Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Божја желба/одлука... никогаш не знаеме на какви тестови не става Господ... :toe:
Ама тест.... па уште желба и пол.

Туку баш ме интересира женскиот став по однос на оваа "желба"
 
боже чувај од зло:smir:
 
Ама тест.... па уште желба и пол.

Туку баш ме интересира женскиот став по однос на оваа "желба"

Нескам ваков тест.А и сигурна сум дека нема да ми се случи:nesum:
Ова е една од ситуациите каде го оправдувам абортусот
 
A ако и го зачне некој манијак со сила, тогаш што вика црквата?

Ако мислис и го начука некој манја тогаш, треба само да се смириме и Бог ке си ги среди работите, доколку препуштиме се ви Божји раце се ке биде ок.
 
Се променија времињата Симеон. Абортусот во Македонија е легализиран уште во 1950-сетите.
Причина..
Премногу жени умирале од нелегални абортуси.
А сега од морален, етички, верски и каков сакаш принцип, можете да си зборите до кога сакате. Нема тоа да промени нешто, ама ако вежбајте си способности за дискусија.
 
Нема никаков морален, етички, верски и каков било принцип. Едноставно абортусот е убиство. Исто како да земеш да отепаш едно животинче. Дали сфаќате дека тоа е живо суштество и расте?
 
Нема никаков морален, етички, верски и каков било принцип. Едноставно абортусот е убиство.

Според Библијата е убиство. Според Законите на Р.М. до 12-та недела од бременоста, не е убиство. Библијата ја следат верниците. Законите ги почитуваат сите, и верниците и атеистите. Што е појако?

Исто како да земеш да отепаш едно животинче. Дали сфаќате дека тоа е живо суштество и расте?

Да не се повторувам, ќе си се цитирам:

Во периодот кога не може да преживее независно од мајката (мене), фетусот не го сметам за дете, т.е. човек.

Живо суштество стануваш со раѓањето. Претходно, колку и да звучи ова грубо, си вид на паразит во телото на мајка ти.
 
"Абортусот е убиство" ...тоа е точно. Без разлика дали си како што кажа ex machina паразит во телото на мјката, сепак се храниш од нејзиното тело што те прави живо суштество. Исто така кај многу жени по абортусот се ствараат многу компликации како што е и намалена можност на раѓање, па дури и никаква. Затоа сум дефинитивно против абортус...
 
Според Библијата е убиство. Според Законите на Р.М. до 12-та недела од бременоста, не е убиство. Библијата ја следат верниците. Законите ги почитуваат сите, и верниците и атеистите. Што е појако?

Да не се повторувам, ќе си се цитирам:

Живо суштество стануваш со раѓањето. Претходно, колку и да звучи ова грубо, си вид на паразит во телото на мајка ти.

Остај ги законите на Р.М. Јас не сум верник, но сум логичар. Дали е во 1-ва недела или во 20 недела тоа е живо, сфаќаш? Се храни, користи ресурси од мајката, расте, се развива (тоа е знак на живот).
 
Остај ги законите на Р.М. Јас не сум верник, но сум логичар. Дали е во 1-ва недела или во 20 недела тоа е живо, сфаќаш? Се храни, користи ресурси од мајката, расте, се развива (тоа е знак на живот).

Да точно е тоа дека фетусот е жив уште во првата недела, арно ама правиме разлика во какви ситуации би се откажале од родот кој го носиме во утробата, арно што си машко па лесно ти е да велиш дека е убиство и ред други работи, но што ако некоја млада девојка не е способна да се грижи за него, нема услови, нема финансиски средства, имаш деца?? Знаеш колкави се нивните дневни потреби?? Не се раѓа дете само од чиста мира колку да не излезе убиство, треба силно и цврсто да застанеш покрај него, и со нокти ако треба да гребеш за да го одгедаш и му удоволиш основни потреби, а да не одиме подалеку кога ќе дојде ред училиште и натака се што следува, реков и пак ќе речам , многу е лесно да го донесеш на овој свет, но што понатака?? тоа е многу побитно од самиот чин раѓање, затоа подобро абортус него ли да му упропастиш живот на некое невино суштество кое не е криво ама баш за ниедна непромислена работа која ја имаме ние направено.
 
Остај ги законите на Р.М. Јас не сум верник, но сум логичар. Дали е во 1-ва недела или во 20 недела тоа е живо, сфаќаш? Се храни, користи ресурси од мајката, расте, се развива (тоа е знак на живот).

Е ако си логичар, логички ќе разбереш зошто е логично да се има право на логичен избор.
Ако логички не разбираш, можеби логиката и не ти е на логично место.
 
@Lavanda
Си чула за посвојување?

@Никола
Јас разбирам да се има логичен избор, ама не би рекол дека е логичен изборот за абортус кога одлучуваш дали ќе извршиш убиство или не! Нека си има колку сака избори и закони, она што ќе го сносиш подоцна во психата е многу посилно од законите и сл.
 
@Lavanda
Си чула за посвојување?

Да сум чула, а ти си ги посетил центрите кои вријат од оставени доенчиња, дечиња за посвојување???
Кој никој не ги посвојува???
Каква е нивната судбина а ??? Сигурно е далеку од добра, а камо ли убава.

И кога ќе ги видам душата ме боли, бидејќи сум мајка на две деца, и знам колку им е потребна двострана родителска љубов, а тие ја немаат, и затоа викам подобро абортирајте не ги оставајте на цедило сопствените рожби , зошто нивната тага е бескрајна.
 
@Lavanda
Си чула за посвојување?

@Никола
Јас разбирам да се има логичен избор, ама не би рекол дека е логичен изборот за абортус кога одлучуваш дали ќе извршиш убиство или не! Нека си има колку сака избори и закони, она што ќе го сносиш подоцна во психата е многу посилно од законите и сл.

Оди еби ...ти колку си на 15, колку се сеќавам?
и забремени некоја, па грижи се за дете.
дете најде да збори што е право што криво на темава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom