ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.993
Поени од реакции
16.435
Е да, а виде Грабуловски денес играше на челенџер во Белгија ,изгуби од Девилдер (1-6,4-6), одлично искуство за него .
На 30 години, едно искуство понатаму во кариерата.:icon_mrgr:
 
L

Löwe

Гостин
И тоа Вајлд Карта му дале на Грабуловски. Веројатно дека во Белгија живее.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 17:07 ---
 
А

Анноун

Гостин
Е да, а виде Грабуловски денес играше на челенџер во Белгија ,изгуби од Девилдер (1-6,4-6), одлично искуство за него .
Видов . Земал 5 гема против Девилдер , а овој Девилдер на Роланд Гарос зема 5-6 гема едвај на Џокович и играта му беше смешна.

Од ова поубава слика до кај ни е тенисот - АМИН !
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
После победата над Надал на Вимблдон, Росол совлада уште еден тенисер од самиот врв на АТП листата, Троицки беше денеска решен со пресврт, на турнирот во Баштад, со 2-1 во сетови, одлично го отвори мечот Троицки со 7-5, но потоа Росол со 6-3 и 6-4 го доби мечот..направи брејк во третиот гејм од третиот сет, што беше решавачки за дуелот.
Јас ќе го тепам Троицки, понестабилен тенисер, амин.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.944
Поени од реакции
116.466
Рафаел Надал го откажа учеството на ОИ поради повреда. Рафа изјави дека ова е најголемото разочарување во неговата кариера и дека е несреќен поради тоа што нема да ја носи шпанската застава на отварањето на игрите.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Штета за Шпанија, најдобриот спортист да ти откаже, секако и за Рафа но не толку за него, тој веќе си има олимписки медал и тоа ЗЛАТО.:)
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.842
Штета за Надал, но што е тука е повредите се дел од спортот (посебно кога твојата игра се заснова најголем дел на физички план), но затоа тука се отвора простор за Федерер кој е во најдобра форма моментално.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ништо ич, се сомневам дека ќе гледам тенис на ОИ, па и било кој друг спорт. Страшно.
 
С

сашенко

Гостин
Не бе шо ви е, страшен тенис ќе има мора да се гледа :vozbud:. Жалосно за Рафа ама тенисот продолжува, и Федерер имаше свои падови па еве фановите негови што си дочекаа, чил ќе има подобри времиња
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Не бе шо ви е, страшен тенис ќе има мора да се гледа :vozbud:. Жалосно за Рафа ама тенисот продолжува, и Федерер имаше свои падови па еве фановите негови што си дочекаа, чил ќе има подобри времиња
Да не ти се верува какви реакции, ко да ја завршил кариерата. Гледајте Олимписки Игри, тоа се дешава еднаш на 4ри години, башка еднаш го освои златото, перверзно е да се бара 2 пати со ред, for f sake.
 
С

сашенко

Гостин
Абе да ама не се сите фанови на олимпијадата, некои ја гледаат само ради своите фаворити. Нормално е да не сакаат да гледаат без Надал. Јас нема шанси да не гледам, олимпијада не се пропушта за ништо на светов ама фрустрацијава за негово отсуство ја делам со сите нив. Мислам човече аман, кога ке пројдат два турнира по ред без да се пожали за нешто.Стварно е тешко да сватиш што му се дешава на човеков. Сигурен сум дека му се повеќе психички проблемите ама дај нека порасне веќе, нека најде психолози боље нека се опраи и нека не се замара со вакви ствари. Има спортисти кои вложуваат многу повеќе напор од него во играта и пак играат, се опоравуваат од повреди и тераат даље. Што и да беше тогаш со неговите колена, ако он не го тргнал од мислите тој страв, ако не ги надминал сите проблеми што му се изнадесија ради повредите порано нема никогаш да заздрави. Ке има добри моменти, ке игра и ке освојува сепак е голем талент и феноменален играч ама ако не го надмине тој психички проблем ќе остане само кралот на земјените терени и Новак лесно ке го премине во трката за Гренд Слемите на Роџер. Пред некоја година и те како се чинеше дека Надал може да направи многу повеќе од Федерер, ама со ова однесување, со оваа несигурност, нестабилност и се почесто повлекување од големите настани губи премногу. Нека оди нека лови риби по Мајорка, негов живот е нека прави што сака ама има милиони фанови во светот што чекаат резултати од него. Важеше за идол на младите тенисери а сега стварно незнам што тие би научиле од него. Разочарувачки е кога ке видиш дека вакви работи му се случуваат на голем шампион каков што е он ама сигурен сум дека после неговото пензионирање кога ке си признае што му се случувало вистински (баталете тоа сега што се збори) ке си признае и самиот дека психички се убивал, дека му било единствениот проблем во кариерата. Ако не ги исфрлиш стравовите од повредите никогаш нема ни да ги надминеш. Тоа е факт, правило и важи за секоја јебана работа во животов. И сигурен сум дека и него му е совршено јасно ама не е ништо ново од Рафа да покаже слабост во вакви ситуации каде е потребна ментална сила. Ми се чини како да се навикна да биде повредениот Надал и тоа е стварно лошо. Му треба некој да му мавне шамар два, да го освести и да го врати во игра. Кога е мотивиран, кога е ментално спремен заборава на повредите тотално, внесен е во играта и сконцентриран и никогаш не му прават проблем колената. И тоа е единствената тактика за него. Штом малце падне психички, едно поголемо разочарување и сите повреди му искачаат. Премногу очигледно стана веќе. Ин не е фејк како што вика некој, тие проблеми се дешаваат, болката е тука, оневозможен е да игра. Ама кога знае каде се наоѓа коренот на сите проблеми, нека го реши аман веќе. Млад е го има сето време на светот, има пари и има можности да го направи тоа. Вака е жалосно да се гледа како се упропастува и какви шанси пропушта...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.993
Поени од реакции
16.435
Чилич = Мареј :tapp: .. да загубиш од Хас, а во прв сет имаше водство од 3-0 во гемови, па после во тај брејкот 3 поени предност, 3 сет топки, годините во кој се наоѓа Хас тоа би требало да биде лесно освоен сет, па на крај краева и меч, ама не, зошто да го победи Хас, нема потреба.
Монако утре лесно ќе си ја освои титулата во Хамбург, барем се надевам, и ќе се извади за поразот од финалето против Типса минатата недела, а Типса ќе игра финале Гштад против Белучи. Нишо чудно да сврзи уште една титула.
 
А

Анноун

Гостин
За момент помислив дека пак ќе гледаме финале Монако-Типса , но не играле овојпат на ист турнир

Утре финалиња
Монако - Хас (Хамбург)
Типса - Белучи (Гштад)

Соеда/Милер - Родик/Иснер (Атланта)

Милер води 1-0 во сетови и 3-1 вогемови во втор сет. Штета што Американците не се паднаа во финале . Ќе има пукање вечер на тврда подлога Асови :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom