Јас никаде не реков дека Раониќ не еволуира, баш пред мечот со Мареј реков дека Раониќ е во животна форма и дека е опасен. Ако успее (а гледам дека се труди) да ја подобри играта од бејзлајн како додаток на одличниот сервис, волеј и форхенд, за скоро време го очекувам во првите 5-6 на светот и да биде потенцијална опасност на секој турнир.
За Енди и јас реков дека шансите му се мали ама се поголеми во однос на Раониќ. Ако утре играше Милош финале, Новак ќе го сметеше теренот со него. Не дека не може да биде и лесни 3-0 за утре, ама поголема шанса му давам на Мареј да направи неизвесно финале него Раониќ.