- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
AntennaGate на ајфон 4?Не, ти зборуваш друго - дека Apple ја доближи целата технологија до ГЛУПАВИТЕ луѓе нафеноменаленбагиран начин.
Порано никој не користеше екрани на допир и Symbian затоа што им беа премногу комплицирани. Требаше да знаеш технички англиски или да бидеш ракетен научник за еден СМС да испратиш. Apple сето тоа го спакува во направа која е наменета за морони што цел живот биле хранети со златна лажичка и не умеат да се потрудат околу ништо. Тоа е единственото револуционерно нешто кое го направија.
Дури и тој подвиг им беше проследен со катастрофални фијаска кои пукаа од сите страни. Колку пати си слушнал HTC, Samsung, Motorola, Nokia да имаат некоја слабост како што беше тоа со антената на Apple? Колку апарати од овие производители до вчера немаа copy/paste?
Затоа жити пивото не ми зборувај за инвентивност. Apple е само еден бучкуриш составен од купени/украдени патенти. Тие не измислија ништо, само ги земаа лего коцките, ги склопија и почнаа да продаваат некаков си недоквакан производ.
Затоа ако си веќе нивен фанбој, барем знај ја реалноста - не мора да ја кажуваш.
Ама и ти ме тролаш квалитетно сега. Apple се криви што доближиле технологија до "мороните". Извини, ама упорно игнорираш еден факт, а тоа е капацитативниот екран наспроти срање резистивните кои ги користевме предтоа.
Јас пратев и користев се тоа, ама после дојде капацитативниот ајфон со 50.000 апликации за него. Сеа јебига, ти повеќе ми наликуваш на Бер Грилс него на некој што се разбира во телефони, согласно со твојот став дека другите се морони - значи ти мора да си од тие генијалците.
Кај ајфон, можеше да отвориш PDF документ или Excel директ во броузер. Епа ако тоа е технологија за глупави луѓе, океј, тогаш ние глупавите ова си го викаме практичност и продуктивност на ниво.
Ако ти си стрикно епл хејтер, тогаш реално е да го признаеш ова, време ти е. Ајде освен AntennaGate кажи ми друг катастрофален пропуст на ајфонот?
Само не спомнувај мулти-таскинг, зашто ќе треба сериозно да размислам дали да те игнорирам и воопшто да не читам понатамошни постови. Јебига, не мислев дека 7 постови по ред ќе треба иста поента да правам зашто некој не ја чита. : )