Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав да кажам дали може и на amazon.co.uk , amazon.de? Не мора право со глупи сарказми.
не може на друго место освен на амазон.ком
Затоа се и вика amazon mechanical turk
 
Сакам да си порачам рачен саат Casio кој што чини 132.5 долари, па ме интересира колку ќе ме царинат за него, и пишува дека има бесплатна достава, ама не сум сигурен дали тоа важи за Македонија. Инаку прашав овде кај нас часовникот чини 13000 денари, дупло повеќе :nesvest::nesvest:.
 
И без да видам може да ти кажам дека сигурно не важи бесплатната достава за Македонија. Стисни на линкот на продавачот и најди го shipping rates и ако најдеш цена за Европа тогаш праќаат во Македонија, а ако нема не праќаат.

Или ако не се снајдеш, стави линк од саатот, па ќе ти најдеме.
 
Најдов цената за достава е околу 5 долари за Европа, ама вчера имаше една цена(132.5) за саатот денес има друга(159.5), немам никогаш ништо купувано преку интернет па не ми јасно зошто има толку многу нагло менување на цената :raz:.
 
Можно е да има промени во цена, не е чудно. За доставата треба да гледаш цена по пратка + цена по тежина (кај повеќето случаи е така), а некои наплаќаат и само по пратка, или стави линк од саатот сигурно да видам.

За царина не знам колку е, данок сигурно ќе треба да платиш 18%, а можно е да треба и царина, ќе треба да дознаеш.
 
Еве ЛИНК.
 
5$ is too good to be true. 159,5$ + 39.98$ shipping (34.99$ per shipment + 4.99$ per Item) = 199.48$

Според моја математика отприлика вака ќе оди, 199.48 * 46 (може да има и друга вредност доларот, не знам дали е паднат)= 9176 денари.

Да речеме дека ќе ти земат царина 10% и данок 18%, мислам дека се плаќа и административна такса од 200 денари, кога ќе собереш сè иде нешто преку 12000.
 
денес порачав 5лб(2.4кг) протеини веј голд стандард па ке чекам да ми стигнат :)
се на се околу 38 протеините и транспорт 12 долари значи 50 вкупно
 
Кога се регистрирам на мтурк ми вика Invalid value for ZIP or Postal Code
што е работава си пишувам убоо 1000 Скопје.
 
За сите што играат WOW ќе си го порачувам ова за некој ден хахах
21yXgNBXn9L._SL500_AA218_.jpg

Проверено испорачувад до македонија

п.с. 4 долара е дали ќе имам царина о.О
п.с.с Не живеам во скопје ама нема врска нели ?
 
Кај е проверено? Прати линк.
 
Кога кликнеш да одбереш која компанија, четвртата доставува и до европа. И секако кога ја завршуваш порачката ти кажува доколку имаш проблем со доставувањето :)

http://www.amazon.com/gp/product/B001CCL55O/ref=olp_product_details?ie=UTF8&me=&seller=

Да, за Eвропа до 5$ shipping-от е 30$, производот е 3,95$, вкупно ќе те фати 33,95$, кога ќе дојде овде би требало на поштарот уште 80 (или повеќе) денари.
 
Дечки, ми треба малце помош. Планирам да земам екстерен хард диск од Амазон, ама имам дилеми околу доставата. Најдов еден merchant што доставува до Македонија, и цената е прилично солидна, но проблемот ми е што доставуваат само со Федекс, па не знам дали ќе треба да доплатам нешто тука при подигање освен 5% ДДВ (царина нема за хард дискови). Читам наоколу дека Федекс и ДХЛ наплаќале лежарина и шпедиција (дали се плаќа шпедиција ако производот не се царини???), па да не ме фати и поише од шо кошта тука?

Друго, ако сте имале искуство или може да ми посочите некој merchant од Амазон, што продава вакви ствари, а доставува до Македонија преку УПС. Фала :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom