ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.189
Tипса денес ја усра работата против Белучи, ама пак и Белучи без разлика што се наоѓа на 60 место на АТП листата, заслужува сигурно да е во ТОП 20 тенисери, сеа со овие 250 бодови ќе влезе помеѓу најдобрите 40 (38 место ми се чини), барем така мислам дека ќе е.
Па се надевам и понатаму ќе освојува титули и ќе се приклучува кон врвот, стварно не е лош тенисер, а рангот и не е така реален, според мене.

Штета за Типса што не сврза два турнири во серија, убаво ќе беше тоа, но и овака направи добро салдо на поени, титула во Штудгард и финале во Гштад не е малце.

Монако како што и очекував, го совлада Хас, малце потешко од очекувањата, се помачи, ама на крај си ја освои титулата.
Вечер на финалето во Атланта ќе играат домашниот тенисер Енди Родик и Мулер од Луксембург.

Следна недела не очекува турнир во Кицбил (250) и турнир во Лос Ангелес (250).
Oд сабота стартува и олимпискиот турнир, па така тој ќе е во преден план.

После нив се Торонто, Синсинати (мастерс турнири..) како за загревање на УС Опен кој започнува на 27 август.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Хмм, дискутабилно тоа дека Белучи заслужува да биде топ 20 тенисер, за мене е под тоа ниво.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.189
Хмм, дискутабилно тоа дека Белучи заслужува да биде топ 20 тенисер, за мене е под тоа ниво.
Во ТОП 20 се тенисери како Грањолерс, Нишикори, Чилич (лабилен тенисер), Колшрајбер, Мајер, не зборам баш дека треба да биде во тој круг на тенисери, ама коа ќе погледниш кој други се таму, оти да не и Белучи, има 24 години, до 28-29 верувам дека ќе напредни од оваа позиција кај што е сега.
Фиш се наоѓа меѓу ТОП 10, секако кај да е ќе ја прекине кариерата има 30 години, па ќе се отвори место за нови тенисери.
Сеа можеби и го преценив, ама ете нека не е 20, нека е 30, а сигурно има послаби тенисери во моментот таму од него.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Чилик е бог за овој, ако е лабилен, Нишикори ќе го тепа исто така, Кол е веќе доста подобар.

Али ок, знам што сакаш да кажеш :)
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Хмм, дискутабилно тоа дека Белучи заслужува да биде топ 20 тенисер, за мене е под тоа ниво.
Многу му варира формата, затоа ја има оваа позиција моментално. Лично, по мое мислење, може и во топ 15 доколку е константен. Го намачи Федерер годинава на некој од америчките мастерси, го намачи и Рафа пред 2 години на Ролан Гарос.
Беше многу блиску да го победи и Ѓоковиќ минатата година во Мадрид, во полуфинале.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Гледам пишувате за Белучи.....како што кажавте не е константен во формата, тој му е главен проблем а инаку ите како можи да биди во топ 20.....
Друга работа што сакав да ја кажам е за Енди Родик (за кого уште од почетокот кога почнав да гледам тенис навивам)....за него Америчкиве турнири можат да бидат почеток и крај....затоа ми е многу мило што ја освои Атланта, прво му се зголемува самодовербата, напредуваше 5 места на АТП, и ако не успее да направи позначаен резултат на овие турнири, мислам оти ќе оди во пензија.....и ептен ме нервира што не игра повеќе серис-волеј игра- скоро неверојатно е како можи играч со таков сервис да не игра сервис-волеј, па пред 3-4 години кога го играше можда најдобриот тенис во кариерата, секогаш играше сервис-волеј, а сега е премногу дефанзивен.....
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Иако е челенџер,вреди да се спомене :vozbud: Чирич пцуе како прав Србин :pos:,му еба матер на судијата.:)Ајде сега Кирче да го тепа вака нервозен(го имам да тепа Кирче).ауауаууа пцуе ал пцуе,доби warning:vozbud:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Гледам пишувате за Белучи.....како што кажавте не е константен во формата, тој му е главен проблем а инаку ите како можи да биди во топ 20.....
Друга работа што сакав да ја кажам е за Енди Родик (за кого уште од почетокот кога почнав да гледам тенис навивам)....за него Америчкиве турнири можат да бидат почеток и крај....затоа ми е многу мило што ја освои Атланта, прво му се зголемува самодовербата, напредуваше 5 места на АТП, и ако не успее да направи позначаен резултат на овие турнири, мислам оти ќе оди во пензија.....и ептен ме нервира што не игра повеќе серис-волеј игра- скоро неверојатно е како можи играч со таков сервис да не игра сервис-волеј, па пред 3-4 години кога го играше можда најдобриот тенис во кариерата, секогаш играше сервис-волеј, а сега е премногу дефанзивен.....
Родик е доста потценет тенисер, кој заради своите мечеви во младоста против Федерер во god mode, го рачунаат за просечен сега, мечевите во таканаречената "слаба ера" во која Федерер му враќаше серивис од 220 километри како од шала - easy mode.

Други тенисери кои од поглед на техника се едно 3 класи подобри од пациентиве сега, се Сафин и Налби, поготoво вториов, кој успеаваше без одбрабена игра да го тепа Федерер како мало дете, со техника, и напаѓачки тенис, не со одбрана, иако после Федерер генерално го научи и почна лесно да ги освојува нивните дуели, сепак ова е единствениот тенисер кој со напаѓачки тенис константно т.е. неколку пати по ред го победи на Федерер, другите сите користеа разонразни тактики и деструктивни игри за да дојдат до таа цел.

Да немаше проблеми со повредите Сафин, сега ќе имаше најмалце 5-6 слемови, истото важи за Налби но он имаше проблеми и од психичка природа така да мислам дека е сосема нефер и некоректно да се криткуваат вакви играчишта, поготво не ако ги споредиме со овие од "сегашнава силна ера" :facepalm: Содерлинг, Тцонга, Типсаревич и слични на нив :icon_lol:
 
Потценет е Родик ама бројките не го кажуваат тоа.....
Единствен играч заедно со Федерер кој 12 години со ред освојува барем по 1 АТП турнир годишно
Трет играч од активните играчи по број на освоени титули 32.....иако за брзо време ќе го престигни Ноле, ама ова се бројки кои сигурно неможи да ги има просечен играч....дефинитивно мора Родик да биди поагресивен, барем во ситуациите кога ќе му се покаже шанса да биде агресивен (пред се зборувам кога ќе добие предност во поенот заради неговиот силен сервис).....
И да се надоврзам....крајно ме нервира што играчи како Типсаревич, Алмагро кои во кариерата имаат по 7-8 титули (тука не ги бројам челенџерите) се во топ 10.....
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Yep, точно, иако не го сакам како и ниеден Американец освем Пит, мора да се биде реален тоа се факти.

Иначе препорака за сите кои живеат во фантазијата за "слабите тенисери во минатото" и "слабатa ера" која била порано, нека го изгледаат дуелот помеѓу Сафин и Федерер АО 2005, толку.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Yep, точно, иако не го сакам како и ниеден Американец освем Пит, мора да се биде реален тоа се факти.

Иначе препорака за сите кои живеат во фантазијата за "слабите тенисери во минатото" и "слабатa ера" која била порано, нека го изгледаат дуелот помеѓу Сафин и Федерер АО 2005, толку.
Во тоа време ретко кој играше дефанзивен тенис, затоа и натпреварите беа многу интересни за гледање......сега ретко кој напаѓа, ретко кој игра сервис-волеј (со право рече вчера коментаторот на спорт клуб сервис-волејот изумира од сегашниот тенис) иако е права уметност да ја гледаш таа игра, затоа имам високо мислење за Лодра, Фиш кои можеби не се којзнае какви тенисери (посебно првиот) ама нивниот сттил на игра е фантастичен- агресивни, брзи поени кои завршуваат во првите 3-4 удари.....баш заради тоа почнав да навивам за Родик, порано играште многу поагресивен тенис, ама во последно гледам и тој се вклопува во "сивилото" на негативниот (дефанзивен) тенис......
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
И да сакаш во денешно време неможеш цело време да играш напаѓачки тенис, која сврха ако лупнеш форхенд од 130 километри, кога топчето после допирот со земјата наместо да се убрза тоа се успорува и наместо да одскокне ниско - flat, тоа лета во висина над половина? истото важи и за сервисот, све е успорено....така да немој да мислиш дека Рoдик несака и неможе да игра напаѓачки тенис ама за да се прави тоа на овие подлоги треба да гаѓаш 6 од 6 линии за да земеш поен, а да бидеме искрени Родик не е во таква форма за да може константно да игра без грешка, и да биде толку прецизен.

Згора на тоа сега скоро сите се одлично физички подготвени, топките се потешки - поспоро летаат, и лесно.....релативно лесно се игра одбрана, за разлика од напад.

Така да на напаѓачите им е многу потешко него на дефанзивците, затоа се смени скроз стилот на игра, и S&V играта исчезнува скроз полека но сигурно, мораа да се приспособат и да ја променат играта сите играчи од овој тип.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
И да сакаш во денешно време неможеш цело време да играш напаѓачки тенис, која сврха ако лупнеш форхенд од 130 километри, кога топчето после допирот со земјата наместо да се убрза тоа се успорува и наместо да одскокне ниско ниско - flat, тоа лета во висина над половина? истото важи и за сервисот, све е успорено....така да немој да мислиш дека Рoдик несака и неможе да игра напаѓачки тенис ама за да се прави тоа на овие подлоги треба да гаѓаш 6 од 6 линии за да земеш поен, а да бидеме искрени Родик не е во таква форма за да може константно да игра без грешка, и да биде толку прецизен.

Згора на тоа сега скоро сите се одлично физички подготвени, топките се потешки - поспоро летаат, и лесно.....релативно полесно се игра одбрана, одколку напад.

Така да на напаѓачите им е многу потешко него на дефанзивците, затоа се смени скроз стилот на игра, и S&V играта исчезнува скроз полека но сигурно, мораа да се приспособат и да ја променат играта сите играчи од овој тип.
Па јас не велам оти треба скрос напаѓачки тенис да играат ама 85% од сегашниве играчи играат 3 па и 4ри метри зад основна линија и без ризик само ги враќаат топките а притоа се и многу физички спремни за да можат секоја топка да ја стигнат...не е само во тенисот, и во фудбалот прво се гледа одбраната па нападот така да секој спорт сега тежи повеќе кон одбрана отколку кон напад.....
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Па јас не велам оти треба скрос напаѓачки тенис да играат ама 85% од сегашниве играчи играат 3 па и 4ри метри зад основна линија и без ризик само ги враќаат топките а притоа се и многу физички спремни за да можат секоја топка да ја стигнат...не е само во тенисот, и во фудбалот прво се гледа одбраната па нападот така да секој спорт сега тежи повеќе кон одбрана отколку кон напад.....
Jaсно другар се разбираме, ама сакам да ти кажам дека за да играш напаѓачки тенис треба и соодветна подлога - услови, иди пробај освој го Монако со напаѓачки тенис против Надал? шансите се минимални....

Е сега, гледај некој наптревар од WTF турнирите и ќе видиш што е рај за очи, напаѓачки тенис at its best, таму напаѓачкиот тенис профитира :)

БТЊ, да се вратиме во сегашноста, каков фејл мајко мила АХАХАХААХХАХ!!!!!!!!!!! :pos:

1.33 крај!

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Налбандијан колку шо памтам 2010 беше повреден и дел од претходната година, a ako ги видите резултатите на Гренд Слем турнирите претходните две години, тешко дека би стигнал до 5-6 во кариерата. На пример Дел Потро освои УС Опен 2009 и ја испушти цела 2010. Прашање е како ќе се развиваше, а за Налбандијан на 28 години во 2010 тешко дека би парирал на Ноле, Надал, Федерер, Мареј. Родик малку го имам фатено како игра, aли го памтам финалето со Федерер 2009 беше неверојатен. Ама ако видиме малце статистика, има освоено само 5 Мастерси и 1 Гренд Слем плус 4 загубени финалиња. За споредба Мареј на 25 години во конкуренција на топ 3 има 8 мастерси и 4 финалиња на Гренд Слем. Можда оти Федерер бил прејак тогаш, не знам.

Aма Федерер сеа има 31 година, на 25 бил далеку подоминантен над другите и можда затоа многумина викаат дека тоа било слаба ера. У прилог на ова оди 21-3 Роџер вс Родик. Сега на 31 со Надал, Мареј и Новак во топ форма и 6-7 години помлади нормално дека не може да е исто.

Не знам што сте се фатиле за Алмагро и Типсаревич. Погледнете дека годинавa учествуваат на секој можен турнир(по 18 и двајцата) и така напредуваат. Догодина кога ќе треба да ги бранат поените, па многу тешко ќе ги одржат позициите на кои се моментално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom