Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го одговорот на Electronica Direct на прашањето дали и како доставуваат. Им напомнав дека сум од Македонија:

Исто, поставив прашање на сајтот на царина дали се вклучува доставата или само цената на производот се царини. Еве го одговорот:

Видов дека тука се зборело за печатење на преправена сметка, со отстранување на доставата, па кажете ми, дали некој стварно се обидел така да направи, пошто у пакетот Амазон по обичај и фактура праќа, па дали до толку пијат нафта на царина. Има едно пакетче со книги што сакам да го земам, ама за беља со достава испаѓа 48 евра.

Нема царина за книги. Јас купив книга за еден другар од амазон.com кошташе 120$ помина без царинење. :)
 
Нема царина за книги. Јас купив книга за еден другар од амазон.com кошташе 120$ помина без царинење. :)

Баш фино. Уствари и на сајтот на царина за книги стои 0% царина, ама 18/5* % ддв. Ај ќе пробам тогаш, па и да наплатат ддв не е нешто страшно. Фала на информацијава :)
 
Еве го одговорот на Electronica Direct на прашањето дали и како доставуваат. Им напомнав дека сум од Македонија:

Исто, поставив прашање на сајтот на царина дали се вклучува доставата или само цената на производот се царини. Еве го одговорот:

Видов дека тука се зборело за печатење на преправена сметка, со отстранување на доставата, па кажете ми, дали некој стварно се обидел така да направи, пошто у пакетот Амазон по обичај и фактура праќа, па дали до толку пијат нафта на царина. Има едно пакетче со книги што сакам да го земам, ама за беља со достава испаѓа 48 евра.

Прашај ги конкретно за производ, јас прашував за лаптоп и графичка, ми вратија:
Dear Valued Customer,

Currently, graphics cards can only be shipped within the United States.

Thank you for choosing Electronica Direct!

Dear Valued Customer,

Currently, laptops can only be shipped within the United States.

Thank you for choosing Electronica Direct!

После прашав кои производи ги праќаат, ми вратија :

Dear Valued Customer,

We ship all merchandise that Amazon.com allows to be shipped international.

Thank you for choosing Electronica Direct!

Amazon.com до европа праќа книги двд-а и некои ситници, со други зборови Electronica Direct скоро ништо не праќа.

Ама пак ќе повторам, за секој случај, прашај со конкретен производ.
 
Па тоа пишав, дека планирам хард диск да купам од нив, дека е за Македонија, и преку што доставуваат. Тоа беше одговорот. Штом не кажаа ништо, ваљда смениле политика.
 
Ај баш кажете ми, нарачав пред недела дена две работи и коштаа вкупно 49 долари и двете сосе испорака. Колку ќе ме фати царина и дали ќе има царина, и што ќе треба да доплатам кога ќе ми стигне? Или нема да треба?
 
Какви 2 работи? :)
 
Собрав некоја ситница на мтурк, а некако ме мрзе да работам па си порачав табличка... Имам дома амерички, австриски и германски, и оваа ќе биде во добро друштво. Вчера ми стигна меил дека е испратено и треба да стигне отприлика после 3ти август. Еве за што станува збор. Вкупно чинеше некои 15 долари.
 
еј браво
јас па никако да најдам вакви убави ситници башка и ефтино си нашол
 
Според мене аmazon (иако во Македонија до скоро беше табу тема бидејки сите мислеа дека amazon е затворен за МК) е едно од нештата без кое современиот човек не би можел да го замисли животот, бидејќи го имам пола амазон донесено во мк (облека, цедиња, книги, парфеми, компјутерска галантерија итн итн...) во идинина доколку сакате да порачате нешто погледнете дали истиот прозвод дали го има и на amazon.co.uk и amazon.de сооглед на тоа што Британија и Германија се во Европа и поштарината е помала за мк отколку од USA.
 
Прво сакав да набавам вакво нешто, ама не се праќаше до Македонија, па се решив за табличка.

Еве најдов некоја понова верзија од тоа али како и секогаш американците претеруваат со цената на упс поштарината а не ми е јасно зошто не даваат избор на повеќе типови на доставување :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom