И да и не.
Да, имаат динамична IP адреса, но IP адресата е динамична за самиот мрежен уред кој ќе ти го дадат на користење - кабелски модем или кабелски модем со рутер. IP адресата на самиот мрежен уред е динамична, што значи дека, ако да речеме ти дадат само кабелски модем на користење, а ти сакаш да го поврзеш кабелскиот модем со безжичен рутер за да можеш безжично да имаш пристап до Интернетот, благодарејќи на динамичната IP адреса на кабелскиот модем, рутерот автоматски ќе ја превземе IP адресата, без да мораш да го конфигурираш дополнително.
Но не, самата Интернет конекција нема динамична IP адреса. Тоа значи дека, ако го рестартираш кабелскиот модем, IP адресата на Интернетот ќе ти остане иста. За менување на IP адресата, ќе мораш да ги контактираш Близо и да побараш од кај нив да ти ја сменат IP адресата на самата Интернет конекција.