ATP World Tour Finals, London | 04 -11 ноември, 2013 |

Победник на ATP World Tour Finals?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 12 26,7%
  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 23 51,1%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Хуан Мартин Дел Потро

    Гласови: 2 4,4%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 7 15,6%
  • Станислав Вавринка

    Гласови: 0 0,0%
  • Ришард Гаске

    Гласови: 1 2,2%

  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Претеруваат Тони и Рафа со коучингот понекогаш, не е дека и другите тенисери не прават така ама овие највеќе се издвојуваат. Само што Вавринка џабе се буни, и со коучинг и без коучинг он не може да го тепа Надал. Иначе како изиграа Ноле и Делпо вчера? Не можев да ги гледам, дај нека каже некој нешто повеќе околу мечов.
 
Исто како и сите други до сега, многу лошо.
 
Исто како и сите други до сега, многу лошо.

:(

Ајде денес навиваме за Вавринка, заслужи да влезе во 1/2 финале. :D Добро, и за Надал треба да навиваме, и од него зависат доста работи околу проаѓањето на Вавринка. :D

Едит:
:D
 
Бекхендот на Стен во овие моменти :drk:
 
Треба многу работи да се поклопат за Вавринка да игра едно финале. Прво, до 1/2 финале да не му е во ждребот Надал, второ, истото важи и за Новак, и трето, треба да избегне некои тенисери што не му одговараат. За мене невозможно е он да игра Грен Слем финале следната година.

За мене Вавринка е најспектакуларен играч на АТП моментално. Она што тој го одигра против Џокович на Ози Опен во првиот сет беше еден од најдобрите сетови кои јас ги имам видено во животот. Никој друг не може да игра таков тенис. Винер по винер, од секоја можна позиција. И Новак рече дека никогаш не видел некој да игра таков тенис.

Проблемот со Вавринка е што тој победува само кога игра спектакуларно (тогаш со Џокович падна во следните сетови). Имаше и други такви играчи, Џејмс Блејк на пример. Кога Блејк беше во удар, беше непобедлив. Се сеќавам пред десетина години на УС Опен го збриша Надал од теренот.

Работата е што е многу тешко да држиш такво ниво на игра. Најголемите играчи победуваат и со просечни игри. Ако Вавринка успее да ги добива послабите противници во просечна игра, може комотно да игра едно финале на ГС.
 
Вавринка рутинирано, очекував поголема борба од Ферер, ваљда уморот си го прави своето.

Ова е прв пат ми се чини од како го следам Ферер, на меч топка да не тргне да ја враќа, туку се надеваше дека ке отиде во аут, а беше на метар до метар и пол од него ритернот од сервисот.
 
Па не беше баш рутинирано. Вавринка не знаеше кај тера при крај на прв сет и на почеток на втор сет каде што Ферер можеше рано да направи брејк. Бердих со Ферер беше рутинирано.
 
Па не беше баш рутинирано. Вавринка не знаеше кај тера при крај на прв сет и на почеток на втор сет каде што Ферер можеше рано да направи брејк. Бердих со Ферер беше рутинирано.

Го пропуштив почетокот на вториот сет, дур да стигнам од кладилница до дома.
Првиот си беа изедначени, иако Давид имаше шанса на 5-5 да го реши во своја корист.

Од средината на вториот сет, до крајот, рутинирано.
 
Овој србинот на претходната страна што е копиран, се арно, ама го испуштил најбитното - годините на Федерер.
 
Го префорсиравте Вавринка. Јес да е во добра форма, ја одигра најдобрата сезона во кариерата, но наредната сезона ќе покаже колку всушност е добар. Има добар форхенд, еден од најдобрите бекхенди од АТП играчите, ама сеуште нема психа за да биде топ5 материјал. Oваа година одигра доста добро, ама му треба ГС финале, некоја титула во низа, тек тогаш ќе го достигне својот врв.

А Ферер со кој и да играше на овој турнир ќе загубеше. Уморот си го направи своето, одигра доста турнири во низа, не пропушта ниеден турнир, сегде го има, а и реално Ферер секогаш игра подолги и потешки мечеви и со послаби противници, за разлика од другите играчи од топ10, така да се виде денес и на крајот, не можеше да се движи веќе, ретко кога Ферер оставал топки во аут, а е на метар, метар и пол од нив.

Како и да е, со среќа нека му е Вавринка пласманот понатаму, го заслужи.
 
Него сега ке биде интересно, Надал со Бердих...

Надал има 13-0, во последните 4 години.

Но вечерва може да биде друга приказна.
Надал не го игра својот најдобар тенис, иако подлогата е спора, што му одговара, и не му е потребна победа.
Бердих сервираше добро против Ферер, па ке видиме дали Бердих може да го скрши мразот.
 
За мене Вавринка е најспектакуларен играч на АТП моментално. Она што тој го одигра против Џокович на Ози Опен во првиот сет беше еден од најдобрите сетови кои јас ги имам видено во животот. Никој друг не може да игра таков тенис. Винер по винер, од секоја можна позиција. И Новак рече дека никогаш не видел некој да игра таков тенис.

Проблемот со Вавринка е што тој победува само кога игра спектакуларно (тогаш со Џокович падна во следните сетови). Имаше и други такви играчи, Џејмс Блејк на пример. Кога Блејк беше во удар, беше непобедлив. Се сеќавам пред десетина години на УС Опен го збриша Надал од теренот.

Работата е што е многу тешко да држиш такво ниво на игра. Најголемите играчи победуваат и со просечни игри. Ако Вавринка успее да ги добива послабите противници во просечна игра, може комотно да игра едно финале на ГС.

Ех таа психа... Блејк и оваа сезона имаше некои добри мечеви. Ако ти текнува во Синсинати или Вашингтон, не ми текнува кај беше, го истресе од земја Јанович, не давајќи му простор да мрдне, го уби со агресивните ритерни.

А браво за Стан иначе, мислев ќе се распадне по изгубениот прв сет али сепак успеа да победи. Ајде сега навиваме за Рафа за да оди стан во 1/2 финалето.
 
Moментално, тактиката на Бердих се состои од
- Играј му на бекхенд, таму не знае.

И Рафа не е баш сјаен, но ајде... ке го почекаме крајот.
 
Ударите на Надал од меч во меч се продлабочуваат, против Вавринка паѓаа во сервис полето, сега со Бердих одат малце подлабоко, негде позади сервис линијата, па ваљда до финале ќе дојдат негде кај основната. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom