bobi2008
_
- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 2.681
- Поени од реакции
- 182
2950 ден ги дадов на шалтер и се потпишав на примопредаја на кој пишуваше тежина и лежарина а додека царината се уплака на општа уплатница со назнака за царински давачки или на посебна фактура издадена од таму.
Епа веројатно е само ддв наплатено.
Јас имам 3 пати земано компјутерски делови, 2 пакети од по 1 kg и еден пакет од околу 7 kg. На пакетите од 1 kg кои беа во вредност од околу 300$, требаше да се плати околу 1000 денари (5% ддв + административни такси и сл.), а на пакетот од 7 kg во вредност преку 900$, требаше околу 2300 денари (исто така само 5% ддв + административни такси и др., доларот тогаш беше малце појак околу 47 денари). Се ова беше платено на гореспоменатиот шалтер. Ми бараа еднаш 18% за компјутерски дел, па требаше жалба да се поднесе, па летнаа уште 300 денари на уплатница, ама важно ми го намалија ддв-то на 5%.