Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, и Гаске и андерачивер, но реално, Вавринка е поталентиран тенисер од Гаске. Вавринка има талент за стабилен топ десет играч, со можност понекогаш да се вмеша во борба за титула на мастерс или дури за Гренд Слем. Гаскет мислам дека сепак е нешто подолу. Плус, мислам дека Гаске и не работи доволно, малку повеќе сака како Сафин да живее...
Точно. Гаске не работи доволно, од кога се врати после скандалот со кокаинот он некако стагнира, т.е. нема некое драстично подобрување на формата. Инаку јас мислам дека не е ништо помалце талентиран од Вавринка, бар мое мислење е ова, па човекот го има најдобриот еднорачен бекхенд во тенисот, но џабе кога ја нема потребната психа. Но, годинава добро му тргна, го освои турнирот во Доха а еве и добро му иде на АО така да останува да видиме дали ќе не демантира.
Пишувам и на НБА темата ќе пишам и тука, тренерот мнооогу значи, па дури и во индивидуалните спортови како тенисот, многу играчи од кои се очекувало да бидат број еден или барем во ТОП 10 не успеале поради неправилна работа и развој во текот на кариерата. Класичен пример е Томич, кој сеуште е многу млад но глава ставам дека ако работеше со друг тренер а не со татко му ќе беше доста подобро пласиран од сега.
 
Опа... видно оштетен Вавринка, на брејк топката при 4-4 ударот беше на линија, а беше досуден аут и кога сакаше Вавринка да бара проверка.... судијата и Новак со сигурност му потврдија дека тоа било OUT! Алооо...
 
Срамно бе! И Вавринка глуп што не бараше челенџ, да се биде или не беше тој поен. Греота стварно, ради тој поен ќе загуби Вавринка, а да го земеше ќе сервираше за меч.
 
Не знам зошто не побара челинџ тука, ептен беше битен поенот. На 6-6 добијаа 3 нови челинџи, така да фејл потег беше што не побара.
 
Не знам зошто не побара челинџ тука, ептен беше битен поенот. На 6-6 добијаа 3 нови челинџи, така да фејл потег беше што не побара.

Да, последен челинџ му беше, но можеби во таа ситуација и не размисли добро, сепак притисокот е поголем од било кога...
 
Џабе овја нема до утре да завршат,а еве треба ракометот дс почне:D.
 
Се надевам дека публикана вечерала пред мечов :D
 
Ало ракомет треба да гледам. :гик:

Туку, браво за момциве. Јака им душа.
 
Мама миа каков чоп(пинг понг израз) на Вавринка.:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom