Arrow

Член од
18 април 2010
Мислења
2.641
Поени од реакции
3.533
arrowwallpaper.jpg
После силниот бродолом, милионерот и плејбој Оливер Квин беше исчезнат и претпоставуван за мртов пет години пред да биде откриен жив на далечен остров на Пацификот. Кога тој се враќа дома во Старлинг, неговата верна мајка Моира, и сакана сестра Теа, и неговиот најдобар пријател Томи му посакуваат добредојде, но тие чувствуваат дека Оливер е променет од неговото тешко искушение на островот. Додека Оливер ја крие вистината за човекот кој што тој сака да стане, тој очајно сака да направи измени за акциите кои што ги превземал кога тој беше момче. Особено тој бара помирување со својата поранешна девојка Лорел Ленс. Оливер се поврзува повторно со своите најблиски, и тајно ја содава личност Стрелач – одмаздник, кој сака да ги оправда неправдите создадени на неговото семејство, да се бори со злото на општеството, и да го врати градот Старлинг на своја поранешна слава. Преку ден, Оливер ја игра улогата на богат, безгрижен човек кој ги крие своите сексуални афери – нападнат од страна на неговиот возач/телохранител Џон Дигл – додека внимателно ја крие тајната на својот идентитет под закрилата на темнината. Како и да е, таткото на Лорел, детективот Квентин Лонс, е решен да го уапси одмаздникот кој оперира во неговиот град. Во меѓувреме, мајката на Оливер знае многу повеќе за смртоносниот бродолом, и тој е многу повеќе безмилосен отколку што можеше да замисли.
Хм ме зачуди зошто нема тема за еден од најфалените пилоти оваа сезона.Баш пред малку го гледав и беше одличен.Многу акција и супер приказна која верувам дека ќе се развива понатаму.Пилотот беше можам да кажам подобар и од Last Resort.А плус и стартуваше и со добар рејтинг 1.3 кој за CW е совршенство.
На сите им ја препорачувам и се надевам ќе ја гледате и ќе ви се допадне. :D
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Најфалени? глупости живи, типот во главна улога незнае да глуми, катастрофален е.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.641
Поени од реакции
3.533
Најфалени? глупости живи, типот во главна улога незнае да глуми, катастрофален е.
Да, затоа имаше таков рејтинг и има 9.1 на imdb.Мене ми беше добар а и ако го оставиме тоа, се друго беше солидно.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Да, затоа имаше таков рејтинг и има 9.1 на imdb.Мене ми беше добар а и ако го оставиме тоа, се друго беше солидно.
Прва епизода дека, прати го рејтингот за едно месец дена кај ќе биде, освем фејк гласови и напалени тинејџерки незнам кој би гласал со 9-та за оваа бљувотина.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.551
Прва епизода дека, прати го рејтингот за едно месец дена кај ќе биде, освем фејк гласови и напалени тинејџерки тинејџери незнам кој би гласал со 9-та за оваа бљувотина.
Него реално, тапа, и ќе се избистри за месец дена.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.641
Поени од реакции
3.533
Прва епизода дека, прати го рејтингот за едно месец дена кај ќе биде, освем фејк гласови и напалени тинејџерки незнам кој би гласал со 9-та за оваа бљувотина.
Добро бе,на тебе ако не ти се свиѓа, може на некој му е добро.
И не верувам дека напалените тинејџерки би давале 9ки на вакви цитати:
"She looks like that chick from Twillight."
“What’s Twilight?”
“You’re so better off not knowing.”
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Првата епизода и не ми остави некој посебен впечаток, и давам уште две епизоди да ме заинтересира, ако не ја баталувам.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Мене ми се свиѓа, барем од 1вата епизода, за понатаму ќе видиме како ќе се покаже. Не дискутирам за рејтинзи на имдб, затоа што филмови со многу понизок рејтинг ми биле доста добри, а некои пренапумпани биле катастрофа. Гледам вакви серии и ми се интересни, но оваа мислам дека нема да се покаже нешто најдобро за да го задржи моето внимание.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Не ми остави првата епизода некој којзнае каков впечаток. Ќе ѕирнам уште една - две епизоди, па тогаш ќе видам дали е за гледање.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Вау, каква епизода.... полна со дупки. :icon_lol::icon_mrgr:

Сериозно, вака да претставиш лик што треба да е комплексен пошто е суперхерој делува смешно. Ни две ни три, одма јас сум тој и тој и одам во битка по правда. Ако сакале да ја бива серијава, барем една епизода требале да посветат на тоа каков бил Оливер Квин пред да стигне на островот, па да прикажат како се снаоѓал на островот (има простор за ова, ама мора секогаш да се стави како вовед), па несреќата, реакциите на другите. А ова, ало јас се вратив, журка :vozbud:

Ќе пропадне серијава, марк мај ворд. Не знам колку сезони ќе тера, ама ако е ко првата епизода има рејтингот да падне до подпросек.

Патем, врло убав младич овој Квин. Ама џабе. :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Спомнаја каков бил пред да биди на островот, се журкал, глупирал и бил нон-стоп во центарот на медиумите. Па сега од ко се врати решија да го вратат и на старите патеки. И не е игран филм за се во една епизода да објаснат, серија е, цела сезона имаат за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom