Па бидејќи бев кај One едно 4-5 години, пред Blizoo да пушти кабел кај мене, ќе ти кажам: бегај, спасувај се од One, дојди си на blizoo.
Не знам каков нет користиш од One, но ја имав мизерни 1Mbps. 2 беше премија.
Кај blizoo, под 14 не ми оди и да го молам:
Стабилен и брз, пингот е минимален. Upload брзината е различна во зависност од регионот. Ако си lan регион, ќе ти биде идентична со download брзината. Ако си Docsis, тогаш ќе ти биде многу помала (од 1 до 5 мислам дека беше), во зависност од пакетот.
Проблеми да ти кажам и сум немал многу. Секако, тој фамозен дефект односно хаварија што ја имаше во цела Македонија тогаш беше само, друг посериозен дефект сум немал. Можеби и да сум имал дефект, но не се сеќавам, бидејќи и да сум го имал, дечките брзо го решаваат.
Е сега еднаш што си чепкав на компјутер, па зафркнав нешто (не се разбирам до толку, што да правам), па мислев дека нема нет, а тоа мак адресите (или како и да се викаат) биле променети. Но како и да е, фината женска на телефон беше трпелива и средив работа.
Иначе, ако одиш само интернет, а не и други услуги, види си ги пакетите и цените тука, но мислам дека нема да ти се исплатат:
http://blizoo.mk/internet.html
Од комбинираните, повели тука:
http://blizoo.mk/bundles.html
Но секако, ако можеш, моја препорака ти е да земеш VIP Conect, бидејќи таму почетниот пакет има поголеми брзини, односно почнува со 30Mbps, за разлика од овдешните кои започнуваат со 10 (единечен) односно 15 (комбиниран).