Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Дел Потро :tapp:

Федерер со Томич играат добар меч само тешко дека ќе земе сет овој Томич нема игра за брејк :)
 
2-0, ајде уште еден сет, иначе Томич изигра одличен 2 сет....нијанси решаваа, Федерер беше премногу пасивен со форхендот...
 
На овие години почна да игра дефанзивно ... се брани ли се брани
 
Толку од Дел Потро. Не знам само кога ќе им текне на оптимистите дека толку му се можностите на човекот. Секоја година очекуваат којзнае што од човекот, ама тоа е тоа.

Туку Федерер го намачка на леб Томиќ.
 
Дел Потро, смешка. Па уште „фаворит“ за титула.:icon_mrgr:

Не знам како никој не пишал за Монфис - Симон ...:cuc: Тешко да се одигра таков меч до крајот на овој турнир, а се надевам дека ќе е обратно.
 
Се е океј, меч за паметење одиграа Симон и Монфилс, језда до 2-1 гледав па после излегов, али подосаден тенисер од овој Симон нема. Само го префрла топчето преку мрежа и чека грешка од противникот. Денес имаше среќа што го имаше нестрпливиот Монфилс од другата страна инаку да беше некој друг ќе го попареше со 3-0 во сетови. Во еден наврат изиграа поен со 71 удар. :eek: Затоа во следно коло ќе биде сметен од Енди Мареј со 3-0.
Инаку како што реков Сепи ќе му земе сет на умрениот Чилич, но не само што му зема сет туку и го победи. Овој Чилич беше, е, и ќе остане најголемото дрво уз Троицки секако.
И да ја поздравам мртвата Азаренка која ме заеба на ливче, ја имав со 2-0 да тепа, викам ај да дигне коефициент и ме преврте. Жал ми беше за Хамптон, одлично играше девојката но не можеше да се избори со повредата инаку сигурно ќе победеше.
Томич стара песна тера, иако гледав малку хајлајтс и коментаторот рече дека одлично се држел против Федекс но јас сеуште сум со ставот дека нема никогаш да созрее овој момак и ќе си остане лесен плен за појаките тенисери.
За вечер Алмагро-Типса дефинитивно е најинтересниот меч кај мажите, очекувам голема борба, а кај жените Ивановиќ-Радванска треба да е најинтересниот меч. Искрено се надевам дека ќе победи Ана, Радванска почна да ми оди на живци со тој предефанзивен тенис.
 
Abe so go potcenile Janko tolku 2 koef mu dale,ke si go gaze almagro vecerva :D
 
Томич е огромен потенцијал , ама само толку ,премногу го ебе адреналинот.Додека татко му има главен збор во неговата кариера ,тешко дека ке направи нешто повеке .Лик со толку негативна енергија тешко ке произведе врвен играч. Фед го тепаше на интилигенција и искуство ,мислам дека после мечот немаше потреба да се тушира.
Типса вечер пак ке го папа од Алмагро,не оти е послаб ама и него го ебе ,жута минута,
Кога сме кај Типса ,надвор од тенисот и предавањата на мечевите е најкул лик и далеку најинтилигентен и духовит ,а и изиграва диџеј (башка добар бил ,правел многу добри журки)
http://www.youtube.com/watch?v=2-0PKJECLm4
,невообичаена појава во тенисот ,посебно тетоважите. Видете го сеирот со Надал
http://www.youtube.com/watch?v=BgQmWZOLfR0
има и една емисија Tipsatime
Новак мислам дека ке го оддува на Вавринка ,исто и Ферер не би требало да има проблеми .Најнеизвесно ке е Бердих - Андерсон ,овој џинот освен сервис почна и тенис да игра ,Томас ке мора да се помачи
 
Томич стара песна тера, иако гледав малку хајлајтс и коментаторот рече дека одлично се држел против Федекс но јас сеуште сум со ставот дека нема никогаш да созрее овој момак и ќе си остане лесен плен за појаките тенисери.

Мое мислење е дека Томич за 2/3 години ќе гази.
 
Секои 2-3 години истиов муабет се прави, а кога ќе почни со газењето... прашање е големо. :D

Повели, кога на глумецот му требаа 25 години за прв слем, зошто Томич со своите скромни 20 години го отпишувате? што ако земе асален тренер за некоја година, и ги среди бубачките во глава, видовте ли денес во 2 сет што правеше?

Значи ако се исполнат горните 2 услови, кои реално не се некој проблем во комбинација со тенисер во најдобрите години 22-26, мислам дека имаме потенцијално бинго.
 
Повели, кога на глумецот му требаа 25 години за прв слем, зошто Томич со своите скромни 20 години го отпишувате? што ако земе асален тренер за некоја година, и ги среди бубачките во глава, видовте ли денес во 2 сет што правеше?

Значи ако се исполнат горните 2 услови, кои реално не се некој проблем во комбинација со тенисер во најдобрите години 22-26, мислам дека имаме потенцијално бинго.

Туку и то шо викаш, само 20 години има Томиќ, ама шо знам... Мареј се гледаше каква ѕвезда е уште од мали нозе... :) Доста подобар од Томиќ, но не можеш да знаеш како ќе се одвива неговата кариера во иднина.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom