Малку имаш грешка, за цеск имаше голема понуда годинава, а годинава немаше потреба од продавање на клучни играчи. Проблемот со немањето пари беше да се доведат или поточно купат поискусни, а замина Фламини кој неможевме да го задржиме затоа што неможеа да си дозволат поголема плата да му дадат, или Хлеб кој трчаше за некоја поголема "слава". Тогаш за Цеск да понудеа голема сум и сериозна најверојатно ќе си заминеше и он. Среќа лани видоја Барса дека Цеск вреди па можевме да си го задржиме затоа што се расчисти долгот. И да точно е дека парите за стадионот не се собираат сите од продажбата на играчи, посебно не од Цеск, али поради стадионот се штедеше, не се купуваа играчи. А само не ми е јасно како Манчестер е во финансиска криза и поради што, кога нефрла многу пари, а зема од играчи и тоа добро, плус
А разликата помеѓу манчестер и арсенал во тоа што манчестер не направи комплетен ремонт. Точно е дека фергусон внесува нови млади играчи но тоа е по 1-2 годишно годинава Чичарито и Рафаел или фабио близнаците (десниот бек), претходните години Андерсон, валенсиа али се постепено, али костурот си беше ист Гигс, Сколс, Руни, Евра....., каде кај Арсенал е обратно има 1-2 "постари" каде просекот за постар тим го правеше Алмуниа и Силва а другите имаа до 20-21 година. Едини постар играч беше а и е Аршавин....
Не прај маабет така. Понуда мош имаше само таа година, ама шпекулации има 3 години. Венгер можеше да го продаде Фабрегас исто пред 3 год за големи паари. Тука сакаах да ти кажам дека Ферги се откажуваше од неговото задоволство да ги гледа Бекам, Руд, Роналдо продавајќи ги за максимални понуди шо можат да се извлечат од них, за да може да го одржува тимо. Никој не му е крив на Венгер шо не е оставил ниеден постар играч. И саа да го питат, он знаа дека у врска со ремонто Ферги подобро работе од него, постепено, как шо кажа ти, а не ај сите стари раус, младите играјте. Ако е сакал е можел да задрже постари играче.
Ех, ви текнува ли кога се играја финале Порто-Монако?
Поентата ми е, се зависи од околносите. Среќа, баксуз ... несреќа на друга екипа. Как шо они стигнале до финале може да е исто толку случајно колку шо Манчестер би испаднал од Монако, да речеме. И да сме на јасно, ова го напишав чисто како пример, знам дека не се десило.
Па цело време се случуват такви работи. И у првенствата. Шампионо не зависе само од тва колко е квалитетен, туку уште од мал милион работи. Мене поентата ми е дека шом се можеле да стигнат до там значи нее случајно, се имале квалитет, а не дека се биле млади, неискусни, незнајале да играат фудбал и слично...
Не те разбирам сеа...
Па нели сам кажа дека битното не го направиле? Не го земале трофејот.. и да тука станува збор за искуство... зар 20-21 годишни играчи ти мислиш дека имаат искуство и можат да издржат таков притисок?
туку чекај за кое финале збориме? ЛШ? ако е за тоа тогаш имавме уште по некој искусен играч останато (читај Анри) кои не доведоа до финале, а несреќен сплет на околности (читај дебилна интервенција на Леман) не чинеше трофејот.
Ако збориш за карлинг купот тогаш спореди го тимот на Арсенал и тимот на Челзи што играше во финалето... разликата во просечната старост на тој натпревар ако не се лажам беше цели 5 години.
Говорам за ЛШ. Ја и ФА финале играате, забравих. Гледаш, од последната титула на Арсенал нее било само деца значи. Имале сте шанси, блиско сте биле до сите трофеи.
За кое финале? Лига на шампиони? Ако е за тоа, сакаш да ти го кажам составот или ќе ти текне тогаш кои играа за Арсенал?
Не го знам, нее ни битно, знам дека играа Анри, Кембел, Хлеб. Значи не сте биле само со деца? Оште помалко аргументи за тва дека ремонто и стадионо се причини за периоодо без титули. Од година у година се се менеше, ама на пр, не ми е јасно как и пред 4 год вашио тим беа деца, и сега се деца? Нели пораснаа веќе? Нека покажат нешто посебно, нешто различно од тие 4-5год.
Па тоа и ми беше поентата дека Манчестер не бил толку доминантен врз Арсенал. Целата приказна беше со тоа дека сме имале комплекси затоа што манчестер бил доминантен врз нас. Праев споредба помеѓу манчестер и арсенал зошто се работите такви какви што се.:smir:
Целио маабет беше за тва дека Јунајтед у последните години е толко доминантен шо на фановето на Арсенал им дојде преку кур цело време да тренират, а па да се втори.
Разчистииме го тај маабет, не ја отварајте од ново дискусијата.