Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
извор
Jанко Типсаревиќ продолжи со својата навика да ги предава мечевите за кои што чувствува дека не може да излезе како победник. Иако е гласно критикуван поради ваквиот обичај, српскиот ас продолжи во идентичен ритам и на почетокот од оваа 2013 година, и тоа на ревијалниот турнир во Мелбурн. Типсаревиќ излезе на мегдан со Маркос Багдатис, па откако го загуби првиот сет со 6-1 и имаше негатива од 1-0 во вториот сет, тој веднаш се пожали на болка на зглобот и реши да го предаде мечот.
„Им се извинувам на навивачите и на Багдатис, но Австралија опен сепак е позначаен од било што останато. Не сакам да ризикувам повредата да стане уште посериозна, па да морам да го пропуштам првиот гранслем турнир за оваа година“ - во свој стил коментираше Типсаревиќ.
Тениските аналитичари пресметаа дека ова му бил јубилеен, 25. предаден меч на Србинот, кој што редовно му честита на победникот само кога е во резултатска негатива и чувствува дека нема сила за пресврт. Сепак, тој го допре дното на финалето на турнирот во Истбурн минатата година, кога го предаде мечот против Андреас Сепи кога Италијанецот сервираше за победа, до која што го делеа само три поени. Тогаш Типсаревиќ „почувствува болки во грбот“ поради кои што не можеше да издржи уште неколку минути, туку експресно го предаде мечот. Останува да се види дали тој ваквата своја пракса ќе ја продолжи и на Австралија опен, ако се знае дека во својата кариера тој предал дури 11 мечеви на гранслем турнирите.
Нема потреба од понатамошен коментар.
Не постои друг тенисер со толкава разлика помеѓу талентот и менталитетот, како Вавринка...
дваесет и шестииии . ( летс каунт)
Алмагро - Типсаревиќ 6-2 5-1 ПРЕДАДЕНО
Моментот кога го чекаш последен на тикет , а си убеден дека ќе го убијат во поим , и пред да заспам ми дојде мисла "абе овој пак ако може да предаде?"
И така сабајле си се иронично насмеав во кревет . Место 7000 , само 4000 земав ради ПРЕДАВАЛНАВА.
![]()