колку што прочитав на темава, „миленко е бољи бидејќи поише глупости лупа и поише ми е смешен“, што укажува дека овде се произнеле соговорници на кои формула 1 им е хумористичен термин, а не гледање спортски натпревар.
згрозен сум од појавата на брадатиот господин, поголема контаминација на глупости во еден спортски настан немало во историјата на медиумите. ме служи сеќавањето и кога беше коментатор на времето дека поише алапачеше за куќите и жените на возачите него за трката, а од друга страна појма нема за стратегија и за убавината на еден спорт како спорт. он не гледа луѓе во спортот, гледа џакови со пари и привиденија кои служат за заткулисни прикаски (гермнаската химна ја напраи државен проблем, мислиш демонстрации се дигаат).
се сеќавам на некои негови емисии „лејт најт шоу“ кога имаше гости и тврдеше дека никогаш нема да коментира, дека се семнило времето коа он коментирал, дека тогаш „он шо ќе речел било закон, а денес сите можеле да видат на интернет“, а сега забележувам дека упорно продолжува со таа стратегија.
сигурен сум дека на неговиот ривал во оваа тема може да му се најдат грешки, бидејќи кој работи, мора и да згреши, а милионскиот аудиториум е стратифициран по вкусови на милијарда и никогаш нема никој да биде задоволен. али версус миленко? табаковски е жива енциклопедија и пионер во ф1 за македонија со весник, со сајт, со тв емисии.. канал 5 се најголемите лузери у случајов што дозволиле да им отиде таков кадар, како што сите им заминуваат со тек на време, што поради неисплатени плати, што поради сомнителни компензации...