Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Пред се честито за победата на Даниел. И повеќе од заслужена е. :D Е сеа со кој памет главна награда во шоу како фарма, големиот брат и слични паричната награда изнесува >50.000 евра, во кое доволно за да победиш е да се изглупираш повеќе или да покажеш цицка/газ, а во вакво шоу во кое секоја недела треба максимално да се подготвуваш, да искочиш пред толку народ и коректно да испееш, па понатаму доколку сакаш да успееш и да вложуваш во својата кариера наградата е 10000 евра.
Фарма и сличните на нив глупости немаат вредносни награди иако се прикажани како такви. Таквите шоуа постојат за промоција на одредени морончиња, а останатите се платени при влезот. Затоа нив неколку нули плус или минус во "наградата" не им се битни.

Во однос на Кајмакоски, неговата харизма, добриот вокал и комуникацијата со фановите го однесоа таму каде што му е местото. Многу од македонските пеачи можат да учат од неговиот пример за создавање на фан база, која секако ќе му помогне да биде профитабилен и постојан.
 
da be stv kakvi 10k? neli 200k bese nagradata?
Plus mini cooper, plus dogovor so Sony Music Entertainment?
Ili ja neso greska sum?
Sto mu dadoa na Daniel nagrada vcera, samo 10k???

Му ја дадоа и колата ама за договорот со Сони не знам.Али паричнава награда е премала.
 
Жељко ја напиша "Чија си" на Тоше, "Лејла" на Хари Мата Хари, "Оро" и "Јутро" на Јелена Томашевиќ". Сите тие се квалитетни песни и големи хитови. Не е само пејач Жељко.
„Чија си“ e на Леонтина Вукомановиќ. На Жељко беше само аранжманот.
 
Glupa kola e minito be, koga ke go napuni bagazot so vrekji malter ke mu fakja auspuhot.

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk 2
Немој така, мејд ин БМВ е Минито.
Сега и тој може да биде ДаниБМВ... таман ќе му порасне и популарноста
 
Најјака ситуација синојка, гледаме а син ми 1,5 година легнат до мене и пие млеко, излага Марија Шерифовиќ да пее и само малиов ја вади цуцлата и вели БАТО и покажува со прст накај неа. Му викам каков бато и он пак бато пее. Сум се згазил од смеење.
 
Му ја дадоа и колата ама за договорот со Сони не знам.Али паричнава награда е премала.
Не му јададоа колата сеуште ,само му дадоа картон во вид на клучеви . Тек сега ќе видиме дали ќе му ја дадат .

А за Сони би требало и тоа да му дадат .

Што се однесува до шоуто во технички аспект беше катастрофа . Микрофоните им се гасеа ,матриците т.е гостите кога пееа во живо имаше проблеми . Треба овој Сајмонд да им даде некоја казназа да се свестат за наредна сезона да не се случи тоа .

Се надевам сега Даниел ќе има луѓе кој ќе соработуваат со него.
Му треба професор по српски (дикција,правилен изговор на зборови и др). Тим со кој ќе се изделка да биде како што треба во градење на успешна кариера. Тука морам да го спомнам Тоше кој и тој беше заникаде во почетокот ,но го зеде менаџер и сигурно стоел тим позади него за сето тоа да биде како што треба.

И не само со победникот туку и со сите финалисти треба доста напорна работа а не само снимај песни ,албуми , имај настапи гостувања по медиуми и концерти.
 
Мора да признаам, Даниел е згазен во "Sex on fire" од батево. Далеку подобра изведба на Мики во Идол пред неколку години. И не само изведбата, да не погрешам ама мислам дека има и далеку помоќен глас од Даниел.
 
Маид што ги пееше песните вчера прв пат ги слушнав во живот. И денес ги преслушав и оригиналите. Као моја мати е многу подобра оригиналот, Здравко им дава тежина на зборовите и без да се дере, а оваа Да је туга снијег Маид ја растури и повеќе ми се допаѓа неговата верзија.
 
Не гледав ни 60% од факторот, највеќе се раководев по Јутуб.
Од тоа што видов, најдобар настап што кога го гледав останав со вилицата падната на колено:

 
postcandidate_16788.jpg
 
Ете така шоуто заврши,Даниел победи заслужено,и во главно се беше како што треба и сите си ги добија местата кој ги заслужија,жирито исто така си ја одработија работата одлично,а доправа следува нов тежок "почеток" за Даниел каде што треба да се докажи со свои песни и да вложува многу за да направи добра кариера,а за тие што тврдеа дека Даниел сигурно нема шанаса да победи пошто бил Македонец и Србите не ни давале победа (иако гласањето не е само од Србија) еве ви доказ дека тоа не е така и дека е време конечно да почнете да размислувате и да ги гледате работите на поинаков начин,доста е веќе со тоа дека само ние сме жртви инаку сме најдобри во се ама другите не не сакаат и затоа не ни даваат ... бла бла бла,самиот Даниел изјави во една прилика (кога беше пуштена лажна вест дека бил претепан) дека во Србија толку добро се однесуваат сите спрема него што никој не смее да го чепне,што во случајов испаѓа другите чинат ние самите не чиниме.И да крајно време е нашите bullshit медиуми да се заозбилат и да си ја сфатат сериозно работата,кога веќе планираат да учествуваат во едно вакво шоу мајкуму пуштете една новинарка како што треба оваа глупердава Снеже се протуркува низ сите вакви и слични шоу-а каде што учествува Македонец и не срами,ај тоа што цело време наметнува некој "патриотизам",речникот и е катастрофа,дури и удира ниско по другите колешки и кандидати со глупави и провокаторски прашања што заслужува да ја однесат со зборови УПМ ама ја прифатија и се однесуваа спрема неа најкоректно,па дури и на крај вади Македонско знаме си мислиш на Евровизија победивме и кога немаше кој да го држи знамето го зема таа и мавка со него како некоја забегана се треси,се турка таму,циркус!
Од организација на финалната вечер како замерка може да се земат техничките проблеми и прогласувањето на победникот кое можеше и требаше да биде поеуфорично а тоа помина скоро онака млитаво,али ок тоа е тоа и крајно останува да му посакам(е) среќа на Даниел и нека му се остварат плановите што ги има,не би сакал да заврши како многуте победници и кандидати на вакви шоу-а кој што биле добри и стигнале до финале и на крај ги снема,останаа изиграни од продукцијата.
Finale-X-Faktora-Foto-Marko-Todorovic-1-670x447.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom