ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА СРЕЌА
ОNЕ по втор пат ќе го менува газдата?!
Доколку сопственикот на ОNЕ, словенечката "Телеком Словеније", се продаде на "Дојче телеком", тогаш Антимонополската комисија ќе им наложи на Германците да се ослободат во Македонија од некој свој дел, односно да го продадат ОNЕ, бидејќи овде го поседуваат и мобилниот оператор "Т-Мобиле Македонија"
Третиот мобилен оператор во Македонија, ОНЕ, нема среќа - ќе се продава по втор пат откако пред 11 години почна со работа на македонскиот пазар под бренд името "Космофон". Ваква варијанта би се случила доколку купувач на 72,75% од акциите на словенечката компанија биде германскиот Дојче телеком, кој веќе достави необврзувачка понуда за "Телеком Словеније", газдата на ОНЕ. Доколку разврската на приватизацијата оди во таа насока, тогаш мобилниот оператор ОНЕ ќе мора да оди на продажба и да добие друг сопственик веќе од наредната година.
Во Законот за заштита на конкуренцијата се вели дека предуслов за монопол може да се појави ако одредена фирма, односно компанија постигне групирање на капиталот и има контрола на повеќе од 40% од клиентите и услугите на пазарот. Македонската Комисија за заштита на конкуренцијата (КЗК) има право да му наложи на "Дојче телеком" да се ослободи во Македонија од некој свој дел, односно да го продаде ОНЕ, бидејќи овде го поседува и мобилниот оператор Т-Мобиле Македонија. Двете мобилни компании заедно држат околу 70% од мобилниот пазар во Македонија, а остатокот му припаѓа на австриски "Вип оператор". КЗК има право да предложи и рок до кога треба да се продаде ОНЕ. Впрочем, би се применил истиот терк како што беше и продажбата на "Космофон".
Дека продажбата на ОNЕ е неминовна информираше и словенечкиот сервис "Мергер маркет". Повикувајќи се на свои извори, тие сметаат дека "Дојче телеком" во случај да стане сопственик на "Телеком Словеније" мора да се одлучи да го продаде ОНЕ, а да ги задржи "Македонски телеком" и "Т-Мобиле Македонија" или пак, да направи обратна зделка, односно во игра е и можноста овие две компании во пакет да бидат продадени на некоја друга странска телекомуникациска групација. Оваа последна опција е најмалку веројатна.
"Телеком Словеније" е сопственик и на мобилниот оператор "Блицнет" во Босна и Херцеговина и на косовската компанија "Ипко", кои, според "Мергер маркет", веднаш ќе се продадат по приватизацијата на словенечкиот телеком, а предмет на продажба би биле и 50% од акциите на "Гибтелеком" од Гибралтар.
Инаку, рокот за доставување на обврзувачки понуди за купување на државниот пакет акции во "Телеком Словенија" е 10 август. Меѓу заинтересираните компании, покрај Дојче телеком, се и неколку инвестициски фондови, руската компанија "Система", португалскиот конгломерат "Сонае", турскиот оператор "Турксел", рускиот оператор "МТС"... Се проценува дека "Телеком Словеније" вреди меѓу 950 милиони и 1,2 милијарди евра.
Светлана БЛАЖЕВСКА Дневен весник Вечер.