Иначе дознав дека покрај укинувањето на локализираниот Kids Co и додавањето на негово место Orlando Kids, укинат е и BBC World News.
Фактички они додаваат само 2, а не 4 канала. Според мене Babytv нема никаква потреба.
Ако мене ме прашуваат, DM Sat би го тргнал и на негово место би го ставил Orlando Kids, со што би го задржал Kids Co. Па така ќе имавме повеќе локализирани канали, во време кога сосед наш „најмил“ не ни го признава јазикот.
24Kitchen е добар канал, но не на местото на BBC World news. Сега има само еден информативен канал.
OBN, е прифатлив канал, посебно оти даваат и Лига на шампиони ако не се лажам.
И конечно, наместо глупиот Babytv би го вратил HRT1, па дури и да дадам малку повеќе пари за тие црни авторски права. Кога можат 90% од операторите да дадат, тогаш може и BoomTV и MaxTV и blizoo.
Филмските Cinestar канали, би ги заменил со популарните HBO и HBO Comedy, како што беше на почеток. Плус HBO се локализирани, а овие српскиве не се.
Глупиот Pink music би го укинал скорс, и на негово место би го ставил квалитетниот mezzo.
Филмскиот TV1000, би го заменил со SciFi, што мислам дека има многу подобра понуда.
И да, тој инфо канал би го укинал, со што би се ослободил простор за уште еден канал, кој би бил Sport Klub Prime.
И многу повеќе би се заангажирал да се локализираат каналите кои немаат превод, со што во целост би го испочитувал ЗРД. Плус они се фалеа напочетокот, дека они ги имаат ексклузивните права за превод, и дека они го почитувале во целост ЗРД околу преводот, но утнаа работа.
И да, би престанал да ги лажам луѓето дека Investigaion Discovery е со превод на Македонски, кога нема ни една емисија локализирана.