ај тие што имаат телефонија преку кејблтел во скопје нека напишат дали е стабилна и квалитетна услугата
За мене Cabletel e големо разочарување. Ги користам сите услуги во моментов , и моето мислење е дека премногу плаќам за она што го добивам:
- Аналогна телевизија - освен Discovery пакетот, другото е тапа, пополнети канали колку да се бројат. Сега ги скинаа и преводите, лично не ми прави разлика, ама ако можеа досега да имаат српски или бугарски превод, за 450 денари месечно, редно е да обезбедат и македонски превод. Најголем дел од каналите се FTA, така да реално би можеле и да ја намалат претплатата.
- Дигитална телевизија - катастрофа. Веќе година дена иде реклама дека наскоро 120 канали, ама тоа наскоро многу долго било...А каналите очајни, од 70 канали, се кој од кој, единствено ја користам за децата да гледаат цртани филмови. Пола од каналите се од аналогната телевизија, а другото пак FTA, да се брои. Е да, има и неколку филмски канали, со превод - арапски, не знаев дека тој ни бил официјален јазик, само арапски титл можеш деновиве да видиш на дигитална.
- Интернет - падни стани, вчера пак се успори тотално, па го снема, па ресетирав модем па по некое време пак тргна. декларирано 6 Mbit, реално ретко го гледам, вчера мерев околу 3 Мbit....
- Телефонија - најголема грешка што ја направив. Оди преку интернет, звукот е катастрофа, се јавува фонија, дури и јас кога се јавувам на тој број, понекогаш мислам дек сум го утнал бројот, не ги препознавам гласовите веднаш.
Нормално, паѓа интернет, нема телефон, проблем со кабелската, нема телефон, сум немал телефон и по неколку дена.
Сакав да ја баталам после 9 месеци маки, ама ми велат, оп пенал 4500 денари дека договорот не е истечен. Не ја користам веќе 3 месеци, сега ми истекува рокот, и гарант раскинувам договор..
Мислев дека Т-хоум крадат, ама сметките за телефон кај Каблетел се исти, и поголеми ( нема евтина тарифа, цело време 0,9 +ддв)
Дефинитивно деновиве ќе го раскинам договорот, ќе баталам сигурно и телефон и дигитална, а многу веројатно и кабелска и интернет.
Не знам како се другите оператори, ама поарно и да си ставам собна антена , бар да не фрлам пари во ветер....