Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување

abeOstaviSe

Apathic
Член од
19 февруари 2009
Мислења
40
Поени од реакции
0
Сакам да купам еден сат од Германски-от Амазон Amazon.de еве линк до сатот: http://www.amazon.de/Casio-Herrenarmbanduhr-Collection-MTD-1058D-1A1VEF/dp/B0014FVQLC ама ми вика дека нема "shipment" за МКД :jaj:. Помош ???


P.S Ако може подетално објаснување што треба да направам зашто сум без искуство со Амазон
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не испорачуваат за МК.Кратко и јасно.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пробав.. Ништо :jaj:
Јас моментално направив нарачка на книга. Прво проверив на amazon.com цената беше прилично висока и за да стигне нарачката беа потребни околу 30 дена. Но потоа на amazon.co.uk ја најдов истата за 30% поевтино и рок на испорака до 10 дена.
Се во зависност од тоа што купуваш можеш и на amazon.de да проверуваш ќе најдеш различни цени и времетраење на испорака.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
И чаре нема? Преку DHL нешто така да се изврши порачката?
Електроника,играчки,сатови,накит(скап) и сл. не испраќаат за МК.Јас досега преку Амазон имам нарачано ДВД-филмови,книги,мајци,сребрено ланче.
Кај препродавачи кои одат преку Амазон можиш да најдиш доста работи,ама за тоа нека ти кажи некој друг.Јас немам преку нив купувано. ;)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Ајде сите да си помогнеме :)

Да најдеме Амазон препородавачи кои имаат ефтин shipping за Македонија


Да почнам со две:
http://0.mk/de02 - Flashing Panda (продаваат светилки, играчки)
http://0.mk/9970 - Scented Monkey (парфимерија)

Продолжете...

http://0.mk/kajg - БЕСПЛАТЕН ШИПИНГ ВО ЦЕЛ СВЕТ (31,035 производи)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Пред десетина дена нарачав екстерен хард па ќе видиме кога ќе стигне го очекувам :)
oyen digital продаваат само хард дискови и имаат релативно ефтина поштарина од 25 долари
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
Сакам да порачам книги од амазон за 100 долари па колку треба да се плати поштарина? :smir:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мене денес ми стигна книгата од 1000 страни, релативно брзо, ја порачав на 4. март на amazon.co.uk.
И цената во споредба со amazon.com и останатите логично беше многу пониска.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Сакам да порачам книги од амазон за 100 долари па колку треба да се плати поштарина? :smir:
За од Америка ако порачуваш... Shipping-от изнесува 4 долари и за секоја книга плаќаш по уште 4 долари...:) Бар тоа е моето искуство :)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
аха ...тоа + 4 го плаќаш кога ќе ти стигне книгата?
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Пред десетина дена нарачав екстерен хард па ќе видиме кога ќе стигне го очекувам :)
oyen digital продаваат само хард дискови и имаат релативно ефтина поштарина од 25 долари
Одлично, фала ти за продавницава. Јас купував хард дискови од electronica direct, ама таму доставата е бааги поскапа, како не го покажа ова порано :)
Еве една продавница за разни електронски дрангулии HDE, доставата е 2 долари од пратка + 5 за секој продукт, ќе му се најде на некого.
Мене ми треба продавници со ефтина достава за мауси или мемориски картици, ако знае некој, нека сподели.

аха ...тоа + 4 го плаќаш кога ќе ти стигне книгата?
На амазон, за книги, се плаќа достава 4 долари по пратка + 4 долари за секоја книга, значи една книга ќе има 8 долари достава, 2 - 12$, итн. Стандардната достава за книги трае околу месец - месец и пол. Тука во пошта се плаќа околу 200 денари за да ја подигнеш пратката. Ако одбереш побрза достава, времето за достава ќе се преполови, а тоа е нешто поскапо 7$ за пратка + 5.5$ за секое парче, достава што ќе ја платиш на амазон, а тука у пошта цената си е иста.
Ако нарачуваш колекција книги се смета како едно парче, со тоа што се доплаќа 6 долари ради големината.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Еве една продавница за разни електронски дрангулии HDE, доставата е 2 долари од пратка + 5 за секој продукт, ќе му се најде на некого.
Фала многу! одлично споделување и добра продавница
 

Kajgana Shop

На врв Bottom