Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи од кој ќе го купиш ама сметај најмалце 20 долари за праќање ако е потешко/поголемо уште повеќе.
 
Дечки, ми треба малце помош. Планирам да земам екстерен хард диск од Амазон, ама имам дилеми околу доставата. Најдов еден merchant што доставува до Македонија, и цената е прилично солидна, но проблемот ми е што доставуваат само со Федекс, па не знам дали ќе треба да доплатам нешто тука при подигање освен 5% ДДВ (царина нема за хард дискови). Читам наоколу дека Федекс и ДХЛ наплаќале лежарина и шпедиција (дали се плаќа шпедиција ако производот не се царини???), па да не ме фати и поише од шо кошта тука?

Друго, ако сте имале искуство или може да ми посочите некој merchant од Амазон, што продава вакви ствари, а доставува до Македонија преку УПС. Фала :)
немој ке се зафркнеш ако порачаш и да е поскапо од 45 евра, ке ти шибат и царини и сите глупости и ке ти испадне поскапо и од продавница да го купиш
 
Ќе го платам со пари од Мтурк, така да единствено битно ми е колку тука ќе треба да платам при подигање на пакетот. У царинската тарифа дури и посебно е издвоен hard disk drive со царина од 0% и ддв 5%, е сеа нивните слободни толкувања се друга работа, по закон би требало да платам 5-10 долари данок.

Главното прашање ми беше, како стојат нештата со Федекс конкретно, пошто за у пошта горе доле поштарината е симболична, ама за Федекс слушам наплаќале свашта, па од тоа највише ми е страв. Затоа повеќе би сакал да најдам некој што доставува со УПС, па да иде целата процедура преку пошта.
 
Мислам дека не е важно кој го донесол, пак ќе заврши на царина на кај железничка (можеби и не е така :)) треба да платиш 5% данок и околу 200 денари некои такси, ама некогаш може и 18% да ти пишат, па ќе треба да се буниш, приговор итн.

И пиши која е таа фирма, може ќе се најде.
 
Колку што разбрав читајќи по форуми, поштата има свој царински сектор, или како веќе се вика, и работите идат по автоматизам, па затоа и наплаќаат само 200 денари. А кога станува збор за Федекс, или ДХЛ, тие наплаќаат шпедитерски услуги, за да ги завршат тие формалности (царинење на аеродром), и пакетот се носи на врата, ама наплаќале дебело. Колку е точно ова, и како стојат тие тарифи не знам, изглеа најубаво ќе биде да прашам на телефон утре у Федекс ако сакаат да одговорат, мислев некој има искуство па да сподели.

Иначе, Beach Camera е продавницата, еве за пример WD 1TB e 130$ кај нив (10 долари поскапо од амазон) ама доставуваат до МКД и со Федекс достава за пар денови му доаѓа околу 180$. Истиот хард диск, у Electronica Direct е по иста цена, ама со достава испаѓа 205$, и не пишува преку што праќаат, само дека е 10-20 дена. Претпоставувам дека се работи за УПС, им пратив мејл да ги прашам, па ќе видам, ако е УПС, макар поскапо, поише ми се свиѓа да не плаќам тука екстра давачки.
 
Ќе го платам со пари од Мтурк, така да единствено битно ми е колку тука ќе треба да платам при подигање на пакетот. У царинската тарифа дури и посебно е издвоен hard disk drive со царина од 0% и ддв 5%, е сеа нивните слободни толкувања се друга работа, по закон би требало да платам 5-10 долари данок.

Главното прашање ми беше, како стојат нештата со Федекс конкретно, пошто за у пошта горе доле поштарината е симболична, ама за Федекс слушам наплаќале свашта, па од тоа највише ми е страв. Затоа повеќе би сакал да најдам некој што доставува со УПС, па да иде целата процедура преку пошта.
GrD беше порачувал преку мтурк и за хард му барале 5000 ден за царина, али минал некако со 3500, така да не ти се исплати и преку мтурк, 4000 ден е 1ТБ од продавница
 
Затоа сакам да се информирам однапред, за да нема изненадувања после :)

Инаку врз која основа би наплатиле 5000, кога законот е многу јасен 0% царина/5% ддв за компјутерски производи. Баш ме интересира преку кого одела доставата во овој случај, пошта или Федекс, толкави пари никако не би можело да бидат на име царина и ддв.
 
македонска пошта сега дере. се оцаринува и тоа за безобразно високи суми.
оцаринува и производи за кои нема царина, па после треба да се буниш но се прават наудрени и напнати се, не попуштат.
треба да отепаш некој таму па да се свестат што прават.
 
Колку што разбрав читајќи по форуми, поштата има свој царински сектор, или како веќе се вика, и работите идат по автоматизам, па затоа и наплаќаат само 200 денари. А кога станува збор за Федекс, или ДХЛ, тие наплаќаат шпедитерски услуги, за да ги завршат тие формалности (царинење на аеродром), и пакетот се носи на врата, ама наплаќале дебело. Колку е точно ова, и како стојат тие тарифи не знам, изглеа најубаво ќе биде да прашам на телефон утре у Федекс ако сакаат да одговорат, мислев некој има искуство па да сподели.

Иначе, Beach Camera е продавницата, еве за пример WD 1TB e 130$ кај нив (10 долари поскапо од амазон) ама доставуваат до МКД и со Федекс достава за пар денови му доаѓа околу 180$. Истиот хард диск, у Electronica Direct е по иста цена, ама со достава испаѓа 205$, и не пишува преку што праќаат, само дека е 10-20 дена. Претпоставувам дека се работи за УПС, им пратив мејл да ги прашам, па ќе видам, ако е УПС, макар поскапо, поише ми се свиѓа да не плаќам тука екстра давачки.

Пишува дека праќаат, ама во mail, пред неколку месеци, ми вратија дека не праќаат производи во Европа (и Electronica Direct и Beach Camera). Најдобро прашај уште еднаш по mail. Фирми кои сигурно испраќаат, од искуство, се XP Passport (имаат сега некои проблеми со базата и има малку производи, ама за брзо време би требало да се поправи и ќе има многу производи вклучувајќи и HDDs) и Electronic Bargains (некогаш има и HDDs, пиши mail, може и да се договориш со тој типот да стави HDD) и користат USPS.

Шпедитерски услуги се потребни за роба преку 800 евра.
 
ке бараш фирма кај што пишува International Shipping али понекогаш и тие не испраќаат во МАкедонија, ке пробаш ако не бива од една ке порачаш од друга фирма
@Vucjak бај д веј колку заработи на мтурк ако не е тајна и за колку време?
 
На 22 јуни почнав и имам 148$, а пендинг ми се некои 3-40 долари.
 
ауу па добар си ти, јас за еден месец едвај 90 собрав, некои хитс поточно кои ги работиш ?
мора пак да почнам да работам
 
Имав среќа да налетам пар пути на многу добри хитови, шо се сработуваат за 3-4 минути а ми ги платија по 4-5 долари, на пример 4 долари за инсталација на програмче од 1мб да им одговорам дали имало проблеми, требало ли рестарт, апдејт... ништо не требаше, за минута го завршив. Имаше и превод од словенечки на англиски, неколку реченици се на се за 2.5 долари, 4 или 5 такви хитови сработив. За копирање на податоци од сајтови земав 11 долари, а го сработив за не повеќе од 5 минути. Треба да се ловат таквите, ретко ги има. Редовно проверувам за нови surveys, тие добро ги наплаќаат. Тие од по цент или неколку центи ги земам само ако има повеќе исти, и не треба да се троши повеќе од 2-3 секунди на едно.

Последниве два три дена нема нешто понуда, а и ме мрзи, поинтересно ми беше да најдам што да нарачам.
 
јас 2 пати порачував протеини, за нив се плаќа 10 долари за достава а и плус ако ги купувам тука од продавница се 3500 ден( преку амазон 50 долари истите)
 
Еве го одговорот на Electronica Direct на прашањето дали и како доставуваат. Им напомнав дека сум од Македонија:

Dear Valued Customer,

We ship to Europe via USPS and UPS.

Thank you for choosing Electronica Direct!

Исто, поставив прашање на сајтот на царина дали се вклучува доставата или само цената на производот се царини. Еве го одговорот:

Pocituvani,

Vo carinska osnovica, osven cenata na proizvodot se dodavaat I trosocite
za transport I osiguruvanje na proizvodot.

So pocit,

Sluzba za carinska vrednost

Видов дека тука се зборело за печатење на преправена сметка, со отстранување на доставата, па кажете ми, дали некој стварно се обидел така да направи, пошто у пакетот Амазон по обичај и фактура праќа, па дали до толку пијат нафта на царина. Има едно пакетче со книги што сакам да го земам, ама за беља со достава испаѓа 48 евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom