A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Па вака DVB-T е дигитална телевизија, која ќе ја замени аналогната (моментално таа што се фаќа со обична антена), и има некои мултиплекси. Во еден мултиплекс може од прилика 10 обични ТВ канали, или 3-4 HD канали. DVB-T2 е втора генерација на дигитална телевизија, и нормално е понапредна е. Капацитетот за мултиплекс е околу 20 обични или 6-7 HD канали. Има и некои други разлики, но не ги знам ни јас најдобро. Важно сигналот ќе биде подобар, плус ќе има повеќе канали, како и некои додатни опции.
Но за да се направи во втора генерација, потребни се малку повеќе пари, за кои сум сигурен дека може да се одвојат. Моментално ако не се лажам користат 3 мултиплекси овие од One.

Чисто информативно, Србија со самата дигитализација преминува директно на DVB-T2, додека ние во Македонија допрва чекаме да преминеме во DVB-T. Покрај ова, незнам која африканска влада, им наложила на сите оператори да преминат во понапредно ниво, односно во: DVB-T2, DVB-C2 (дигитална кабелска од втора генерација) и DVB-S2 (дигитална сателитска од втора генерација).

Исто така, интересно е тоа што еднаш им пишав за сајтот да си го средат, ми одговорија дека пренесле кај одговорните, ама досега ништо не е променето. Толку ли е тешко да се замени една слика ?!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Се' што треба е да преминат од DVB-T во DVB-T2, со тоа ќе се зголеми капацитетот на каналите, а исто така и можноста за HD канали, но зашто да фрлаат сега они пари.
Иначе отварам јас страницата за Бумот, гледам некако слабо ја ажурираат, стојат канали, кои повеќе не се дел од понудата. Толку неодговорна компанија не сум видел
Ама како ќе ги заменат кутите што ги даваат? Колку тоа ќе ги кошта? Ќе треба на сите корисници да им дадат нови а старите да ги фрлат во канта. Епа не верувам дека ќе се решат на таква инвестиција. Затоа ќе рикнат.
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
342
Поени од реакции
185
Го скинаа ТВ 1000,без никаква најава,и пак ставија канал со документарна програма...зар малку такви канали има..нека стават некој филмски убав канал....
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ja se javiv da prasam mi rekoa ke ima hd kanali ama neznam dali moze preku skapanion skart da se pustat hd kanali :)
 

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Ja se javiv da prasam mi rekoa ke ima hd kanali ama neznam dali moze preku skapanion skart da se pustat hd kanali :)
Не може преку скарт, ќе треба да понудат HD ресивери и за да може HD каналите да се гледааат во HD ќе треба телевизорот и ресиверот да бидат поврзани со HDMI кабел. :)
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Не може преку скарт, ќе треба да понудат HD ресивери и за да може HD каналите да се гледааат во HD ќе треба телевизорот и ресиверот да бидат поврзани со HDMI кабел. :)[/quote
Toj se prai pamenten vika ke ima hd kanali a ne novi resiveri wtf ;) XD
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Кога BoomTV ќе добие нови мултиплекси, само за HD нека ми пишат они или вие. Они имаат едвај простор за овие канали, камоли за нови HD канали. :D
 

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Кога BoomTV ќе добие нови мултиплекси, само за HD нека ми пишат они или вие. Они имаат едвај простор за овие канали, камоли за нови HD канали. :D
Така е, иначе зошто сега го заменија Tv1000 за History? Го заменија зошто немаат место каде да стават нови канали, а мораат да ги заменат и да има освежување на програмската шема. :)
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
342
Поени од реакции
185
Така е, иначе зошто сега го заменија Tv1000 за History? Го заменија зошто немаат место каде да стават нови канали, а мораат да ги заменат и да има освежување на програмската шема. :)
Абе ако го мафна тв1000 и ако го заменат со друг канал,ама не мораше баш со хистори да го сменат,замени филмски за филмски,музички со музички,вака кој што го нема дополнителниот пакет ке гледа филм 1неделно на АXN...
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Абе ако го мафна тв1000 и ако го заменат со друг канал,ама не мораше баш со хистори да го сменат,замени филмски за филмски,музички со музички,вака кој што го нема дополнителниот пакет ке гледа филм 1неделно на АXN...
koj e toj dopolnitelen so sport club i toa cine.... nekoja programa xD
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
342
Поени од реакции
185
Е не се кој знае што и тие CineStar каналите (за нијанса подобри од ТВ 1000)де,ама ако сакаш сега да гледаш филм ко ке посакаш не можеш,a за HD ,изгледа ке треба да почекаме зошто дури и да пуштат со овие ресивери нема да може да се гледаат како што не може ни МРТ1 HD ...
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Земавме нов Бум ресивер, го приклучивме се како што треба ама ми ги дава само каналите од 21 до крај, а нашите не, како да го поправам ова?
 
3

321456

Гостин
Земавме нов Бум ресивер, го приклучивме се како што треба ама ми ги дава само каналите од 21 до крај, а нашите не, како да го поправам ова?
Направи ново пребарување на канали. Ако пак нема, почекај малку, па пак направи пребарување. Исто, можеби има проблем со антената ако си во подрачје со слаб сигнал.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Направи ново пребарување на канали. Ако пак нема, почекај малку, па пак направи пребарување. Исто, можеби има проблем со антената ако си во подрачје со слаб сигнал.
Направив повеќе пати, еднаш ги имаше само нашите па после само странските. Незнам стварно што му е
 

Kajgana Shop

На врв Bottom