И јас исто не им придавам некое големо значење на овие што вреѓаат по техничката подршка, кога од лично искуство знам дека сите мои разговори со нив досега биле како што доликува. Т.е. им се јавувам, најкултурно им кажувам да проверат зошто немам интернет, проверуваат, ако е до нив ќе ми кажат "имаме дефект во тој реон, до крајот на денот ќе се оправи", ако е до мене ќе ми кажат "од наша страна покажува дека имате интернет, пробајте рестартирајте го рутерот". И стварно е до тоа. Ми се има десено 2-3 пати ова со рутерот, стварно беше до него. Требаше да се рестартира и имав интернет после тоа.
Исто така кога ми требаше да мењам MAC адреса само им ја кажав новата, ја внесоа во систем без никакви проблеми и за неколку минути бев на новата МАС адреса.
Затоа, пред да ги вреѓате операторите на форум - проверете да не е стварно до вас.