Влези во сетинзите на рутерот кај Radio settings под дифолт избран е 802.11.n+b+g Mode, кој треба да се смени со 802.11.b+g Mode. Проблемот ќе биде решен и ќе се конектира и со WPA2 енкрипција.
--- надополнето: 13 октомври 2012 во 16:39 ---
ICS за 995-кава пуштен во Франција за некој ден ќе биде и кај нас.
https://www.facebook.com/alcatelonetouchfr?fref=ts
Направи апдејт на 2.3.7? или како и да беше. Знам читав нешто дека е потребно првин тој апдејт па потоа ICS. Јас пробував и не наогаше никаков апдејт, единствено преку CWM да го ставам ромот, но ќе ми падне гаранција вака :/
Во врска со темава. Не знам за кај вас но јас еве го имам телефонот 3 месеци, и работи перфектно, проблеми со wi-fi имам само некогаш(се конектира на мрежа но не може да добие IP односно, но се ресетирање на телефонот си е баш ок), но вакви проблеми се појавуват и кај другите телефони.
За квалитетот пробајте ја camera zoom fx, ќе добиете многу на квалитет, во новиот ICS мислам дека ќе има доста подобрување во врска со камерата.
За цената мислам дека е најдобриот smart phone на пазарот, ако не ви е битна марката слободно го земајте.
п.с Дали некој од корисниците има некаков додаток за телефонов? Ја свртов македонијава, и не најдов силиконска футрола и фолија за екранот никаде :/