A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
На Cabletel мислам дека од секогаш се рачунало download + upload.

На Телекабел се рачуна само download.
На телекабел мислам зависи кој е пакетот, на пакетот 500 + доплаќање само download, а на пакетот 500 + намалување брзина, download + upload. Јас можам да потврдам за пакетот со намалување брзина дека отсекогаш го рачунале и upload-от.
 
Убедливо најстабилен интерент у Македонија е овој, не во поглед дали паѓа или не него во поглед на константност на пингот џитер,стаблиност,вариација и загуба на пакети значи ако сте гејмери играте онлајн и имате проблеми со лаг и слично само Кејблтел!

П.С. Нити работам у Кејблтел нити го имам овој интерент, но тројца мои другари го имаат и нивната стабилност и констатност на пингот е даелку подбра од сите други што ги имам сретнато. Зборам за играње онлајн нели да не се разбереме погрешно.
 
На телекабел мислам зависи кој е пакетот, на пакетот 500 + доплаќање само download, а на пакетот 500 + намалување брзина, download + upload. Јас можам да потврдам за пакетот со намалување брзина дека отсекогаш го рачунале и upload-от.

епа не знам за другите пакети ама јас од секогаш сум користел пакет со доплата (која е максимум 1000 плус 500 = 1500 ден) и ми рачунаат само даунлоад оти кога имаше 15 гб јас трошев вкупно 20-25 гб а плаќав 500 а сега за мајот исто ќе платам 500 ден оти точно 50 гб потрошив (и тоа со штедење оти на почетокот на месецот по 6 гб трошев - многу се исилив и плус немам сеуште 8 Мбит) значи со се аплоад потрошив вкупно 70 гб ама се сметаат само тие за даунлоад - 50 гб


а велите кејблтел рачуна и даунлоад и аплоад????????? имате 80 гб а плаќате 950 само 100 ден поскапо од телекабел (а од телекабел еве јас потрошив вкупно 70 гб некогаш можи и 80 ќе потрошам а плаќам 100 ден помалку

значи слични се понудите

а тоа пингот ако е само за игри мене не ми е битно ако сака и милион нека биди оти онлајн не играм ама има други кој играат
 
Има некој друг проблем со интернетов деновиве или само ја? :) Од саботата ми се ресетира модемот нон-стоп, секој ден, некад 2-3 саата само, некад цел ден некад пола...
 
Абе, ѕверкиве за LAN ставиле 10 мегабита до 150 гига а?

Аууу, ја нисам знао, ем 50 гига плус (не дека 1 мегабит ми смета после ко брзина), плус место како порано 10 мегабита да е до 10 гига, сега 10 мегабита е до 150 гига. Секоја чест за нив, дооооолго очекував да напраат апрејд и на најјакиве пакети и ете го дочекав...:)
 
Каква ви е сликата на МТВ1? Кај мене многу лошо, се разочарав, не можам на раат да гледам фудбал. Пишете да знам дали е до кабелот (приклучокот) или проблемот е од Кејблтел.
 
Ќе да е до резолуцијата на МТВ, тапа е ептен.
 
Каква ви е сликата на МТВ1? Кај мене многу лошо, се разочарав, не можам на раат да гледам фудбал. Пишете да знам дали е до кабелот (приклучокот) или проблемот е од Кејблтел.

Тиње е нешто, татко ми ми кажа дека пренесува HD демек, па можеби ова стандарднава на кабловскиве страда поради тоа или им прави проблеми HD-то.
 
Па да, сликата е лоша. Ја сакам да си најдам на нетов некаде ако постои ХД стрим, да пробам со 10мбпс како би идело.
Пошо сликава сварно е тиња.
 
Зголемени брзини и трансфер Од јуни, поголеми брзини и трансфер за сите нови и веќе приклучени интернет корисници.
Пакетите Голд, Дајмонд и Платинум сега вклучуваат брзина до 8 и 10 Mbps, со трансфер од 80GB, 150GB, 200GB или неограничен.
За сите корисници на Екстра пакетите, трансферот се зголемува на 40 GB, за Хоум на 80 GB, a за Профи и Лан на 150 GB.
Кејбтел секогаш ги исполнува желбите на своите корисници. Се надеваме дека ќе Ви се допаднат новите пакети.



Бонус трансфер за сите редовни интернет корисници
Кејблтел подготви подарок за сите свои редовни корисници кои во својот пакет имаат вклучено интернет услуга и редовно ги подмируваат своите тековни сметки до 17-ти во месецот. Во зависност од пакетот кој го користите, добивате бонус трансфер, и тоа:

  • Екстра (4Mbps/15GB) добиваат +5GB трансфер
  • Хоум (4Mbps/25GB) добиваат +5GB трансфер
  • Хоум (8Mbps/30GB) добиваат +10 GB трансфер
  • Дабл Плеј Голд (6Mbps/15GB) добиваат +5GB трансфер
  • Дабл Плеј Голд (6Mbps/50GB) добиваат +10GB трансфер
  • Дабл Плеј Голд (8Mbps/50GB) добиваат +10GB трансфер
  • Трипл Плеј Платинум 20 и Трипл Плеј Дајмонд 20 добиваат +5GB
  • Трипл Плеј Платинум 50 и Трипл Плеј Дајмонд 50 добиваат +10GB
  • Трипл Плеј Платинум Плус и Трипл Плеј Дајмонд Плус добиваат +10GB
Кејблтел ги исполнува Вашите желби и во иднина очекувајте уште многу вакви пријатни изненадувања.




Телекабел и Т- mobile да ни се фатат, порано ич не ги сакав Кејблтел ама со новиве пакети и попусти за ич пари, ГИ ОБОЖАВАМ!!!!
Извор
http://www.cabletel.com.mk/offer.php?id=62
http://www.cabletel.com.mk/offer.php?id=64
 
^ И јас исто, не знам што дремев на Оннет/Оne толку, секој месец тука накачуваат или трансфер или брзина :icon_lol: Башка да не урочам, на Оne мораше да ми снема нет барем еднаш во три дена и брзината варираше отсекогаш, тука си е стандард.
 
Абе звучи глупо, ама со право е она: Кабел си е кабел, држи вода :)
 
Тиње е нешто, татко ми ми кажа дека пренесува HD демек, па можеби ова стандарднава на кабловскиве страда поради тоа или им прави проблеми HD-то.

Кажи му на татко ти да не те лаже :), во ЕУ едвај има телевизии со HD квалитет а не па кај нас кај што вработените во МТВ и заборавија кога последен пат плата зеле а не да инвестираат во нова опрема?
 
Кажи му на татко ти да не те лаже :), во ЕУ едвај има телевизии со HD квалитет а не па кај нас кај што вработените во МТВ и заборавија кога последен пат плата зеле а не да инвестираат во нова опрема?

Имаат HD пренос, на MaxTV. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom