Вип и Телеком имаат убедливо најголем пазарен удел и тие секогаш ќе ги диктираат условите на пазарот. Тие ги исклучија каналите бидејќи знаат дека корисниците немаат алтернатива. Ниту еден оператор неможе да одговори на нив. Неотел е светлосни години назад бидјеќи ниту имаат салони (нешто што македонскиот корисник е навикнат да има) ниту пак имаат покривање низ целата држава. Се се сведува на партнерски соработки преку некои квази фирмички. Мислам смешно. А да го заборавив Анхоч што е тотален нонсенс. Да можеби јас и ти знаеме за Неотел но мислиш дека некој друг чул?
Единствен кој може делумно да парира е Телекабел но сепак ова е оператор со релативно ужасен кабловски интернет и сиромашна тв понуда. 70 ФТА канали и 30 канали што ги плаќаат ситно. Еве јас ти кажувам од прва рака, знаеш колку малку луѓе се заинтересирани за оптика? Кога ќе им спомнеш 1000 денари паѓаат во несвест. Нејќат ни денар да платат повеќе. Во таков сложен систем на потрошувачки навики многу лесно се манипулира и се вртат пари. Тоа го направија двата ривали чисти пари. Инаку, бидејќи сум во таа проблематика, чисто како инфо Eurosport каналите во македонскиот етер беа застапани со околу 3,4-5% грубо и има мала варијација за време на пикови кога има големи настани во спортот. Тоа е премал процент и секој оператор не би платил 20% повеќе за канали со толку мала гледаност што пак ќе речам не го подржувам и сум многу против тоа но се случи а и како што гледам нема некои големи реакции по соцјалните медиуми
Сепак на Фејсбук страниците на Вип и на Македонски Телеком, критиките се упатени кон нив двата со коментари од типот "сте се здружиле со Телеком/Вип" и слични, што говори дека сепак обичниот македонски корисник до некаде е` информиран и знае дека сепак има алтернативи на Вип ТВ и на Македонски Телеком.
Убаво што се занимаваш со телевизиската проблематика, но моите коментари се коментари како корисник, јас не се занимавам со таквата проблематика, но бидејќи плаќам за одредена услуга, сакам квалитет за моите пари.
Јас не ги пратам социјалните медиуми, но ги следам Фејсбук страниците на Вип и на Македонски Телеком, и како што можам да видам, до денешен ден има негативни критики поради исклучувањето на Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите.
На мене не ми треба ниту голем оператор, ниту оператор со сопствени салони во секоја населба, ниту оператор кој ќе им парира на големите оператори, туку ми треба оператор кој ќе ги задоволи моите потреби за парите кои јас ги трошам.
Но сепак морам да потенцирам дека твојата споредба со партнерството на Неотел со Анхоч не ти држи вода, бидејќи Вип исто така на дебело зависат од нивното партнерство со Handy Mobile, додека Македонски Телеком - иако има салон во речиси секоја населба, сепак повеќе продавници ги има кои се во партнерство со нив, отколку салони на Македонски Телеком.
Не ме интересира колку барале од Discovery Networks за обновување на авторските права на Вип и Македонски Телеком, мојот краен рок за Вип ТВ е 31 мај 2018, а ако после тој ден не ги имам ЕуроСпорт каналите во мојата претплата, збогум Вип, добредојде Телекабел или Неотел.
И не се секирај, ти ветувам дека ќе се потрудам сите корисници на Македонски Телеком и на Вип ТВ кои ги познавам лично, да знаат дека сепак имаат алтернатива, особено корисниците на Македонски Телеком, бидејќи преку истите кабли од Македонски Телеком можат да се префрлат на Неотел. Па тие нека ги контактираат нивните блиски за и` тие да знаат дека сепак имаат алтернатива.
На крајот на краиштата, Рим не бил изграден преку ноќ, исто како што и Вип пред 10 години ова време беше никој и ништо во споредба со тогашен Ти-Мобајл и тогашен Космофон. Малку по малку, Неотел и Телекабел ќе се шират и ќе се зголемува нивниот број на корисници.