ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак е донесена одлука да се замрзнат поените кои се сега на АТП листата, и ќе остане ваква состојбата додека не се почне да се одржуваат тениските турнири.
Никој повеќе нема да губи поени на листата, се ќе биде замрзнато, пример Федерер ќе остане 4 место со 15 помалку од Доминик Тим.

И нема да се бројат овие недели во вкупниот број недели поминати на 1 место на АТП листата за Џокович во вкупниот број на негови недели во кариера поминати на позиција број на АТП листата, така да за Џокович повеќе време ќе му треба да го достигне рекордот на Пит Сампрас и на Федерер во поминати недели на првото место на АТП листата.
 
Oд вечерашниот Инстаграм live Мареј со Ѓоковиќ



 
Последно уредено:
На Спорт Клуб го даваат со Џокович па ми текна на него, каде е и што се случува со Алекс Долгополов ?!
 
На Спорт Клуб го даваат со Џокович па ми текна на него, каде е и што се случува со Алекс Долгополов ?!
Проблеми со здравјето имаше мислам па поради тоа прекина ако не се лажам
 
На Спорт Клуб го даваат со Џокович па ми текна на него, каде е и што се случува со Алекс Долгополов ?!
Имаше проблеми со здравјето, а и ликот општо има некоја болест/синдром, не сум сигурен што е точно, од летање. Најавуваше враќање сезонава, сеа со коронава искрено не знам што ќе биде. У секој случај интересен играч, тотално чуден стил на тенис фура али доста е незгоден кога е во форма.
 
Sho zabeguva Djole so bezveze muabeti. Sho i da sakas da kazes treba da si svesen deka mediumite ke isprevrtat se sho si kazal. Aj da bese blizu restartot pa da go sfatev deka vakvi izjavi dava za publikata uste tolku da e protiv nego, a toa da go motivira do tituli.
 
Од сите спортски прекини најмногу ми е криво за тенисов, една од најлегендарните битки за титули од историски аспект ги сјеба :(

Ама ајде, ќе се тешам дека можеби ќе одморат ГОАТовиве па ќе им има позитивен ефект некако
 
Сега ќе бевме во време на најдобрата конкуренција, Ролан Гарос и шансата на Рафа да го изедначи Роџер во гренд слемови.. Секако не смее да се отпишат и Тим и Новак во муабетов за Ролан Гарос, ама и самата бројка од 12 титули го прави Рафа апсолутен доминатор. Ми фали тенисот воопшто, немам некое инфо кога би се вратиле првите турнири а и претпоставувам дека можат да играат, бидејќи е ИНДИВИДУАЛЕН СПОРТ и се на растојание од 10 метри.. Ама мораат и организаторите да земат пари од публика, а публика нема..
 
проблемот се летовите (моментално ги нема)секоја недела си во различна земја, а не тоа дека ќе земаат пари од публиката, ако гледаме така фудбалот далеку поголема заработувачка има од публиката отколку тенисот, па еве почнаа да играат без.
 
Од сите спортски прекини најмногу ми е криво за тенисов, една од најлегендарните битки за титули од историски аспект ги сјеба :(

Ама ајде, ќе се тешам дека можеби ќе одморат ГОАТовиве па ќе им има позитивен ефект некако



Оваа пауза е шанса за помладите генерации тенисери како Тим, Медведев, Циципас и Зверев, на нив 1 изгубена година поради неиграње тенис нема да им влијае бидејќи се млади, а големата тројка им е ова голема загуба поради нивната возраст.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom