A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
АВМУ имаше состанок во Саботата, од Близу ни трага, ни глас. На T-Home им е овозможено повторно реемитување на Nat Geo и FOX Life со Аудио јазик на Англиски, и превод на Македонски. http://avmu.mk/images/Potvrda_za_re...ket_br.66_na_AD_Makedonski_Telekom_Skopje.pdf

Ти-Хоум со години ги емитуваат National Geographic и FOX Life со превод на македонски, српски и ако добро помнам, и хрватски и албански јазик.

Причината зошто гледачите сепак би одбрале српски или хрватски превод, е бидејќи не се сите емисии и серии на National Geographic и на FOX Life во целост преведени на македонски јазик, но затоа сите се целосно преведени на српски или хрватски јазик.

А кога сме кај Близо и нивната пасивност во целата оваа ситуација, повеќе од јасно е дека или се подготвуваат за некоја поголема промена во нивната дигитална ТВ понуда, или полека почнуваат да паѓаат во јама која самите си ја ископаа.
 
Која промена бе Деки, која? Со нереемитување на СК? Т-Home пак ги обновија со Nat Geo и FOX Life, овие Близу пак чекаат... Немој да ме разбереш погрешно, немам ништо против тебе, ОГРОМЕН ми е гневот кон овие ...
 
Знам дека гневот ти е насочен кон Близо, и јас немам многу љубов кон нив.

Велам дека можеби се подготвуваат за некоја поголема промена од гледна точка на заменување на исклучените ТВ канали со други ТВ канали кои можеби ќе бидат подобри од овие исклучениве.

Можеби нема да ги вратат National Geographic, FOX Life, Cinemania, Ultra и Спорт Клуб каналите и можеби нема да ги заменат со други спортски канали, но затоа можеби ќе ги заменат со некои други филмски или странски телевизии кои емитуваат спортски настани одвреме навреме.

Парите кои досега ги давале за плаќање на лиценци за емитување на содржините на овие ТВ канали, можат да ги искористат за плаќање на лиценци за емитување на некои други ТВ канали кои можеби ќе бидат подеднакво интересни и забавни како исклучените ТВ канали, а можеби и поинтересни и позабавни.

Лично и јас немам многу надеж за нешто такво, но ете, им давам фора на Близо до крајот на годинава да се поправат самите себеси, или во спротивно огромна е веројатноста после 31 декември 2015 јас да ги баталам, можеби не целосно - сигурно ќе го задржам кабелскиот Интернет - но затоа сигурно ќе ја баталам нивната дигитална телевизија.
 
Последно уредено:
АВМУ имаше состанок во Саботата, од Близу ни трага, ни глас. На T-Home им е овозможено повторно реемитување на Nat Geo и FOX Life со Аудио јазик на Англиски, и превод на Македонски. http://avmu.mk/images/Potvrda_za_re...ket_br.66_na_AD_Makedonski_Telekom_Skopje.pdf
toa e staro ne e novo.....seuste nemmat dozvola da gi emitiraat tie kanali....
 
Јас повеќе надеж имам дека Македонија и Грција ќе се договорат за спорот со името него овие за пуштање на Спорт Клуб. Нека дојде тој мај месец (коа ми завршува договорот) и не ме гледаат веќе, а ни јас нив. Уште на 2ри јануари им се јавив да прашам дали може да го раскинам договорот без никакво оштетување и не ми дозволија односно ќе сум плаќал пенали. Спорт клуб беше једино нешто што гледав воопшто на ТВ (и по малце еуро спорт или некоја наша ТВ коа даваат утакмица), без нив јас не гледам логика да плаќам за телевизија, можат да се гонат.

П.С. Морав да си го изразам и ја малце револтот :)
 
toa e staro ne e novo.....seuste nemmat dozvola da gi emitiraat tie kanali....
Точно! Старо е, издадена потврда пред да се случи ова што се случи со овие два канали.
 
Како се прави пријава до АЕК? Може онлајн некако или како? Дајте масовно да направиме, можда правно не е основано, ама да мрдниме троа, да ги стресиме ако ништо друго.
 
До АЕК можеш да се жалиш ако не си задоволен од одговорот што си го добил операторот, на поднесена писмена жалба. А тука се поднесуваат приговори до АЕК.
 
N1 Доаѓа и во Македонија: Како и обично, Близу нема намера нешто прв да спроведе... Ова е за Телекабел.
Capture.JPG
 
N1 Доаѓа и во Македонија: Како и обично, Близу нема намера нешто прв да спроведе... Ова е за Телекабел.
Прегледај го приврзокот 111772

Каналот е тотално бескорисен затоа што врти вести од Балканските земји -Македонија. За нас се зборува многу малку. Наместо Aljazeera да го ставеа они овоа. А за другите канали несакам ич да коментирам за квалитетот.
 
Абе немој така, N1 беа тие што се ексклузивните партнери на CNN :)
 
Да ама сваќаш бескорисни се за нас. Што фајде од вести од Србија и Хрватска? А и сигурно си видел јавувања имаат само од тие студија таму за нас многу ретко се збори. Не дека и Алџазира многу не тинтра али има повремени јавувања. А и друга работа една е регистрација на пакети, ќе видиме дали воопшто ќе ги пуштат пошто има доста канали што ги има таму на листите а ги нема во реалност
 
Абе сарказам беше тоа моето погоре :D Нормално, да имаат студио и кај нас или пак да беше на македонски ќе беше поинаку. Зошто на пример N1 има студија само во србија, БиХ и Хрватска, а не и кај нас? Истото и со AJ Balkans, они имат исто во три града беше мислам, но во Скопје не, само линковско јавување како што и ти кажа.
 
Да ама сваќаш бескорисни се за нас. Што фајде од вести од Србија и Хрватска? А и сигурно си видел јавувања имаат само од тие студија таму за нас многу ретко се збори. Не дека и Алџазира многу не тинтра али има повремени јавувања. А и друга работа една е регистрација на пакети, ќе видиме дали воопшто ќе ги пуштат пошто има доста канали што ги има таму на листите а ги нема во реалност
Каналот “мора“ да се пренесува во Македонија затоа што кабелските оператори се “условени“ со неговото пренесување. Ќе видиш сите оператори кои го нудат Спорт Клуб, Синеманија, Лов и Риболов и Ултра, ќе мора и овој да го пренесуваат. Газдата на сите канали е еден и ист.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom