Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
А јас и искрено му посакувам да направи кариера на Балканот, а не да се враќа локално и да го земе некој ко Џеј Џеј, па да го поебе со крадени песни. А не тука “патриотишта“ се бунеле што сакал да остане во Белград. Не, треба да остане тука и да си ја упропасти секоја шанса за кариера само за да биде “патриот“.

За тебе тоа е „патриотизам“, за мене тоа е да знаеш од кај доаѓаш, да се цениш себе и државата во која си роден. Ако ти се срамиш што си македонка, бугарите имаат распродажба на државјанства, па бујрум...
 
Neznam zosto ali Brkovic me potsekja na hatchet face od cry baby :)

hatchet-face11.jpg
 
За тебе тоа е „патриотизам“, за мене тоа е да знаеш од кај доаѓаш, да се цениш себе и државата во која си роден. Ако ти се срамиш што си македонка, бугарите имаат распродажба на државјанства, па бујрум...


:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Каква паралела еј!:pos::pos:
Се сум чула, ама ова...
БУГАРСКИ ПАСОШ уште ми меша у муабетов...:pos:
Сум се срамела дека сум била Македонка.:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Даниел тука пробал, Даниел се обидел, никој не го приметил.

И сега, за Даниел да покаже колку ја сака Македонија, треба да остане тука, да пее на локални наместени фестивалчиња, да соработува со плагијатори и до крај на животот да пее во малечки дискотеки за 100 евра од настап така?

Тоа е патриотизам?

Даниел си знае од каде доаѓа, Даниел збори постојано на македонски јазик од самиот почеток на шоу-то.
Даниел со тоа што ќе направи кариера низ целиот Балкан, ќе допринесе да се роди уште една македонска ѕвезда која ќе биде регионално позната. Шансите за тоа му се многу поголеми доколку соработува со регионални автори.

Тој повторно ќе си биде во Македонија, ќе си настапува во Македонија и ќе си ја сака Македонија.

Тоше последните години од кариерата ги правеше постојано во соработка со хрватски автори и огромен дел од времето го помина во Хрватска и Србија. И постојано беше на настапи надвор од Македонија.
Тој не ја ценеше својата држава? :pos::pos:

Или замисли му се укаже шанса да соработува со светски автори ( иако малку веројатно, ама давам хипотетички пример) и треба да живее на пример во Лондон или во Америка, треба да им рече - НЕ, јас ќе си останам во Македонија и ќе пејам на фестивалчиња и ќе пејам тралалајки од типот на: Сечам вени јас, ти ме изневери, јас солзи лијам“ само за да покаже дека ја сака државава, пошто тоа е патриотизам? :pos:

Смешки.

Тука никој не го рецкал со години и одеднаш ќе му се суди за тоа дали ја сакал Македонија или не, затоа што сака подолго да остане во Белград, бидејќи има поголеми шанси да успее.

Јас сакам да успее. Па ако сака нека живее и на Марс.
Ако тоа што сакам Македонец да успее надвор од Македонија, ме прави “непатриотка“ ондак не знам што да ти кажам.
 
За тебе тоа е „патриотизам“, за мене тоа е да знаеш од кај доаѓаш, да се цениш себе и државата во која си роден. Ако ти се срамиш што си македонка, бугарите имаат распродажба на државјанства, па бујрум...

Мислам дека не е муабетот да се срамиш што си македонец, мислам дека и самиот потенцираше колку си го сака родниот град. Работата е што едноставно не успеал тука, а за вакви музички дешавки, нема подобро место од Белград, сигурно нема тука да остане ЈЈ да му ја оформува кариерата.

И сега, ти би ја одбрал државата пред убава кариера(што и да е, не само музика) и убав живот и за твоте најблиски? Само ова одговори ми го.
 
Да, Тоше последните години работеше надвор.
Не знам шо гледаат сите во таа Србија. Демек кај нас не чини и одма сите у Србија се селат зошто таму мед и млеко тече...
Нашиве „пејачи“ уште македонски не прозбореле, а више почнале на српски да пеат, зошто нели Србија ќе ги направи популарни...
Ако му се укаже на некој да соработува со добар автор/композитор, нормално дека нема да го одбие, не ни ми беше мене тоа поентата, туку дека секогаш се потценува нашава држава. Па мајку му тука почнаа кариера Тоше, Каролина, Тијана, Тамара,а некој уше не сме го виделе и одма во Србија отишол пејач да станува...
И да, за мене се „непатриоти“ сите што ја потценуваат Македонија ;)
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 12:48 ---
И сега, ти би ја одбрал државата пред убава кариера(што и да е, не само музика) и убав живот и за твоте најблиски? Само ова одговори ми го.

Можеш и тука да успееш, не знам зошто сите мислат дека надвор е се розево...
А тоа шо би одбрал зависи од ситуацијата, ама не верувам дека лесно би си отишол од државава.
 
Абе луѓе, кога можеше Грција со 0-0 и 1-0 резултати да победи на Европско, зошто мислите дека некоја незналица нема да победи и на шоуво.

Најчесто, не победува најдобриот....на сите ви е тоа јасно.

Него, ви ги читам постовите од вчера до денес...каква еуфорија кога биле елиминациите за лиглево и 4У, сите :vozbud::vozbud::vozbud: и после 10 минути:facepalm::facepalm::tapp::tapp::facepalm:

Закон :)
 
Да, Тоше последните години работеше надвор.
Не знам шо гледаат сите во таа Србија. Демек кај нас не чини и одма сите у Србија се селат зошто таму мед и млеко тече...
Нашиве „пејачи“ уште македонски не прозбореле, а више почнале на српски да пеат, зошто нели Србија ќе ги направи популарни...
Ако му се укаже на некој да соработува со добар автор/композитор, нормално дека нема да го одбие, не ни ми беше мене тоа поентата, туку дека секогаш се потценува нашава држава. Па мајку му тука почнаа кариера Тоше, Каролина, Тијана, Тамара,а некој уше не сме го виделе и одма во Србија отишол пејач да станува...
И да, за мене се „непатриоти“ сите што ја потценуваат Македонија ;)

Не тече мед и млеко, ама поголем е пазарот. ;)
Единствените кои направија кариера надвор од Македонија, Тоше, Каролина, Калиопи и до некаде Владо Јаневски, се единствените кои имаа(т) концерти. Се останато пее по дискотеки за 100 евра настап. Ако тоа за тебе е задоволително, ондак браво на амбициозноста.
Нормално прво се почнува со околните држави, па потоа се обидуваш и пошироко.
Кој бре ја потценува Македонија? Тоа што имаме композитори што прават преработки на Ако је до мене и добиваат 20.000 евра како награда, тоа е супер, а?
А каде бе бевте сите вие “ПАТРИОТИ“ кога Даниел во 2009та пееше на Охридски фестивал? Или каде беше македонскиот пазар да го препознае талентот на Даниел и на уште којзнае колку други неоткриени таленти кои допрва треба да излагаат?

Не бе, тоа е Македончето, дефиниција за патриотизам - нека седи у мизерија, нека не се обиде надвор - тоа е единствениот показател за патриотизам. А тоа што со неговиот евентуален успех сите ќе пишуваат за талентот од МАКЕДОНИЈА; тоа ич не е битно.

Гарант си му лут и на Перо Антиќ, нели?
СРАМ ДА МУ Е НА ПЕРО ШТО ОТИДЕ У НБА, ТРЕБАШЕ ДА ГИ ОДБИЕ И ДА ОСТАНЕ ТУКА!
Не е патриот!!!! Треба да прифати да игра во последна кошаркарска лига во некој полупрофесионален клуб за да ја докаже својата верност!
Кире Лазаров исто!! Срамота, ќе игра за Барселона, не е патриот!!!!
 
Ги преслушав скоро сите сега и ми се допаднаа Доктори како изведоа се и мислам дека од недела во недела се посигурни и подобри. Може да дотуркаат подалеку зошто реално докажано е дека женска популација повеќе се пали на вакви шоуа и повеќе гласа во споредба со машките и тоа е клучот кај момциве засега настрана што пејат добро.

Даниел исто ми беше одличен, иако песната не ми беше по мој вкус, но се покажа најсигурен додека пееше и тоа е најважно според мене. Исто и Маид, колку и да пее од Чола не го копира реално и пее на негов начин доста сигурно, се гледа кога некој е стресен сеуште, а некој е цела песна најсигурен.

Илма исто има предобар глас за нејзини години, а воопшто и за сите од женскиве што се остаати сега. Искрено ме нервира што почнува полека да глуми и да оди во некој филм, али тоа е тоа сега.

Тамара исто отпеа одлично, но и таа ми се гледа доста ограничена како Лукијан дека мора со потивка матрица, со акустика и бавна песна за да се искаже вокално. Сценски досега не понуди ништо да докаже дека може да мрдни при пеење. Исто не знам зошто никој од жирито не и замери нејзе и на Кики дека беше Dance Night, а таа пееше успорена акустика на Umbrella која немаше допирна точка со темата и не е ферски тоа кон останатите зошто сите тие спремаа побрзи песни, вокално потешки и кој со кореографија, кој не, а таа тоа не го испочитува.

Од Тамара истото ќе го додадам и за Лукијан со тоа што Лукијан воопшто нема некоја привлечна харизма кога пее. Има глас, ама ограничен доста, можеби најмногу исфалшира од сите досега на сите настапи во живо. Искрено ми се загуби во песната на Жељко и многу пати го промаши темпото, исфалшира и се гледа дека дечкото е за акустика само или матрица без многу елементи каде ќе се слуша гласот негов и нема да се слуша кога некаде би отпеал погрешно тонски. Мислам дека или ќе остане и ќе се прослави како кавер мајстор или ќе фати со туро-фолк патот по кој Емина засега го носи.

На иста линија и Алекса. Алекса можеби вокално е најслаб од сите овде, дури и од Чато. Со прелесни песни вокално ми изгледа некако како без сила да ги отпее и тоа што го направи вчера беше 0 според мене. На негова страна е изгледа тоа што е привлечен за женските, па ми се повторува тука теоријата за женските гласачи како за Доктори иако Доктори се вокално неколку скалила повеќе од Алекса. Алекса беше испаднат во бут кампот така и требаше да е во групите, но на крај го заменаа со тој што ја пееше When I was your man и сега е во Докторои, најмалиот (не ми текнува како се викаше), точно е ова за размената така или се лажам??
 
Битно е да се зграби најдобрата понуда за успех, не е битно од која земја и кои автори и композитори доаѓа.
 
Да, Тоше последните години работеше надвор.
Не знам шо гледаат сите во таа Србија. Демек кај нас не чини и одма сите у Србија се селат зошто таму мед и млеко тече...
Нашиве „пејачи“ уште македонски не прозбореле, а више почнале на српски да пеат, зошто нели Србија ќе ги направи популарни...
Ако му се укаже на некој да соработува со добар автор/композитор, нормално дека нема да го одбие, не ни ми беше мене тоа поентата, туку дека секогаш се потценува нашава држава. Па мајку му тука почнаа кариера Тоше, Каролина, Тијана, Тамара,а некој уше не сме го виделе и одма во Србија отишол пејач да станува...
И да, за мене се „непатриоти“ сите што ја потценуваат Македонија ;)
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 12:48 ---


Можеш и тука да успееш, не знам зошто сите мислат дека надвор е се розево...
А тоа шо би одбрал зависи од ситуацијата, ама не верувам дека лесно би си отишол од државава.

Па не дека сум некој зналец, ама не ни треба да сум, за да увидам дека на музички план Србија и Македонија се небо и земја.

И да не е така, и да не успее таму, никогаш не би можел да го обвинам зошто не се вратил. Бил тука, си ја пробал среќата, никој не го приметил.

Убаво пиша, ја потценуваат Македонија. А Македонија што го потцени него? Пробал човекот, пеел по фестивали, пишувал песни, ништо. Отиде на едно шоу, и види колкава фан база стекна, нема луѓе што не го сакаат, срби, босанци, македонци.

А да, и уште нешто. Најпарадоксално е што иако генерално тука повеќето го сакаат, има голем дел и што јадат гомна за него, ваков таков, лажно скромен, глумец...

И ајде сега кажи ми ти кој кого потценил?
 
Примери кои успеав да ги најдам за популарни пејачи ширум светот кои не успеале да победат на шоуа за таленти:

* Beyoncé како членка на бендот Girl's Tyme (истиот бенд кој подоцна станал Destiny's Child) се натпреварувала на шоуто Star Search и изгубила од некои (сега анонимуси) Skeleton Crew во 1993.
* Justin Timberlake (порано - Justin Randall) не успеал да победи на истото шоу - Star Search во 1992. Изгубил од некојаси Anna Nardona
* Usher (тогаш под целото име и презиме - Usher Raymond) не успеал да победи на Star Search шоуто во 1991
* Aaliyah не победила на Star Search во 1989
* Alanis Morissette не победила на Star Search во 1988
* Britney Spears не победила на Star Search во 1992
* Christina Aguilera не победила на Star Search во 1990
* Lady Gaga (порано - Stefani Germanotta) завршила трета на некое талент шоу кое традиционално секоја година го организира New York University. За првопласираните двајца никој не слушнал потоа.
* Петнаесетгодишната Rihanna не успеала да победи на шоу за таленти организирано од училиштето за средно образование во кое учела во 2003.
* Сигурно паметите дека Susan Boyle не успеа да победи на Britain's Got Talent
* Gareth Gates не успеа да победи на првото издание на британскиот Pop Idol (додуша - оправдано, тогаш победи Will Young), а потоа успеал да продаде преку 3,5 милиони копии на неговите синглови во Велика Британија (иако веќе не е активен на музичката сцена, туку како подпросечен актер). Истата година Jessica Garlick заврши деветта.
* Норвешки X Factor - Mohamed Abdi Farah завршил четврт во 2010, а е денес еден од најпопуларните пејачи во Норвешка. Се спомнува како (најверојатно) овогодинешен претставник на Норвешка на Евросонгот. Првопласираните 3 од 2010 во Норвешка биле одамна заборавени.
* Шведски Идол - Loreen завршила четврта во 2005, на првото издание на шведскиот Идол. Денес е далеку попопуларна од првопласираните тројца: Daniel Lindström, Darin Zanyar и особено од тоталниот анонимус денес: Fillip Williams.
* Шведски Идол - Anna Bergendahl - многу популарна пејачка во Шведска, завршила петта на нивниот Идол во 2008. Amanda Jenssen, второпласирана на истото шоу во 2007 има издадено два албуми со платинумски тиражи и еден со златен тираж во Шведска.
* Норвешки Идол - Alexander Rybak, победникот на Евросонг во 2009 бил исфрлен уште во полуфиналето на норвешкиот Идол во 2005. Слична судбина ги снашла и Maria Haukaas Storeng - ултрапопуларна во Норвешка, а завршила седма на Идол (подоцна петта на Евросонг), и Margaret Berger која завршила втора на Идол во 2004 (лани ја претставуваше Норвешка на Евросонг и заврши исто така втора), а во Норвешка е можеби најголемата електропоп ѕвезда.
* Грчки X Factor - Ivi Adamou била шеста, а Eleftheria Eleftheriou дванаесетта во 2012. И двете се многу попопуларни во Грција и Кипар одколку првопласираните петмина.
* Sylwia Grzeszczak, MTV и VH1 ѕвездата од Полска во 2005 не успеала да влезе меѓу десетте финалисти на Полскиот Идол. Денес е број еден изведувач во Полска, а е се попопуларна и низ Европа.
* Британски X Factor - Olly Murs во 2009 заврши втор, а One Direction во 2010 трети. А слушнал некој за победниците на X Factor во Британија во 2009 и 2010: Joe McElderry и Matt Cardle?
* Adam Lambert заврши втор на American Idol во 2009, а Chris Daughtry четврт во 2006.
* Влатко Лозаноски изгуби на талент шоуто Мак Старс од Јане Дунимаглоски. Чул некој за него?
* Димитар Андоновски на второто издание на М2 потрага по ѕвезда во 2003 не беше ни меѓу првите 5. Магдалена Цветковска истата година заврши трета. А каде е денес Изабела Јованов и Нина Јанева (за неа знам - пее придружни вокали). Туна во 2002 на истото шоу заврши четврта, а денес е една од најпопуларните албански пејачки, и член на жирито на албанскиот X Factor.
* Дарко Илиевски на бугарскиот Идол беше првиот од тројцата Македонци кој испадна. Денес е многу попопуларен од Александар Тарабунов и Бојан Стојков. Ако ништо друго, барем од време на време снима по некоја песна и спот, за разлика од нив.
_____________________
Муабетот ми е - ретко кога победува најдобриот на ваквите шоуа. Ќе видиме кој ќе има „кариера“ потоа. ;) За Ќато - не верувам!
 
Многу сте изнапишале вчера, кој ќе ве чита. :D

Според мене вчера најбољи настап имаа Александра Брковиќ, Доктори и Маид.

Илма, Даниел, Лукијан онака, ништо посебно.

Алекса ако продужи да си пее вакви мртви песнички ќе си биде пејач од типот на Саша Ковачевиќ, Владо Георгиев, како што му кажа и Кристина.

Тамара слабо, многу слабо, тешко дека девојката ќе си најде некој правец во музикава, не знам.

4U испеаа ради реда, колку да се рече.

И дај стварно крајно време е да лета овој малиов Харис, кој кур му дал да ми ја пее Били Џинс со тоа гласчето детско, Мајкл Џексон салта праел у гроб!
 
Инаку да, малку е филозоф, ама немаше ништо смешно во тоа што го кажа дека во Виена се игра во дискотеките, пошто во 90 посто од македонските дискотеки, 99 посто од машките (а во последно и 80+% од женските) стојат како укотвени во едно место и најголем подвиг во играњето им е чашата/шишето во една рака и мрдањето на едниот прст на другата рака. Поголема е шансата да начекаш рис, отколку машко што танцува во дискотека. Ама пошто секоја изјава мора да биде исмејана, затоа што едноставно нели, мора да се најде некоја мана, па јасно ми е дека дури и да е во право за тоа што го збори (а тука беше) ќе биде исмејуван.

Ја стварно незнам ти каде излагаш чим не си видела машки како играат, демек сите сте биле во Виена па знаете како е во дискотеките и клубовите тамо.
Знам дека ти е миленик како што и самата кажа, и дека приоѓаш одбранбено кога ќе се спомне лош збор за него.. никој не го оспорува неговото пеење, али дечкото е глуп ко сатар се гледа. Колку сакаш брани го, не сме слепи и глуви. Такво лигавење од негова страна не е потребно. Минатата емисија Снеже го прашува "Даниел имаш ли девојка?" и овој и одговара во стил "Немам девојка, али добро, ако Господ ми дае ќе имам девојка, ако не здравје". Мислам каде со ова?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom