A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа го знам.
Ама што ако се исклучам вториот месец па третиот повторно решам да се приклучам. На нивната веб страна прочитав некакви 600 денари за повторно вклучување. Дали е тоа за вакви случаи или е за нешто друго?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk

Најверојатно да.

Првиот пат ќе дојдат монтери и техничари за да пуштат коаксијални кабли кај тебе дома, освен ако веќе имаш кабли од Вип ТВ или од некоја друга кабелска телевизија.

Потоа ако се исклучиш вториот месец, нема да ги вадат каблите, туку само ќе те исклучат од сандачето со кабелските разделници од каде што примаш кабелски сигнал.

И ако веќе третиот месец одлучиш дека повторно сакаш да се приклучиш, нормално дека ќе ти наплатат за повторно приклучување, бидејќи монтерите и техничарите трошат време, гориво и пари за да дојдат кај тебе и за да те приклучат или исклучат на твое барање.

Исто така се плаќа дополнително за повторно приклучување доколку претходно те исклучиле поради неплатени сметки.
 
Секако дека може, со доплата од 99 денари месечно.

Фала, не ми е јасно зошто наплаќаат за фактички едно обично адаптерче, а сега имам 2 ресивера и не доплаќам ништо екстра..
 
Најверојатно тие 2 кабелски рисивера ти следуваат со самиот пакет кој го користиш.

Ако користиш пакет Combo 3 L или Combo 4 L, тогаш со самиот пакет ти следуваат кабелски рисивери или кабелски CA модули за 2 телевизора.

Освен ако ти дале некаква посебна понуда последниот пат кога си потпишал обврзувачки договор, или па можеби сепак плаќаш за вториот кабелски рисивер, само не си проверил убаво во месечната сметка.

Како и да е, ако ти следуваат двата кабелски рисивера со самиот пакет кој го користиш или со посебната понуда која си ја прифатил последниот пат кога си потпишал обврзувачки договор, тогаш слободно можеш да им вратиш на Вип ТВ било кој од кабелските рисивери - или двата, ако сакаш - и да го/ги замениш за кабелски CA модул(и), и се разбира, нема да доплаќаш дополнително доколку користиш Combo 3 L или Combo 4 L пакет, или ако користиш некоја посебна понуда која си ја прифатил последниот пат кога си потпишал обврзувачки договор.

Но ако на сегашните 2 телевизора планираш сега да ставаш и трет телевизор, тогаш знај дека за трет телевизор секогаш се доплаќа 99 денари месечно, без разлика кој пакет или која посебна понуда го/ја користиш.
 
Хмм.. Користам Combo 4L, моментално имам еден CA модул веќе во употреба и 2 ресивери од кои едниот ми стои во кутија. А другиот кој е во употреба би сакал да го заменам за модул. Дали е можно да ми наплаќаат како за трет ТВ а јас не ни користам 3? Кога обновував договор летоска им реков дека не ми треба уште еден ресивер а они ми кажаа дека ми следува со пакетот па го земав и сега така ми дреме.
 
Слободно можеш да го замениш едниот кабелски рисивер за кабелски CA модул и нема да ти наплаќаат дополнително за истиот.

Кога сме кај вториот кабелски рисивер кој го чуваш во кутија, можеби ти наплаќаат дополнително за истиот без да знаеш, провери ја убаво последната месечна сметка која ти е` пристигната, или ако можеш, провери на официјалниот веб сајт на Мојот Vip - ако знаеш кои ти се корисничкото име и лозинката, или во спротивно ќе треба и за тоа да прашаш во Вип.

Ако на веб сајтот на Мојот Vip во листата со услуги пишува некаде - било каде - дека си корисник на дополнителен рисивер, тогаш сигурно ти наплаќаат дополнително за кабелскиот рисивер кој го чуваш во кутија.
 
Не можам да најдам ништо ни на хартиената сметка ни на Мојот Vip, се‘ е ставено под ставка "Месечни претплати". Има само рата за телевизор додадено 499, друго ништо. Во секој случај супер објаснето, ќе одам во Vip за замена на ресиверот па тогаш за секој случај ќе прашам и дали ми наплаќаат.
 
Дали следува буџет или гратис телефон ако одбереш COMBO 4L?
 
Тоа не зависи од тоа кој Комбо 4 пакет ќе го одбереш, туку од тарифата за мобилна телефонија која ќе ја одбереш.

И во најевтиниот и во најскапиот Комбо 4 пакет ги имаш истите тарифи за мобилна телефонија - Mobile S/M/L/XL, а за да видиш кој телефон доаѓа бесплатно со било која од тие 4 тарифи, треба да провериш на страницата со мобилни телефони на официјалниот веб сајт на Вип.

https://www.vip.mk/uredi/telefoni
 
За Discovery каналите и за ЕуроСпорт каналите випосаните се правдаат дека имале слаба гледаност, а сепак ги обновиле авторските права за татарските идиотизми Балканика и Фен ТВ заклучно со 31 декември 2021.

http://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/06/ONE-VIP-2.pdf

Како капак на се`, сеуште ги имаат регулирано авторските права за HRT 4 заклучно со 31 декември 2019, а сепак го отстранија тој ТВ канал од телевизиската понуда.

Нека сонуваат нов обврзувачки договор од моја страна, а татарските идиотизми нека си ги напикаат во оној отвор кој ни на нудистичка плажа нема да види сончева светлина.
 
Мене ме разочараа што не ставија ни достојни замени за дискавери,евроспорт и анимал планет.
цинестар канали или турбо фолк канали тоа не е соодветна замена,
Сега олимписки игри и документарци на хајат плус или на пинк фолк да ги гледам?!:mad:
 
ke si zemes iptv i ke uzivas....
 
ke si zemes iptv i ke uzivas....
Според договорот не ми треба иптв за да гледам дискавери и останати канали кои ги исклучија,а и со иптв треба смарт или андроид тв плус стандардот на иптв за фрејмрејт не е добар особено за спорт.
 
greska si ama ajde taka neka bide....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom