Бидејќи кога искочил првиот iphone, или првиот телефон со екран на допир сум бил мал, неможам многу да коментирам, пошто тогаш сум немал појма што е екран на допир. Нормално секоја iphone фан ги врти работите во корист на iphone, и обратно. Гледам расправијава главно е кој прв измислил ДОБАР телефон.
Можеби кога искочил iphone-oт бил стварно добар, и немало нешто подобро, ама времето си поминува.. Да споредиме и со коли, некогаш Заставите биле нешто невидено, а денес некое се BMW е најдобро. Дефинитивно ајфонот е телефон за ку*чење, а останатите (HTC, Samsung) се стварно телефони. Барем во мојава средина, во школо, еден обичен корисник кој што си нема појма од мобилни и технологија, кога ќе премине од ајфон на некој просечен андроид како nexus s, е воодушевен, и многу позадоволен од ајфонот.
Додека беше Стив Џобс, презентациите на епл беа убави, навистина на убав начин беа претставувани уредите, сега ќе видиме што понатаму.