PsychoalieN
Омлет мастеР
- Член од
- 12 јули 2009
- Мислења
- 1.703
- Поени од реакции
- 1.411
Dali nekoj znae koklu se sigurni kineskine web strani za kupvenje, dali trebit da ima nekoj posebni oznaki za da se vidi dali se sigurni, i za mobilen telefon od 120 dolari kolku mozi da bidi carina so se posta i ddv?pozz
http://brando.com/ Оваа е тајванска страна имам доста работи порачано oд сега стигнало се, али последно време ја направија да се плака само преку paypal така да ја баталив. Искрено пола од работите после недела дена цркнаа така да види сега колку ке ти се исплати мобилен од некој кинески сајт, поштарината ме чинеше 3$ по производ, царина и ддв немаше бидејки се дрангулии нема ништо посебно, а дали се безбедни некој еве мал совет:
• Купувајте кај web трговци на коишто им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;
• Бидете сигурни дека web страницата од каде што купувате ви дозволува да користите безбеден web browser како што се Internet Explorer или Mozzila или сл. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на browser - от се појави заклучена брава или непрекинат синџир . Во повеќето случаи, адресата на трговецот исто така ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или пак синџирот прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други web страници;
• Ако користите web страница што бара ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност;
• Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или пак запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e - mail адреса и Интернет адреса која почнува со http:// - заедно со она што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето on line трговци им праќаат на потрошувачите e - mail со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;
• Проверете ги политиките за достава и враќање на производот. Web страницата исто така треба да ве извести за начинот на испорака и трошоците, валутата што се користи како и даноците што се плаќаат. Имајте во предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;
• Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на оној период за којшто сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто коешто не го разбирате во целост – договор склучен на web страница е законски обврзувачки.