Го префорсиравте Вавринка. Јес да е во добра форма, ја одигра најдобрата сезона во кариерата, но наредната сезона ќе покаже колку всушност е добар. Има добар форхенд, еден од најдобрите бекхенди од АТП играчите, ама сеуште нема психа за да биде топ5 материјал. Oваа година одигра доста добро, ама му треба ГС финале, некоја титула во низа, тек тогаш ќе го достигне својот врв.
А Ферер со кој и да играше на овој турнир ќе загубеше. Уморот си го направи своето, одигра доста турнири во низа, не пропушта ниеден турнир, сегде го има, а и реално Ферер секогаш игра подолги и потешки мечеви и со послаби противници, за разлика од другите играчи од топ10, така да се виде денес и на крајот, не можеше да се движи веќе, ретко кога Ферер оставал топки во аут, а е на метар, метар и пол од нив.
Како и да е, со среќа нека му е Вавринка пласманот понатаму, го заслужи.