголем клуб.
* Андре Вилаш Боаш е подготвен да достави понуда за Хулк.
Daily Mail
* Преговорите за нов договор помеѓу Челзи и Даниел Стариџ не биле успешни.
* Блекбурн одбиле понуда 2 милиони фунти за Мауро Формика од турска екипа.
* ВБА се обидува да го ангажира Кристиан Родригез од Порто.
* Манчестер Јунајтед ја разгледува можност за ангажман на бекот на Олимпијакос, Василис Торосидис.
Марио Балотели уште еднаш потврди дека нема намера да го напушти Манчестер Сити, откако повторно беше поврзуван со Интер и Милан.
’’Весниците пишуваат дека сакам да го напуштам Манчестер, но јас никогаш не сум зборувал со нив.’’ - рече младиот напаѓач.
’’Можат да пишуваат што сакаат, но јас сум под договор со Манчестер Сити и се додека не дојде вистинско време нема да зборуваме за нов.’’
****
Официјално: Квинс Парк Ренџерс го назначи Марк Хјуз за нов менаџер, откако потпишаа договор на две и пол години.
’’Одлично е чуството да се вратите на фудбалот и да бидете менаџер на КПР.’’ - изјави Хјуз за официјалниот сајт на клубот.
’’Никој не смее да се сомнева во историјата на овој клуб и страста која ја имаат овие фантастични навивачи.’’
’’Првата цел е да го обезбедиме местото во ПЛ, но мислам дека иднината е светла за нас и тоа ме полни со ентузијазам.’’
48 годишниот менаџер својот прв тренинг со тимот ќе го има уште денеска.
****
Роберто Манчини инсистира дека составот на Манчестер Сити нема доволно голем фонд на фудбалери, иако после неговото назначување ’Граѓаните’ потрошија 260 милиони фунти за трансфери.
’’Сите зборуваат дека имаме многу фудбалери. Но ние имаме 19, плус голманите. Тоа не е голем состав.’’ - рече Манчини.
’’Доколку немаме среќа и тројца четворица фудбалери ни се повредат, како во моментов, тогаш ќе имаме проблеми, клубот го знае тоа.’’
’’Пред еден месец кажав дека декември и јануари ќе бидат клучни месеци. До пред три седмици немавме повреди. Сега имаме, и тоа е проблем.’’
****
Фудбалската асоција на Англија не ја прифати жалбата на Манчестер Сити за црвениот картон на Винсент Компани кој го заработи на дуелот со Манчестер Јунајтед.
26 годишниот дефанзивец е казнет со три натпревари не играње поради картонот, и добива казна уште еден натпревар поради тоа што ова му е втор директен црвен картон оваа сезона.
Компани ќе ги пропушти двата дуели против Ливерпул во Лига купот, како и натпреварите против Виган и Тотенхем.
Од Манчестер Сити изразија големо незадоволство поради ваквата одлука.