Adele

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
многу ми се допаѓа нејзиниот вокал, некако специфичен ми е :)
а не лоша на изглед :)
сепак само 2 песни имам слушнато
 
Wot, и јас ја слушав Adele пред аблумов „21“, па ја сфаќам девојка ти. :pos:

Ремикс од Someone like you.

 
Има карактеристична боја на глас и песни што тешко влегуваат во уво.
Но тука се Антена и Сити кои буквално ги УТЕПАА нејзините последни 2-3 песни, што толку многу ми стана одбивна, секогаш ја менувам станицата.
 
Воопшто не ми се свиѓа како пее..не можам да ја слушам повеќе од 10 секунди.
 
Да кажам дека има прекрасен глас. Кога почне да се дере: Never mind I'll find, someone like you!... се наежувам. :pipi:
 
Мене ми е кул. Првиот албум, 19, не ми се допаѓа баш многу, но 21 е супер. Мене не ме живцира, ниту ме депримира... едноставно, ме релаксира :)

 
Многу ми ја исфорсираа и ми е страшно антипатична.
Има каква-таква боја на гласот,за некого фина, ама само да се плачело у текстови па преку ...
Можеби има весела песна, ама не и ја форсирале за да слушнам, а сам да побарам немам намера после сите жалопојќи - депремира.
 
Квалитетно гласче има ... Дури и неколку добри песни ... Но премногу почнаа да ја дигаат ... Секоја втора песна и еве пак онаа.. Досадна ќе стане набргу ( ако не е вејќе) ...
 
Девојкава направи музичка поп револуција. 15 години сме навикната на поп принцези ( читај Бритни и компанија) кои пејат никакви песни, ама затоа нашминкани, исфотошопирани до коска продаваа милиони албуми. Ја расипаа до толку поп музиката што на крај можевме скраја да е, да ја закопаме цела индустрија со музиката на Гага.

Бог знае од кога немам преслушано поп албум, ама 21 го преслушав во еден здив и дефинитивно заслужено е најпродаван албум за оваа деценија. Адел не е поп принцеза, не е вајана, ама докажа дека тоа не е важно, телата и шминката беа само параван за продажба на лоша музика. Конечно поп музиката живна благодарение на неа и се надевам дека што поскоро ќе закрепне од операцијата на грлото за да продолжи да растура.

Знам дека ја отекоа песнава, но тоа не го намалува фактот дека е совршена. Исто како нејзиниот глас.

 
Адел тапа си, видов цигани како палат оган додека врне.
 
Некако превише хипстерски ми е. Јес да не и го оспорувам квалитетот на гласот, но да речеш дека вовела некоја револуција - не. Има групи слични на нејзините дури и стилови (кои порано, кои подоцна). Мене ми е нешо малку изнад просек.
 
Јес да не и го оспорувам квалитетот на гласот, но да речеш дека вовела некоја револуција - не.

Во време во кое нема спот без голи девојки и пејачка без перика, да, вистинско чудо е што Адел доживеа толку популарност.
 
Во време во кое нема спот без голи девојки и пејачка без перика, да, вистинско чудо е што Адел доживеа толку популарност.
Мхм... Duffy, Amy Winehouse, Amy Lee, Jessie J.... Има. Сеа секоја ќе има трошка фалинка, но совршенство не постои.
(освен Amy Lee :pos:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom