A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Мене работата ми е онлајн така да дали нема некои поголеми пречки кога работиш да кажеме 10 часа дневно. Коментарите што ги читав претходно ми изгледа на ужас ама сакам и други мислења да прочитам.
Баш е ок, јас сум DOCSIS реон, нема никаков проблем...
 
Мене работата ми е онлајн така да дали нема некои поголеми пречки кога работиш да кажеме 10 часа дневно. Коментарите што ги читав претходно ми изгледа на ужас ама сакам и други мислења да прочитам.

Нема никакви проблеми тие коментари беа кога имаа глобална хаварија што првпат се случи, генерално се стабилни.

Што wi-fi картица имаш на лаптопот?

KillerN-1103
 
Мене работата ми е онлајн така да дали нема некои поголеми пречки кога работиш да кажеме 10 часа дневно. Коментарите што ги читав претходно ми изгледа на ужас ама сакам и други мислења да прочитам.

Јас не сум имала посериозни проблеми, кога имало проблеми брзо се санирале (налет она што се деси пред месец, два) Екипа ми идела истиот или утредента кога сум се жалела од брзина. За паѓање не ми паѓа. Веројано и зависи во кој реон си.
 
Со проклетиите од One ми истекува договорот на 15-ти овој месец, сега сакам да ве прашам дали да се префрлам на Blizoo или овие се бетер?
Па бидејќи бев кај One едно 4-5 години, пред Blizoo да пушти кабел кај мене, ќе ти кажам: бегај, спасувај се од One, дојди си на blizoo.
Не знам каков нет користиш од One, но ја имав мизерни 1Mbps. 2 беше премија.

Кај blizoo, под 14 не ми оди и да го молам:
4905028642.png

Стабилен и брз, пингот е минимален. Upload брзината е различна во зависност од регионот. Ако си lan регион, ќе ти биде идентична со download брзината. Ако си Docsis, тогаш ќе ти биде многу помала (од 1 до 5 мислам дека беше), во зависност од пакетот.

Проблеми да ти кажам и сум немал многу. Секако, тој фамозен дефект односно хаварија што ја имаше во цела Македонија тогаш беше само, друг посериозен дефект сум немал. Можеби и да сум имал дефект, но не се сеќавам, бидејќи и да сум го имал, дечките брзо го решаваат.
Е сега еднаш што си чепкав на компјутер, па зафркнав нешто (не се разбирам до толку, што да правам), па мислев дека нема нет, а тоа мак адресите (или како и да се викаат) биле променети. Но како и да е, фината женска на телефон беше трпелива и средив работа.

Иначе, ако одиш само интернет, а не и други услуги, види си ги пакетите и цените тука, но мислам дека нема да ти се исплатат: http://blizoo.mk/internet.html
Од комбинираните, повели тука: http://blizoo.mk/bundles.html
Но секако, ако можеш, моја препорака ти е да земеш VIP Conect, бидејќи таму почетниот пакет има поголеми брзини, односно почнува со 30Mbps, за разлика од овдешните кои започнуваат со 10 (единечен) односно 15 (комбиниран).
 
Фала на исцрпниот одговор, ова ми требаше :)
 
Надоместок за глобалниот прекин што беше.

А ти од некој паралелен свет да не улета?
Да од светот на долина вукова да прашам дали близу уште имаат прекини по 2-3 дена.
 
Епа во нашиов свет Близу немале посериозен прекин на интернетот во последниве 4 години, со исклучок на оној глобален прекин од 1 ден прошлиот месец кој се смета за вонредна ситуација и затоа сега надоместуваат на сметките.
 
Добро е се оправиле.
 
Дечки заборавив да прашам, дали е динамичка IP адреса на Blizoo или статична? Многу луѓе велат дека и покрај тоа што неколку пати го ресетирале рутерот сепак адресата останала иста, а на нивна страна велат дека е динамичка? Па? Ваше искуство?
 
Па јас којзнае што се немам чепкано, ресетирано, итн итн, ми останала иста, барем така мислам за кај мене.
 
Дечки заборавив да прашам, дали е динамичка IP адреса на Blizoo или статична? Многу луѓе велат дека и покрај тоа што неколку пати го ресетирале рутерот сепак адресата останала иста, а на нивна страна велат дека е динамичка? Па? Ваше искуство?
Истата IP адреса ја имам веќе 3 години, иако во договорот пишува дека е динамичка тоа кај Близу незначи дека се менува со рестрт на рутер/модем.
П.С. јас сум во лан зона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom