Искрено Даниел и да отпадни уште сега комотно можам да тврдам дека ќе има подобра кариера од тие што ќе одат понатаму и од победникот. Се гледа во секој настап негов разлика меѓу него и останатите. Маид му е тука во тој ранг, ама разликата е евидентна кога некој пее со страв, а некој си е слободен при пеење и привлечната харизма. Само Доктори, Маид, Даниел и тука некаде Илма ја имаат таа харизма која покрај гласот имаат нешто плус што ги издвојува од другите (иако не сум сигурен за Илма), и комотно можат на настап да се ослободат, на бина однесувањето да им е поживо во споредба со другите. Лукијан,Тамара и Бркович го имаат гласот, но таа привлечна харизма не ја гледам кај нив, а плус со исклучок на Бркович другиве двајца се толку ограничени при избор на песна така да не знам искрено кој би одел на нивни настап и да слуша како пеат на акустика зошто тоа што досега го покажаа се докажа дека на цела побогата матрица со погласни инструменти во позадина нивниот глас се губи, фалшираат и тоа е многу лошо поготово за некој што поминал дури 5 настапи во живо. Тамара може некако да пројде со така некои комерцијални песни, ама Лукијан имам предчуство дека ќе фати по турбо фолкот (можда не ептен) со оглед на бојата на гласот и како го насочува Емина засега. Баш сега се зачудив кога видов дека има 20 години, искрено ми личи многу постаро.