Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Глупости. Не функционира така музичката индустрија. Да функционираше така, Марина Туцаковиќ ќе беше најбогат пејач на Балканот.
Марина Туцаковиќ не е пејач. Жељко Јоксимовиќ е пејач. Има голема разлика. Кариерата на Жељко му зависи од добри песни. Ако има квалитетна песна радо прво за себе ќе си ја сними. Многу логично. Ако имаш хит во раце ќе дадеш друг да собира пари од неа, а ?:D
 
Пред се честито за победата на Даниел. И повеќе од заслужена е. :D Е сеа со кој памет главна награда во шоу како фарма, големиот брат и слични паричната награда изнесува >50.000 евра, во кое доволно за да победиш е да се изглупираш повеќе или да покажеш цицка/газ, а во вакво шоу во кое секоја недела треба максимално да се подготвуваш, да искочиш пред толку народ и коректно да испееш, па понатаму доколку сакаш да успееш и да вложуваш во својата кариера наградата е 10000 евра.
 
А нели на почеток кажуваа дека наградата ќе биде 200.000 евра? o_O
 
Сеуште не можам да поверувам дека победи Даниел :D
Секоја чест. За потегот да живее во Белград, според мене е добар бидејќи сега има обврски спрема продукцијата. Кога ќе му помине договорот мислам дека ќе дојде тука.
 
А нели на почеток кажуваа дека наградата ќе биде 200.000 евра? o_O
da be stv kakvi 10k? neli 200k bese nagradata?
Plus mini cooper, plus dogovor so Sony Music Entertainment?
Ili ja neso greska sum?
Sto mu dadoa na Daniel nagrada vcera, samo 10k???
 
Марина Туцаковиќ не е пејач. Жељко Јоксимовиќ е пејач. Има голема разлика. Кариерата на Жељко му зависи од добри песни. Ако има квалитетна песна радо прво за себе ќе си ја сними. Многу логично. Ако имаш хит во раце ќе дадеш друг да собира пари од неа, а ?:D

Жељко ја напиша "Чија си" на Тоше, "Лејла" на Хари Мата Хари, "Оро" и "Јутро" на Јелена Томашевиќ". Сите тие се квалитетни песни и големи хитови. Не е само пејач Жељко.
 
Тек сеа ќе има тепачки на чиви митинзи да пјева Данчо. На сини или црвенки.
Аман веќе, добро, мора ли во се да се меша политика?
Што е поентава со муабетов?
Аман веќе, поопседнат народ со политика и политички партии не сум видела во животов.
Бог да чува и да брани.
А бе да даде Господ, не во Белград, туку во Лондон, било каде да отиде и направи кариера и да има таму обожаватели, а не секакви коментари што немаат врска со него да добива.
 
Сеуште не можам да поверувам дека победи Даниел :D
Секоја чест. За потегот да живее во Белград, според мене е добар бидејќи сега има обврски спрема продукцијата. Кога ќе му помине договорот мислам дека ќе дојде тука.

Да бидеме реални, овде во Македонија тешко дека ке направи некоја јака кариера. Сите добро знаеме каква е ситуацијата со пејачите на нашава ни мила естрада... Освен ако не најде некој јак менаџер и да прави успеси како што правеше Тоше на нашава сцена а богами и во странство. Треба да направи правилен потег.
 
А што е ова сеа? :D


Ја има и Тамара, ама после не покажуваат никој од „нашиве“, ќе учествуваат и они или само евројско-ориентираниве?
 
Конечно Македонец да победи..... како и да е , победата е заслужена..... Браво Даниел(y):)
 
А што е ова сеа? :D


Ја има и Тамара, ама после не покажуваат никој од „нашиве“, ќе учествуваат и они или само евројско-ориентираниве?
Counter-Strike X-Factor: Global Offensive
 
Ова е и повеќе од заслужена победа за Даниел.Реално гледано разликата помеѓу него и другите е небо-земја и мило ми е што тој го зема првото место иако тоа во понатамоншанта кариера ништо не значи.Од денес па натаму почнува она вистинското за него и за сите други учесници.Сега е многу важно да направи добар избор и да се врзе со правите луѓе кои што ќе му ја однесат кариерата во правилна насока,а за тоа прво ќе мора да бега подалеку од Македонија.Дека има талент се виде уште на првиот настап и искрено се надевам дека кариерата од сега па натаму само ќе му оди во нагорна линија се додека не го достигне врвот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom