За ноќни/indoors слики ти гарантирам дека К800 е подобар. Дали е до блицот (сепак е ксенон) или нешто друго, не знам. Ќе ставам слики кога ќе имам време, можеби до вечер, не ми се при рака моментално.
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 13:49 ---
Имаш ли и ти проблеми со WiFi-то? Јас се јавив и во контакт центарот, ми рекоа бил познат проблем со моделот, можело да го вратам ако сакам. Е сега, се мислам, за 500 ден плус ми се чини го даваат Xperia Miro, ама од друга страна екранот е 3,5 инчен, а кај Алкателот е 4,3 со повисока резолуција. Од друга страна, не знма ни колку би ми требало WiFi-то, не планирам да сурфам којзнае колку или да гледам он-лајн видеа или да даунлоадирам нешто... Евентуално, Фејсбук, И-мејл, нешто на Википедиа ако ми затреба, понекој Скајп (или која веќе еквивалентна програма ја има на Андроид) повик - за тоа мислам е доволен и 3Г интернетот од Вип.
Дилеми, дилеми...