A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
За Еуроспорт некој со нешто ново инфо? Од утре ќе се дигне пак прашина, луѓево АО каде ќе гледаат?
 
Сакаш да кажеш сега од 1 часот по полноќ, јас ќе гледам овде
acestream://803d4a1c84d693e29accc37e6294b04cb1fd6302 преку АцеСтреам, а можно е и да земам претплата на Еуроспорт Плејер.
 
За Еуроспорт некој со нешто ново инфо? Од утре ќе се дигне пак прашина, луѓево АО каде ќе гледаат?
Тие шо немаат од каде да гледаат нека го симнат од тука зип фајлот:
https://forum.kajgana.com/threads/v...-прашања-проблеми.18906/page-338#post-8276960
Со многу конекции и нема гајле од повеќе корисници.
 
Тие шо немаат од каде да гледаат нека го симнат од тука зип фајлот:
https://forum.kajgana.com/threads/vip-tv-кабелска-телевизија-blizoo-cabletel-генерална-дискусија-новости-прашања-проблеми.18906/page-338#post-8276960
Со многу конекции и нема гајле од повеќе корисници.
Може ли некако на мобилен да работи некоја апликација ако има?
 
Зависи што апликација користиш, а може и без неа.
h**p://адреса:порт/client_area/index.php
Укуцај му вака, потоа у прозорчето јузер и лозинка и гледај.
 
Јас попрво би платил 3еу/месечно за еуроспорт плеер, отколку да ставам телевизија на телекабел со 0 хд канали. Квалитетот на сликата ми е многу мизерен. Тоа најмногу ме кочи кога станува збор за префрлување од Вип кон Телекабел.

Тоа е твое лично мислење, и на мене лично не ми се допаѓа тоа што Телекабел не ги нудат спортските, филмските и документарните ТВ канали во висока High Definition (HD) резолуција, но за 450 денари месечно без обврзувачки договор можам да се помирам со таквата телевизиска понуда на Телекабел.

Не е баш точно тоа дека Телекабел нудат 0 (НУЛА) HD канали, ги нудат Sport Klub 1 HD, 2 HD, 3 HD, Viasat Nature/History HD, Luxe HD, МРТ HD, Сител HD и некои други канали кои не се баш многу интересни за да ги емитуваат во HD резолуција.

Инаку, секако дека EuroSport Player е поисплатлив од било која телевизиска понуда, бидејќи можеш слободно да гледаш било кој спортски настан за кој ЕуроСпорт ги има откупено телевизиските права, а кој не го емитува преку директен пренос на ЕуроСпорт и на ЕуроСпорт 2 бидејќи одлучиле да емитуваат нешто друго, но затоа за тие 3 евра месечно можеш да го гледаш на Интернет, и да, дефинитивно е исплатливо за тие пари.
 
Уште да имаа андроид апликација за андорид ТВ достапна ќе беше перфект. Вака се мора да биде сложено..
 
Тука имаш многу небулози и очигледно не си упатен во овие води. Прво не секој оператор плаќа иста цена за пакетот. Тоа зависи од повеќе работи како:
1. Број на претплатници
2. Портфолио на услуги
3. Припадност на групација итн

Помалите кабловски оператори плаќаат упола и помалку од тоа бидејќи имаат многу многу помала корисничка база и тие неможат ни да парираат на големите играчи како Вип,Телеком,Телекабел. Еуроспорт да им рече дајте 80000 еур мислиш ќе можат? Преговарањето на пакети со групации е исто како политика. Не ги штитам Вип или Телеком мое личмо мислење е дека требале да ги платат но ете... Се договориле да ги отфрлат. А за Телекабел... Единствена причина е зошто ги имаат е фактот што офицјално имаат една бројка пријавени корисници а којзнае уште колку непријавени. Тука штедат. А Неотел е мала риба и нив им се багатела. Шо мислите зашто ги неѓаат ни едниот ни другиот ХБО? Тоа е еден од ретките играчи кај цената е иста и транспарентна и фиксна. Не како Еуроспорт да не речам превара жива

Не знам за тебе, но на мене и 800.000 евра од над 1 милион корисници - официјална бројка од Вип за 2015 година - ми делуваат во ред за голема и богата компанија како Вип, бидејќи од секој корисник заработуваат минимум 199 денари месечно - ова е месечната претплата за Vip TV Lite, најевтината телевизиска услуга на Вип ТВ.

Во пракса тоа се над 3 милиони евра месечна заработувачка, односно 36 милиони евра годишна заработувачка, а говориме за дигитална терестријална ТВ услуга, додека најевтината кабелска ТВ услуга Вип ТВ ја наплаќа 349 денари месечно, тоа се речиси 6 милиони евра месечно.

И да, во право си, јас не сум упатен во деловните политики на македонските телекомуникациски оператори, со делумен исклучок на Македонски Телеком - велам делумен бидејќи имам само делумни информации, а не 100% потврдени и веродостојни информации, па затоа ретко ги објавувам на форумов.

Но не верувам дека треба да бидам експерт за телекомуникации за да знам дека компанија која во 2015 година тврди дека ги има над 1 милион корисници, сепак може финансиски да си го дозволи тој еднократен минус од 80.000 евра, или па ај нека бидат и 800.000 евра.

Неотел денес е мала риба, утре ќе видиме што ќе биде.

Телекабел си тераат бизнис и засега делуваат како да се движат во добар правец.

Вип и Македонски Телеком се движат во многу неубав правец и нема оправдание за нивниот последен потег со отстранувањето на Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите од нивните телевизиски понуди.
 
Стивна тоа со Еуроспорт и Дискавери. Поќе не ги барајте. :(
 
Да беше стивнато не ќе планирав да се префрлувам на друг телевизиски оператор и не ќе ги плукаа випосаните до денешен ден на нивната Фејсбук страница.

Ако не се освестат и опаметат наскоро, тие ќе почнат да не` бараат нас откако ќе почнеме да се исклучуваме од нив.
 
Има ли некој кај кого работи BBC earth а тој да е на комбо с пакетот ?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Не знам за тебе, но на мене и 800.000 евра од над 1 милион корисници - официјална бројка од Вип за 2015 година - ми делуваат во ред за голема и богата компанија како Вип, бидејќи од секој корисник заработуваат минимум 199 денари месечно - ова е месечната претплата за Vip TV Lite, најевтината телевизиска услуга на Вип ТВ.

Во пракса тоа се над 3 милиони евра месечна заработувачка, односно 36 милиони евра годишна заработувачка, а говориме за дигитална терестријална ТВ услуга, додека најевтината кабелска ТВ услуга Вип ТВ ја наплаќа 349 денари месечно, тоа се речиси 6 милиони евра месечно.

И да, во право си, јас не сум упатен во деловните политики на македонските телекомуникациски оператори, со делумен исклучок на Македонски Телеком - велам делумен бидејќи имам само делумни информации, а не 100% потврдени и веродостојни информации, па затоа ретко ги објавувам на форумов.

Но не верувам дека треба да бидам експерт за телекомуникации за да знам дека компанија која во 2015 година тврди дека ги има над 1 милион корисници, сепак може финансиски да си го дозволи тој еднократен минус од 80.000 евра, или па ај нека бидат и 800.000 евра.

Неотел денес е мала риба, утре ќе видиме што ќе биде.

Телекабел си тераат бизнис и засега делуваат како да се движат во добар правец.

Вип и Македонски Телеком се движат во многу неубав правец и нема оправдание за нивниот последен потег со отстранувањето на Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите од нивните телевизиски понуди.

Вип и Телеком имаат убедливо најголем пазарен удел и тие секогаш ќе ги диктираат условите на пазарот. Тие ги исклучија каналите бидејќи знаат дека корисниците немаат алтернатива. Ниту еден оператор неможе да одговори на нив. Неотел е светлосни години назад бидјеќи ниту имаат салони (нешто што македонскиот корисник е навикнат да има) ниту пак имаат покривање низ целата држава. Се се сведува на партнерски соработки преку некои квази фирмички. Мислам смешно. А да го заборавив Анхоч што е тотален нонсенс. Да можеби јас и ти знаеме за Неотел но мислиш дека некој друг чул?
Единствен кој може делумно да парира е Телекабел но сепак ова е оператор со релативно ужасен кабловски интернет и сиромашна тв понуда. 70 ФТА канали и 30 канали што ги плаќаат ситно. Еве јас ти кажувам од прва рака, знаеш колку малку луѓе се заинтересирани за оптика? Кога ќе им спомнеш 1000 денари паѓаат во несвест. Нејќат ни денар да платат повеќе. Во таков сложен систем на потрошувачки навики многу лесно се манипулира и се вртат пари. Тоа го направија двата ривали чисти пари. Инаку, бидејќи сум во таа проблематика, чисто како инфо Eurosport каналите во македонскиот етер беа застапани со околу 3,4-5% грубо и има мала варијација за време на пикови кога има големи настани во спортот. Тоа е премал процент и секој оператор не би платил 20% повеќе за канали со толку мала гледаност што пак ќе речам не го подржувам и сум многу против тоа но се случи а и како што гледам нема некои големи реакции по соцјалните медиуми
 
Заборави да пишеш Телекабел не е достапен во цела Македонија. Во Тетово мојот град го нема.
 
На Телеком од 15 ти ќе биде достапен преводот што значи и на Vip ќе има.

До крај на март би требало целосна да е програмата со македонски превод.
Aber nema na bbc eart za makedonski subtitle

Sent from my LG-D410 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom