Dick move од Warner Bros. што им наложиле на Гугенхајм и Берланти да се ''ослободат'' од сите Batman/Suicide_Squad related ликови во ТВ сериите. Разбирам Харли Квин и Брус Вејн да им се off limits за во сериите, ама другите ликови стварно не знам како би им наштетиле на филмовите. Баш напротив, Suicide Squad во Ероу (иако ефтино) беше баш интересно прикажан како концепт. Неупатените ја запознаа групата негативци како оперира од една страна, а од друга CW индиректно правеше гага промо и маркетинг на SS филмот годинава. И за Детстроук, ама посебно за Аманда Волер ми е криво, бидејќи во Ероу баш беше ѕверски прикажана .. А и глумицата не беше лоша.
Како тргнале, гарант до крајот на сезоните ќе ги килнат и Катана, и Кинг Шарк, а и АРГУС може како институција ќе ја затворат. Стварно глупо е ова .. Посебно поради тоа што ДЦ изјавија дека сериите и филмовите нема да им бидат поврзани и ќе си бидат во посебни континуитети.
ПС - Читајќи за кастрењава и реперкусиите деновиве во врска со ова, се прашувам: Како уопште постои Флеш ТВ серија, кога Флеш е А-листер на ДЦ и еден од главните членови на Џастис Лиг?! Почнаа ДЦ самите да си прават проблеми - Кога публиката веќе навикна на него, симпа фаца им е, а се научија дека Грент Гастин нема да биде Флеш во Џастис Лиг филмовите. Негативни реакции еден куп имаше, на што и самиот Грент мораше да се огласува пред некоја недела.