ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Федерер е премногу пасивен, не го користи форхендот, и не иде на винери, него гледа само да си земе свој сервис. Оваа тактика може да биде погубна на Вимби...

Е сега, ако игра така свесно во ред си е, ама ако тоа е нешто како нова тактика......лошо.

За мене просечно изгира, ако не ги рачунаме сервисите, на премногу кратки топки одговараше со благо префрлање на топчето, како на земја да играше...:facepalm:
 
Последно уредено:
и шо викате , многу интересни мечеви се играат на трева :D . Овде прекратки поени , се отепаа тајбрејкови играње . На земја предолги , да заборави човек кој беше на серва. Тврда подлога права ствар.
 
Ок де еден турнир не е меродаван секогаш, генерално на трева се игра нај атрактивен тенис.
 
MichealJacksonPopcorn.gif
 
BTW само финалево беше досадно, другите мечеви си беа добри...
 
Браво Гришо за победата. Првиот тенисер коj има три титли на три различни настилки. Во Акапулко, Букурест и Куинс Клаб Лондон. БРаво Гришо да ти се множат успесите и добро претставуване на Уимболдон.
 
Како успеа бе да победи Димитров? Губеше како грчка во последен сет...:LOL:
 
Како успеа бе да победи Димитров? Губеше како грчка во последен сет...

Успеа со концентрациjа во решителните моменти. ;) А и нешто интересно. При последната титула на Гришо во Букурест во истото време и Федерер победи, денеска отново Григо во ист ден поново титула со Федерер. Само се надевам да не печели само и единствено кога печели Федерер зашто титулите на швеjцарецот со годините значително намалуват.
 
и шо викате , многу интересни мечеви се играат на трева :D . Овде прекратки поени , се отепаа тајбрејкови играње . На земја предолги , да заборави човек кој беше на серва. Тврда подлога права ствар.
Обратно можам и јас да кажам. тенисот на трева, прекраток , сервиси, асови, нема развивање на поен, нема тактика и не се гледа квалитет на тенисер со удари пошто слизнува топчето па ги лупаат у публика топчињата и се се сведува на тоа кој подобро ќе сервира. За мене премногу очигледно и досадно. Ова чисто дека уште изгледа тераме дискусија за подлоги.
 
Обратно можам и јас да кажам. тенисот на трева, прекраток , сервиси, асови, нема развивање на поен, нема тактика и не се гледа квалитет на тенисер со удари пошто слизнува топчето па ги лупаат у публика топчињата и се се сведува на тоа кој подобро ќе сервира. За мене премногу очигледно и досадно. Ова чисто дека уште изгледа тераме дискусија за подлоги.
Тоа е убавината на тревата, не го потиш со префрлања туку со кратки разменувања и брзи поени создаваш задоволство кај публиката. Башка убаво делува зеленето, онака весело
 
Само се прашувам дали ќе дојде денот кога некоИ ќе разберат дека секоја подлога си има своја убавина и свој шмек и дека не за џабе се измислени три различни подлоги. Не се ваљда луди овие од АТП, а некоИ од КГН форумот да се попаметни... Земја=размени, трева=кратки поени, волеи, смечови, бетон=мешавина од овие двете, во зависност од брзината на бетонот. Просто како грав и џабе се полемизира која подлога е поубава кога не постои таква, затоа што секое мислење околу подлогите е лично и субјективно. Еве јас навивам за Надал а омилен турнир ми е АО, а знаеме дека Надал најмалце пати го има освојувано овој Слем. Едноставно и турнирот и подлогата ми се допаѓаат и тоа е тоа, ама никако не можам да натурам мислење на некој да го почитува и сака АО исто како мене, затоа што можеби на некого му е Вимблдон омилен, на некој Монте Карло, на трет Париз итн итн...
 
Утре далеку поинтересно ќе е финалето во Квинс, Гришо против Лопез, очекувам голема борба и сакам Гришо да го освои трофејот. Мора некако да ја подобри таа психа веќе, преталентиран е а доста мечеви има загубено на глуп начин поради распаѓање во битни моменти.

Навистина имаше голема борба и тоа беше најдолгото финале во историјата на Квинс. А за Гришо сметам дека има психа, инаку не би освоил последните седум тајбрејкови во трети сет и четири од пет финалета на ниво АТП. Претпоставувам не ја следиш во близина неговата игра во текот на последните две три години, но тоа што му недостасаше беше физика, а не психа. Еве во последното интервју Р.Рашид вели дека кога е почнал работа с Гришо тој е имал физика на младеж, често имал крампи во третите сетове и т.н. Сега ако не си гледал целиот меч и видиш дека Гришо допушти пробив во првиот гејм на третиот сед од 40-0 ќе речеш дека имал проблеми со психата. Може и така да се рече, но се виде дека потоа игра концентрирано и успеа да врати брејкот и ако не се лажам тоа беше првиот пак кога Лопез бе пробит во турниров. Инаку секи тенисер може да има спад во одреден момент од мечот, но разликата мегу најдобрите и другите е во тоа дека најдобрите или немат или имат вакви спадове ретко, а кога ги имат имат и вештините да ги компензираат. Сега Гришо уште е далеку од најдобрите, но сака да биде от нив, напредува и има уште многу што да подобри во играта си, која преди да почне работа с Р.Рашид беше атрактивна, но не беше стабилна, претежно против помоќните тенисери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom